ГАЗДИНСКИ ПРИЛЕПСКИ ЗЕЛНИК СО СПАНАЌ - Канал 5

ГАЗДИНСКИ ПРИЛЕПСКИ ЗЕЛНИК СО СПАНАЌ

Рецепт на: Драгица Петреска  Гледајте „Избор на најдобри рецепти“, секој ден од понеделник до четврток во 10.00 часот.

ГАЗДИНСКИ ПРИЛЕПСКИ ЗЕЛНИК СО СПАНАЌ

Потребни состојки: 1 кг брашно, 500 гр. спанаќ, 300 гр. сирење, 5 јајца, 1 филџан масло, ½ коцка квасец, 1 маргарин, малку палента, 2 лажички сол и 1 лажиче шеќер.

Постапка:

Во подлабок сад се става: брашно, 2 лажички сол, 1 лажиче шеќер, ½ коцка квасец и 1 јајце.

Се додава млака вода и масло и се замесува тесто.

Тестото требa добро да се измеси со рацe.

Откако ќе се измеси тестото се дели на 2 дела и се остава да отстои малку.

За тоа време се подготвува зарзаватот.

Сечканиот спанаќ се посолува, се поросува со палента и се гмечи со раце.

Се матат 4 јајца и во нив се додава дробено сирење.

Добиената смеса се додава во спанаќот, се додава малку масло и се меша.

Од едниот дел се сука поголема кора и се премачкува со ½ маргарин.

Се сече во форма на полжав, се витка како клопче и се остава да отстои.

Истата постапка се повторува со вториот дел од тестото.

Првото тесто се расукува во кора со големина колку тепсијата.

Откако ќе се оформи кората се става во претходно премачканата тепсија со маргарин.

Одозгора се распоредува претходно подготвениот зарзават со спанаќ, сирење и јајца.

Од второто тесто се суче поголема кора и се реди врз зарзаватот.

Се прават витки по краевите и се попарува со 100 мл. врело масло.

Се пече во загреана рерна 10 минути на 250 степени.

Потоа се намалува на 170 степени и се пече уште 20-тина минути.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ерупцијата на Етна ги приземји летовите на аеродромот во Катанија

Високата вулканска активност на Етна предизвика нарушувања на авиосообраќајот во Сицилија, додека најактивниот вулкан во Европа продолжува да исфрла големи количества лава и пепел.

Ерупцијата на Етна ги приземји летовите на аеродромот во Катанија

Според Националниот институт за вулканологија, густи текови лава истекуваат од два отвора на надморска височина од над две илјади метри.Поради потенцијалната опасност за воздушниот сообраќај, сите слетувања на аеродромот во источна Сицилија во Катанија се прекинати до 17 часот, соопшти операторот.

Погодени се и летовите од Сицилија, поради што туристите морале да го користат аеродромот во Палермо, главниот град на островот или да патуваат со воз.

Во моментов е во сила највисокото, црвено ниво на тревога. Тоа значи дека ерупција проследена со значителен облак од вулкански пепел е неизбежна или веќе е во тек.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џеф Безос со партнери купуваат една третина од Ливерпул

Конзорциум, во кој е вклучен и основачот на „Амазон“, мулти-милијардерот Џеф Безос, е блиску до договор за купување на околу една третина од сопственичкиот удел во славниот фудбалски клуб „Ливерпул“. 

Џеф Безос со партнери купуваат една третина од Ливерпул

Мнозинскиот сопственик на клубот, „Фенвеј спортс груп“ (FSG), кој управува со „Ливерпул“ од 2010 година, се подготвува да објави трансакција што би можела да се реализира уште оваа недела.

Детали за инвестицијата Доколку дојде до склучување на договорот, Безос ќе му се придружи на Едуардо Саверин, еден од коосновачите на „Фејсбук“, во инвестициската група.

Групата ја предводи Амит Батија, зет на индустријалецот Лакшми Митал и до неодамна акционер во клубот „Квинс Парк Ренџерс“.

Според еден извор, објавувањето на веста се очекува во наредните денови, но постои можност тоа да се одложи за следната недела.

Со влезот на овој конзорциум во сопственичката структура, некои од најбогатите луѓе во светот ќе станат косопственици на „Црвените“ од Енфилд.

„Форбс“ го проценува богатството на Безос на повеќе од 280 милијарди долари, а она на Саверин на повеќе од 32 милијарди долари.

Со оваа инвестиција, вредноста на клубот би се проценила на шест милијарди долари, со што договорот би се вброил меѓу најскапите во историјата на спортот.

Иако Безос претходно не се поврзувал со бизнисот во фудбалот, неговото можно вклучување во конзорциум за Ливерпул потврдува дека инвеститорите сè повеќе го гледаат спортот како посебна класа на средства.

Во 2022 година, Саверин (44) беше дел од конзорциум што неуспешно се обиде да го купи Челзи на аукција организирана по руската инвазија врз Украина. Извор запознаен со преговорите укажува дека договорот би можел да биде поголем од првично објавеното и потенцијално да вклучува удел поголем од 30 проценти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: Денеска со длабока почит се сеќаваме на бранителите кои кај месноста Љуботенски бачила, ги положија своите животи за мирот во Македонија

Денеска со длабока почит се сеќаваме на бранителите кои на 10 август 2001 година, кај месноста Љуботенски бачила, ги положија своите животи за мирот во Македонија, објави на својот профил на Фејсбук, Венко Филипче. 

Филипче: Денеска со длабока почит се сеќаваме на бранителите кои кај месноста Љуботенски бачила, ги положија своите животи за мирот во Македонија

Осум животи згаснаа исполнувајќи ја својата должност кон државата. Зад секое име стои човек, семејство, живот и празнина што времето не може да ја избрише.

Споменот на загинатите бранители, за нас треба да биде потсетник дека поделбите, омразата и конфликтите никогаш не носат подобра иднина и напредок.

Општеството се движи напред кога заеднички ја градиме иднината на државата без омраза и поделби.

Наша должност е да се сеќаваме на бранителите кои ги загубија животите со почит, но и да направиме сè за идните генерации да живеат во мирна, безбедна и просперитетна Македонија.

Вечна им слава!- стои во објавата на првиот човек на СДСМ, Венко Филипче.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер