3Првиот регистриран случај од западно-нилска треска годинава во Европа е во Македонија, досега има 8 заболени
Други спортовиГеоргиевски во полуфинале на олимпискиот турнир во текводноМакедонија на чекор до медал на Олимписките игри во Токио. Најдобриот македонски тае-квондист Дејан Георгиевски има фантастичен прв настап на игрите во токио. Нашиот знаменосец Георгиевски со две победи обезбеди пласман во полуфиналето на турнирот во теквондо, и само еден триумф го дели од медал на Олимписките игри. Во втората борба на турнирот во четвртфиналето Георгиевски на убедлив начин го победи Сејду Гбане од Брегот на Слоновата Коска со 9-4.Пресудна за победата беше серијата на Георгиевски во финишот од 5 поени за конечен успех. Околу 9 часот и 45 минути го очекува полуфиналето со противник од Кореја , второрангираниот натпреварувач на турнирот одличниот Ин. Претходно, на стартот на турнирот Георгиевски извојува голема победа против актуелниот светски шампион Алба Кастиљо. Кубанскиот шампион беше победен со 11-8 во израмнета борба . Георгиевски првата рунда ја доби убедливо со 5-1, втората со 5-2. Во последната решавачка влезе со предност од 10-3. Кубанецот се обиде да се врати, го намали резултатот, но георгиевски успеа да го задржи големото водство и на крајот да слави со 11-8.. Дејан Георгиевски кој е еден од двајцата македонски олимпијци кои обезбедија норма, атакува на медал на Игрите во Јапонија во таеквондо во категоријата над 80 килограми.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалЗинедин Зидан официјално преставен како нов селектор на ФранцијаЛегендарниот фудбалер Зинедин Зидан официјално стана новиот селектор на Франција.Она што беше објавено уште во ноември, сега доби официјална потврда. Поранешниот тренер на Реал Мадрид, легендарниот Французин Зинедин Зидан, го наследи Дидие Дешам на клупата на „триколорите“, со што заврши една од најдолгите и најуспешните ери на селекција во модерниот фудбал. Во соопштението се наведува дека Зидан ќе биде селектор на Франција до крајот на Светското првенство во 2030 година. Дешам ја водеше Франција 14 години. Својот најголем успех го постигна со освојувањето на Светското првенство во 2018 година, додека со репрезентацијата ја освои и Лигата на нации во 2021 година. Зидан е без тренерски ангажман уште од 2021 година, кога го напушти „Кралскиот клуб“. Со популарниот Зизу како играч, започнаа годините на доминација на француската репрезентација. Тимот беше светски првак во 1998 година, две години подоцна и европски првак, а „триколорите“ – повторно со Зидан во составот – стигнаа и до финалето во 2006 година, во славниот дуел против Италија. Од 1998 година наваму, Франција четири пати играла во финалето на Светското првенство. Пред него е задачата да ја одржи таа континуираност.Тагови: Зинедин Зидан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Владините мерки носат резултати, туризмот бележи раст од 40 проценти кај странските гостиПретседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос туристичката сезона која е во полн ек и резултатите од истата, изјави:„Владините мерки и владината иницијатива за привлекување на туристи, носи резултати. Имаме голем скок кај доаѓањата на нашите аеродроми. И тоа, впрочем го нотира Светска Банка во „Tourism watch“ во последната едиција од овој извештај, објавено во јуни 2026 година. Во којашто ја рангира Македонија како прва земја во Европа по зголемениот процент на доаѓања на гости и зголемениот процент на странски доаѓања и преноќувања, нешто што за нас е навистина импресивно. Тој процент е 40%, споредено со претходната година. И тоа е за нас големо признание, посебно што тоа учествува во Бруто домашниот производ и јас очекувам веќе тоа да се забележи во Бруто домашниот производ во вториот квартал од оваа година.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаФранцуски воен брод отвори оган во Ламанш; Пукано кон чамецот во кој се наоѓал британскиот пратеникФранцуски воен брод пукаше кон чамец во Ламанш во кој се наоѓал британскиот пратеник Крис Филп.Филп го објави видеото на својот профил на X и наведе дека истрелите биле испукани без никакво предупредување. „Денес на каналот ги следиме нелегалните преминувања на мигранти. Додека пред малку давав интервју за Би-би-си, еден француски воен брод ни се приближи и испука 17 истрели зад нас. Немаше никакво известување или вежба. Изгледаше како истрели за предупредување или обид за заплашување“, напиша Филп на X. Мајкл Кеохејн, локален новинар на Би-Би-Си кој во тој момент бил со Филп, го опишал моментот како „надреален“. On the channel today monitoring illegal migrant crossings … as I was being interviewed by the BBC just now a French warship approached close and fired 17 live rounds behind us. There was no notice or training exercise in place. Felt like warning shots or attempted intimidation pic.twitter.com/tuDv4DOnFO — Chris Philp MP (@CPhilpOfficial) July 28, 2026 Тој изјавил дека „францускиот патролен брод се приближил до бродот на 300 метри и паднал кон нивниот крм (задниот дел од нивниот брод)“. „Фотографиите од францускиот брод покажуваат мал топ насочен кон морето. Беа испукани околу 17 истрели.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook