Герапетритис: Над 2.000 грчки граѓани безбедно вратени од воената зона - Канал 5

Герапетритис: Над 2.000 грчки граѓани безбедно вратени од воената зона

Грчката држава ја исполни својата должност. Со грижа на Министерството за надворешни работи, повеќе од 2.000 грчки граѓани безбедно се вратија од воената зона. 

Герапетритис: Над 2.000 грчки граѓани безбедно вратени од воената зона

Од зоната што опфаќаше над седум земји, во многу тешки околности, можеби најтешките по Втората светска војна, истакна шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис, во врска со репатријациите од Блискиот Исток, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерот за надворешни работи посочи дека операцијата за безбедно враќање на грчките државјани беше реализирана „со сите можни средства“, односно по копнен пат преку Тел Авив, Ерусалим и Витлеем кон Египет, како и од Кувајт, Бахреин и Катар кон Саудиска Арабија, но и со изнајмени авиони од различни дестинации – од Оман, Обединетите Арапски Емирати, Катар и Саудиска Арабија.

- Станува збор за операција со исклучително голема тешкотија. Особено тешка беше нашата последна операција, која вклучуваше и специјални услови за репатријација, за во летот да може да бидат вклучени и домашните миленици. Така, заедно со над 100 патници имавме и 45 миленици, кои исто така беа репатрирани. Важно е што Грција е предводник во ова – единствен лет што вклучуваше вакви посебни услови. Важно е затоа што треба да разбереме дека луѓето не се единствените сопственици на оваа планета, нагласи Герапетритис.

Паралелно упати благодарност до сите служби на Министерството за надворешни работи, до военото воздухопловство кое помогна со два авиона Ц-130, како и од дипломатските мисии – амбасадите и конзулатите во регионот, кои, како што рече, работеле неуморно во воени услови и порача дека сака грчките граѓани, каде и да се наоѓаат во светот и без разлика на околностите да се чувствуваат сигурно, знаејќи дека нивната татковина секогаш ќе стои покрај нив.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Разликата е видлива а резултатите очигледни, Македонија забрзува

Владата на ВМРО-ДПМНЕ испорачува резултати, проекти, инвестиции и развој.

ВМРО-ДПМНЕ: Разликата е видлива а резултатите очигледни, Македонија забрзува

Додека СДС и ДУИ оставаа кризи, долгови и блокади, ВМРО-ДПМНЕ донесе стабилност, развој и конкретни резултати кои денес ги чувствуваат граѓаните.

За две години ВМРО-ДПМНЕ покажа што значи одговорно и посветено владеење базирано на резултати.

Со историски рекордни 1,255 милијарди евра инвестиции и најсилниот инвестициски циклус во поновата историја, Македонија повторно се гради и се развива.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во моментот работи на реализација на шест нови автопатски делници кои треба да бидат завршени до крајот на 2027 година, а во следната деценија се предвидени 10 милијарди евра капитални инвестиции во патната и железничката инфраструктура.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ инвестира во младите, затоа што тие се иднината на Македонија. Се обновуват студентски домови, се обезбедија ваучери за електронски уреди. Се отвораат можности за нови бизниси и создаваат услови младите својата иднина да ја гледаат и градат дома.

Доделени беа 55,000 ваучери за електронски уреди во вредност од 250 евра, 10 илјади евра за отпочнување на сопствен бизнис со Оперативниот план за 2025 година, а тоа ќе продолжи и оваа година, доделени беа 10 илјади евра за млади земјоделци, се прошири опсегот за субвенционираниот студентски оброк. Ова се показателите дека Владата се грижи за младите да можат да градат иднина дома.

Во изминатиот период се зголемија платите и пензиите, ја зајакнувме економијата и седум квартали по ред бележиме економски раст над 3 проценти. Истовремено градиме нови градинки, училишта, здравствени установи, спортски сали и патишта, додека враќаме наследени долгови во просек од над 2 милијарди евра годишно.

ВМРО-ДПМНЕ докажа дека знае како да работи за државата и граѓаните. Докажа дека националните интереси немаат цена и дека Македонија може да има власт која не капитулира кога се во прашање достоинството, идентитетот и интересите на народот.

Денес Македонија не стои во место. Македонија се движи напред. Македонија забрзува.

Македонија забрзува а тоа е и наша обврска да продолжиме уште посилно, уште поодлучно и уште поодговорно да работиме за повисок животен стандард, силна економија, нови можности и модерна европска Македонија.

Резултатите се видливи. Разликата е очигледна. Македонија забрзува.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Африкански топлотен бран доаѓа во Македонија

Од денеска Македонија ќе биде под влијание на умерен топлотен бран кој доаѓа од Африка.

Африкански топлотен бран доаѓа во Македонија

Стабилно, сончево и топло време со умерена облачност во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од северен и североисточен правец. Во попладневните часови, особено во планинските предели, се очекува развој на локална нестабилност, која може да донесе краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло, со повремена локална облачност во текот на денот. Во попладневните часови има услови за краткотраен дожд проследен со ретки грмежи во делови од котлината. Утринските температури ќе се движат од 8 до 17 степени, додека во Скопје ќе се спуштаат околу 14 степени. Максималните дневни температури ќе достигнуваат од 27 до 34 степени, а во Скопје и околината до 34 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Макрон: Не верувам дека војната меѓу САД и Иран е завршена

Францускиот претседател Емануел Макрон, не верува оти војната меѓу Соединетите Американски Држави и Иран е „целосно завршена“, и покрај договорот што беше потпишан претходниот ден во Версај.

Макрон: Не верувам дека војната меѓу САД и Иран е завршена

Во интервју за телевизијата Франс 2, Макрон рече дека „секогаш е подобро да се има договор отколку војна“, но предупреди дека сè уште постои ризик од ескалација, наведувајќи дека светот влегува во „нова фаза на соработка и дијалог“, што би можело да придонесе за стабилизација на регионот и да овозможи побезбеден проток на танкери за нафта низ Ормутскиот теснец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер