Георгиевски не успеа да избори пласман на Олимпијадата во Париз

Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски не успеа да обезбеди норма за учество на Олимписки игри во Париз 2024.

Георгиевски загуби во четвртфиналето на квалификациите во Софија, Бугарија.

Во денешната четвртфинална борба Георгиевски беше поразен од Белорусинот Плонес.

Така, Георгиевски нема да има можност да го брани сребрениот медал освоен на Олимпијадата во токио пред три години.

На квалификациите во Софија утре ќе настапи македонската таеквондиста Милијана Релјиќ. Борбите почнуваат од 10 часот.

Дала отказ во хотел по само 27 минути- избегала кога видела што работи колешката (ВИДЕО)

Тиктокерката @tallandfunny1982 тврди дека еднаш ја напуштила работата по 27 минути работа.

Таа наведува дека била ангажирана како собарка во хотелот, но не останала долго откако видела „како нејзината колешка ја чисти собата“.

Американката проговори за краткото работно искуство, но не открива за кој хотел се работи.

Сѐ започнало кога со колешка влегла во една од собите. Наместо метла, таа земала парче селотејп и го користела за собирање влакна и видлива нечистотија од подот.

Потоа посегнала по освежувач на воздух со мирис на лаванда и испрскала сè, за „побрзо да ја заврши работата“, пренесува Lakalle Blu Radio.

Истата собарка потоа се приближила до креветот и наместо да ги смени чаршафите, само ги вшмукала и ги исправила чаршафите.

Искористените шолји за кафе не ги заменила, туку ги измила и ги вратила на масичката.

„Кога го видов тоа, без размислување си ги зедов работите и си заминав засекогаш“, рекла тиктокерката.

@tallandfunny1982 #stitch with @Boppod ♬ original sound - Laugh Track

Клипот за кратко време стана вирален и собра милиони прегледи. Нејзината приказна загрижи многу корисници, особено ентузијасти за патувања.

Епидемија на норовирус на два крузера- заразени над 200 патници и членови на екипажите (ВИДЕО)

Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) истражува две навидум одвоени епидемии на норовирус поврзани со американски бродови за крстарење.

Случаите се поврзани со Sapphire Princess Princess Cruises и Radiance of the Seas на компанијата Royal Caribbean International.

Програмата за санитација на бродови (VSP) на ЦДЦ ги следи „многу заразните“ епидемии по извештаите за патници во неволја, пишува Њујорк пост.

Околу 67 од 1.993 патници на Radiance of the Seas пријавиле дека се разболеле за време на патувањето од Тампа до Лос Анџелес помеѓу 8 и 22 април, а двајца членови на екипажот исто така пријавиле болест.

На бродот Sapphire Princess, околу 94 од 2.532 патници пријавиле слични симптоми за време на патувањето од Лос Анџелес до Јужниот Пацифик, кое започнало на 5 април и треба да заврши на 7 мај.

Околу 20 членови на екипажот на овој брод за крстарење исто така пријавиле симптоми.

Најчестите симптоми пријавени од заразените се гадење и дијареа, а ЦДЦ предупредува на дехидрација и ги советува заразените да консумираат повеќе течности.

„Норовирусот е многу заразен вирус кој предизвикува повраќање и дијареа. Секој може да се зарази и да се разболи од норовирус.

Тоа понекогаш се нарекува „стомачен грип“ Сепак, норовирусната болест не е поврзана со грипот, кој е предизвикан од вирусот на грип“, се вели на веб-страницата на ЦДЦ.

Програмата за санитација на бродови на ЦДЦ бара од бродовите за крстарење да пријават и документираат случаи на болест на нивните бродови за да се олеснат координираните одговори за итни случаи.

Пендаровски: Ако згрешиме на 8ми, следува режим број 2

Ако сега, на осми мај ја згрешиме работата во изборот, понатаму ќе направат режим број два и нема да имаме слобода на избор, години и години нанапред, порача вечерва во Куманово кандидатот за претседател Стево Пендаровски.

Во одговор на прашање на граѓанин, Пендаровски истакна за тоа како ВМРО-ДПМНЕ организираше избори потсетувајќи на изборите од 2008 година кога таа партија убедливо победи, а правеше листи со имиња и презимиња на тогашните носители од опозиција.

„Во десетте години на Груевски ние немавме слободни избори, а народот не беше слободен да ја искаже својата волја. Од 1990 година сите избори кои ги организирала СДСМ како власт, биле фер и слободни, немало фалсификат, со нив, со ВМРО-ДПМНЕ тоа скоро секогаш е правило, освен со еден исклучок, како изборите 2002 година. Тоа се политички измамници, особено кога ќе им дојде крајот на мандатот, а уште немаат докрадено од народот“ порача Пендаровски, соопштуваат од неговиот тим.

притисни ентер