Други спортовиГеоргиев победник на „Алкалоид 2014 Рапид Опен“Бугарскиот велемајстор Кирил Георгиев го освои првото место на силниот шаховски турнир со награден фонд од 120 илјади денари организиран традиционално во претпоследниот месец од годината од страна на клубот Алкалоид.На турнирот учествуваа 145 шахисти и се играше со темпо 15 мин.+5 сек. според правилата за забрзан шах. Георгиев до пехарот, 25 илјади денари и првото место стигна со освоени 8 поени во деветте одиграни кола. Неговиот сонародник, велемајсторот Борис Чаталбашев заврши на втората позиција со половина поен помалку и ја освои наградата од 20 илјади денари. Третото место му припадна на велемајсторот Трајко Недев, водено и најдобриот македонски натпреварувач со 7 поени кому му припаднаа 15 илјади денари. Освен првите тројца парични награди добија и шахистите пласирани до 12.место. Награди беа доделени и за најдобрите во следниве категории: - до 2.199 рејтинг поени Елмаз Дрпљанин, - жени Маја Величковски-Нејковиќ, - до 1.999 Јанчо Ѓорѓевски, - ветерани Илија Стошевски, - У-18 Дејан Пејчиновски, - У-16 Никола Николовски, - У-14 Тони Лазов, - У-12 Наталија Грабачева, - У-10 Андреј Велјаноски, - У-8 Иван Цапески. Победничкиот пехар и наградата за првото место на турнирот за новинари му припаднаа на Зоран Стерјовски од Македонска информативна агенција. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
Здравје Како да избегнете опуштена кожа по слабеење? Обрнете внимание на пет работиМногумина се одлучуваат да ослабат за да се чувствуваат подобро во сопственото тело, но тој процес понекогаш носи и несакан ефект: опуштена кожа. Многумина се одлучуваат да ослабат за да се чувствуваат подобро во сопственото тело, но тој процес понекогаш носи и несакан ефект: опуштена кожа. Ова често се случува по нагло губење на тежината и може негативно да влијае на самодовербата. Еластичноста на кожата може донекаде да се зачува преку постепено слабеење, исхрана богата со клучни хранливи материи и избегнување на пушење и прекумерно изложување на сонце, пренесува Health.com. Стратегии за одржување на еластичноста на кожата Постепеното слабеење ѝ дава повеќе време на кожата да се прилагоди на намалувањето на масното ткиво. Важен е и тренингот за сила; градењето мускули може да го подобри изгледот на деловите каде што кожата станала опуштена. Важна улога игра и урамнотежената исхрана која треба да вклучува доволно висококвалитени протеини протеини (од посно месо, риба и мешунки) и есенцијални масни киселини (од јаткасти плодови и семиња), но и хранливи материи што го поттикнуваат производството на колаген, како што е витаминот Ц, кој се наоѓа во цитрусните овошја, бобинките и пиперките. На крајниот резултат влијаат возраста, генетиката, пушењето, изложувањето на сонце и времетраењето во кое кожата била растегната. Нега на кожата по слабеење По значително губење на тежината, кожата природно се затегнува додека се прилагодува на новиот облик на телото – процес што може да трае и до една година. Соодветната нега може да го поддржи ова закрепнување. Употребата на хидратантни средства ја зајакнува заштитната бариера на кожата. Некои луѓе се одлучуваат и за додатоци во исхраната што содржат колаген или колагенски пептиди. Разликата помеѓу опуштена кожа и масно ткиво Понекогаш може да биде тешко да се направи разлика помеѓу вишокот кожа и преостанатите поткожни масти. Опуштената кожа претставува тенок слој што лежи врз мускулот, додека поткожните масти се подлабок и погуст слој на масно ткиво. Еден едноставен тест може да помогне во нивното разликување: ако ја фатите кожата со прстите и почувствувате дебел, сунѓерест слој, веројатно се работи за масно ткиво, а не само за вишок кожа. Опции за затегнување на кожата Ако и по подолг период не сте задоволни од изгледот на вашата кожа, на располагање се професионални процедури кои можат да помогнат. Во одредени случаи – на пример, кога вишокот кожа предизвикува болка или го ограничува движењето – овие процедури можат да имаат и функционална намена. Бидејќи повеќето од нив се естетски третмани, обично не се покриени со здравствено осигурување. Како и сите медицински процедури, тие носат одредени ризици за кои треба да се разговара со лекар. Што ја одредува еластичноста на кожата? Структурата и цврстината на кожата се обезбедени преку мрежа од колагенски и еластински влакна. При зголемување на телесната тежина, овие влакна се истегнуваат за да покријат поголема површина на телото. Ако кожата остане истегната подолг период, влакната може да се оштетат, што го отежнува враќањето на кожата во првобитната состојба по губењето на тежината. Со текот на годините, оваа мрежа природно се разградува, поради што кожата ја губи својата еластичност. Пушењето и прекумерното изложување на сонце дополнително ги оштетуваат колагенот и еластинот. Дебелината сама по себе исто така има негативно здравствено влијание.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан МицкоскиБлагодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината. Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
ЗабаваФото: Голферка во секси бикини Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор. Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува. Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter