Генерал на ЕУ: Воени инструктори треба да се преместат во Украина по војната како безбедносна гаранција - Канал 5

Генерал на ЕУ: Воени инструктори треба да се преместат во Украина по војната како безбедносна гаранција

 Европската Унија треба да испрати воени инструктори во Украина по завршувањето на војната таму, со цел да ги зајакне украинските сили како дел од западните безбедносни гаранции, изјави за „Ројтерс“ главниот воен советник на ЕУ.

Генерал на ЕУ: Воени инструктори треба да се преместат во Украина по војната како безбедносна гаранција

Генерал Шон Кленси, претседател на Воениот комитет на ЕУ, рече дека САД ќе останат важни за европската безбедност, дури и додека ЕУ се подготвува да биде способна да се брани до 2030 година. Ирскиот генерал додаде дека НАТО ќе продолжи да обезбедува „цврста сила“ за заштита на Европа, но трансатлантските односи ќе бидат ребалансирани, при што Европејците ќе станат посамостојни.

Напорите на ЕУ во областа на одбраната се поттикнати од руската инвазија во Украина во 2022 година и барањата на американскиот претседател Доналд Трамп Европејците да преземат поголема одговорност за сопствената безбедност.

Бидејќи војната во Украина не покажува знаци на завршување, западните претставници развиваат повоени планови за поддршка на силите на Киев и за одвраќање на Русија од повторен напад.

Генерал Кленси смета дека би било „оптимално“ дел од Воената мисија на ЕУ за поддршка на Украина (EUMAM Ukraine) да биде преместен во земјата по војната. Мисијата веќе има обучено над 80.000 војници надвор од Украина.

Генералот истакна дека моќните украински сили би служеле како гаранција за безбедноста на Украина, но и на Европа. Тој нагласи дека Европа може да обезбеди високо ниво на обука и дека преместувањето на дел од обуката во Украина е најдобрата опција.

Високата дипломатка на ЕУ, Каја Калас, во септември изјави дека постои широка поддршка од земјите членки на ЕУ за ваков чекор, но се уште не е донесена конечна одлука. Дипломатите наведуваат дека ова најверојатно ќе зависи од условите на евентуалното примирје или мировниот договор и ќе има потреба од поддршка од сите 27 земји членки на ЕУ.

Кленси ја изрази позицијата на воените началници на земјите членки во дискусиите за одбранбената и безбедносната политика, што вклучува и совети за „Патната карта за одбранбена готовност“, која има за цел Европа до 2030 година да биде подготвена да „убедливо ги одврати своите противници“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Жителите на гостиварско Дебреше половина година без вода – најавуваат блокади на патишта

Речиси половина година полна со ветувања, но и натаму со празни чешми, жителите на гостиварското село Дебреше продолжуваат летните горештини да ги минуваат без капка вода во домовите. 

Жителите на гостиварско Дебреше половина година без вода – најавуваат блокади на патишта

Конечно решеавање на овој децениски проблем им беше ветено најдоцна до 15ти јули, но велат состојбата не е мрдната од “мртва точка“ - и натаму надлежните само декларативно се залагаат, а во последниот период ги избегнуваат и нивните повици. Револтот велат кај жителите секојдневно расте, велат тие, па по неколкуте протести, од кои еден помина потензично, најавуваат блокада на главниот пат Гостивар – Охрид.

-На новиот директор му се јавив, ми кажуваше „треба ова, треба она, запознаен сум“ – Му реков, во ред, убаво што сте запознаени, но дали имате нешто преземено. Тој вели треба рестрикција, јас му реков дај преземете, ништо од тоа. Повторно го барам прво ѕвонење – ѕвони и телефонот исклучува. Ако ништо не се преземе, ќе мора цело село да се организираме и да се блокираат патишта за да добиеме вода, ова веќе 5 месеци, капка, значи воопшто, капка не е падната од чешмите. Планираме да блокираме после патарина Гостивар и Здуњнска крстосница, тој пат да биде онеспособен тотално, целосно. Тоа е главниот пат кон Охрид. Да, да. - Гаврил Исајлоски – Жител на С. Дебреше.

Во Гостивар за време на епидемијата се носеа полни цистерни со вода, а во Дебреше не е однесена ниту капка, половина година, вели Исајлоски, кој секојдневно со возилото оди во соседните села да наполни вода за семејството. Се жали, едноставно веќе е и физички исцрпен.

-Секој ден одиме, колата ја искршив, по 200л вода ставам во кола, тоа е секој ден, треба да се полнат тие туби, да ги растовариш, да ги натовариш во автомобил, кога ќе дојдеш до село да ги истовариш. Тоа е секој ден значи и раце и коли и нозе, ова е невидено, пет месеци, пет, можеби и повеќе, капка вода од цевките нема потечено, многу се изреволтирани сите. Во Македонија има и села и населби, ние сме Македонија целосно, не се само градовите. - Гаврил Исајлоски – Жител на С. Дебреше.

Дека во првите две недели од јули проблемот ќе биде трајно решен, градоначалникот на Гостивар Лимани тогаш уверуваше и во изјава за Канал 5.

На минатиот протест, жителите на Дебреше пред општината симболично донесоа кофи да им бидат наополнети, а дојде и до турканица при што беше искршено стакло од зградата на општината.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Досега потврдени вкупно 44 случаи со западнонилска треска, од кои 43 се хоспитализирани

Додека помладите со западно нилска треска се испишуваат од болница, нови седумина сомнителни за западно нилска треска се хоспитализирани на Инфективна, а тројца се најкритични и се борат за живот.

Досега потврдени вкупно 44 случаи со западнонилска треска, од кои 43 се хоспитализирани

Додека помладите со западно нилска треска се испишуваат од болница, нови седумина сомнителни за западно нилска треска се хоспитализирани на Инфективна, а тројца се најкритични и се борат за живот, потврдуваат здравствените власти. Најмладите 24 годишно момче и 25 годишна девојка веќе се пуштени дома, вели Министерот за здравство Сашо Клековски, но поради тоа што бил засегнат мозокот за дел од испишаните пациенти пак ќе треба мецинска помош односно рехабилитација. За тоа дали најлошото помина или допрва доаѓа, Клековски вели дека има добри знаци на стагнација на епидемиолошката крива, што може да значи дека мерките како што е прскањето од земја даваат резултати.ишно момче и 25 годишна девојка се пуштени дома. Сепак, тоа поради што бил засегнат енергијата за нив и за делот од спе

Во меѓувреме, Општина Кисела вода донесе одлука да исклучи три фонтани, од кои две во населбата и село Драчево, а и неколку јавни чешми, бидејќи поради високите температури и задржувањето на стоечка вода, овие места се оценети како потенцијални жаришта за размножување на комарците.

Од Општина Аеродром велат дека во координација со здравствените власти ја следат состојбата, но засега не се планира исклучување на фонтани или јавни чешми за вода. Од Ѓорче пак, велат дека освен на една локација каде што има проблем со дефект на хирант на кој се работи немаат застоени води. Во главно, речиси сите општини што ги контактиравме кажаа дека ако е неопходно, иако е непопуларна мерка, ќе се спроведе.

Здравствените власти за наредните денови најавија дека објават интерактивна мапа, за сите во реално време да знаат каде и какви мерки се преземаат.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МП: Адвокатската комора е еден од најзначајните партнери на Министерството за правда при спроведување на реформите

Министерот за правда, Јетон Шасивари оствари работна средба со претседателот на Адвокатската комора на Македонија, Лазо Ѓорѓиевски на која беа разменети мислења за актуелните состојби.

МП: Адвокатската комора е еден од најзначајните партнери на Министерството за правда при спроведување на реформите

Министерот за правда, Јетон Шасивари оствари работна средба со претседателот на Адвокатската комора на Македонија, Лазо Ѓорѓиевски на која беа разменети мислења за актуелните состојби и реформските процеси кои се од значење за унапредување на правосудниот систем.

За успешна реформа на правосудниот систем потребен е отворен и суштински дијалог со сите професии и институции при креирањето законски решенија кои треба да обезбедат поголема правна сигурност и ефикасна заштита на правата на граѓаните.

Соработката меѓу Министерството за правда и Адвокатската комора ќе продолжи и во иднина со цел создавање модерен, ефикасен и професионален правосуден систем, во согласност со европските стандарди, соопштуваат од Министерството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер