Генерал Ѓурчиновски на заседание на Воениот комитет на НАТО

Генералот Ѓурчиновски, како што информира Генералштабот, по вторпат учествува на сите сесии од заседанијата на Воениот комитет на НАТО.

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски, денеска и утре во седиштето на НАТО во Брисел, учествува на 182-то заседанието на Воениот комитет на Северноатлантската алијанса, кое се одржува во формат на началници на генералштабови.

Генералот Ѓурчиновски, како што информира Генералштабот, по вторпат учествува на сите сесии од заседанијата на Воениот комитет на НАТО, како началник на Армија на земја која наскоро ќе биде полноправна членка на Алијансата, што беше истакнато и во воведниот говор на претседавачот на Комитетот, воздухопловниот маршал, Стјуарт Пич, кој му посака добредојде на началникот на ГШ и на Република Македонија.

Во своето обраќање пред учесниците на заседанието, според соопштението на ГШ, генералот Ѓурчиновски покрај искажаната благодарност за целосната поддршка од страна на највисоко воено советодавно тело на НАТО ја истакнал и посветеноста на нашата Армија во извршување на сите активности во подготовките за полноправно членство во Алијансата.

На почетокот од заседанието од страна на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг е претставен политичкиот контекст на дејствување на Алијансата како основа за понатамошните дискусии.

– За време на останатите сесии на дводневното заседание на ВК началниците ќе дискутираат за тековните оперативни обврски на НАТО и понатамошни активности. Исто така на посебни сесии, ќе се разговара за ангажирањето на НАТО во мисијата Одлучна Поддршка во Авганистан, мисијата на НАТО во Ирак и Мисијата КФОР, се вели во соопштението на Генералштабот на Армијата.

Воедно за време на денешното заседание, генералот Ѓурчиновски оствари повеќе средби и размени мислења со началници од армиите членки на НАТО и партнерските нации, на кои се разговараше за повеќе теми од безбедносен аспект кои се од взаемен интерес и меѓусебна соработка, меѓу кои и прашања поврзани со актуелната ситуација на Блискиот Исток.

Од друга страна на сесијата поврзана со учеството во мисијата „Одлучна поддршка" во Авганистан, во која педесетина наши припадници извршуваат различни задачи во неколку команди, беа презентирани најновите стратегиски и оперативни информации поврзани со безбедносната ситуација во Авганистан.

Поддршката за полноправно членство како 30-та земја членка на Алијансата, како и нашата целосна посветеност кон остварување на оваа стратегиска цел беа истакнати за време на првата посета на Република Македонија на воздухопловниот маршал Пич, која се реализираше минатата недела. /МИА

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер