ЛДП: „Скопје 2014“ на 35-годишнината од независноста - Наместо да ги објават како за Стевановска, сега ги кријат неверојатните хонорари, ЈО разбудете се!
2ЛДП: „Скопје 2014“ на 35-годишнината од независноста - Наместо да ги објават како за Стевановска, сега ги кријат неверојатните хонорари, ЈО разбудете се!
ФудбалГаздата на Тотенхем направи драма пред заминувањето на Кејн во Минхен Фабрицио Романо го потврди трансферот на Хари Кејн (30) од Тотенхем во Баерн за 120 милиони евра.Романо објави дека вчера вечер бил постигнат договор меѓу првиот човек на Тотенхем, Даниел Леви и челниците на Баерн, но во утрово имало драма. Имено, капитенот на Тотенхем отишол на аеродромот да одлета за Минхен, каде што треба да направи лекарски преглед пред да потпише за германскиот шампион. Сепак, Леви и Тотенхем ја ставија кочницата на летачката дозвола на Кејн, пишува новинарот на Скај, Флоријан Плетенберг. Кејн последните неколку часа бил во својот автомобил и чекал дозвола да полета за Германија. Покрај тоа, Тотенхем сега бара да се променат некои мали услови од нивниот договор со Баерн, а Даниел Леви моментално е во САД, што значи дека е во друга временска зона. Еве зошто комуникацијата помеѓу Баерн и Тотенхем моментално е заглавена, пишува Романо.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеПедијатрите дневно дијагностицират од три до 4 деца со коксаки вирусОд три до четири пациенти дневно со вирусот коксаки се потврдуваат од страна на матичната докторка Мира Атанасова. Таа објаснува дека вирусот што се манифестира со исип на рацете, стапалата во устата и грлото се чест симпот за коксаки и тоа најчесто кај деца од предучилишна возраст. Доктор Атанасова објаснува дека најчесто лекувањето трае и до седум дена и треба детето да не оди во градинка, доколку има проблеми со грлото и висока температура со денови треба да се побара и болничко лекување. Коксаки вирусот може да го добијат и возрасните кои најчесто се пренесува од нивните деца. Најважно е изолација и терапија со витамини и течности. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеИма ли лек за „болните“ апарати и чињањето на резултати за онколошките пациенти?Министрите се менуваат, ама проблемите на болните од канцер остануваат. Нема термини за снимање, откажуваат апарати, а кога работат и пациентите конечно ќе отидат да го завршат неопходниот чекор од кој зависи понатамошниот тек на лекувањето, пак чекаат со недели или месеци, овој пат за резултати. Нема радиолог за да ги прочита резултатите, це-де со снимката не може да добиете бидејќи не ни работи режачот на комјутерот. Вакви одговори тврдат дека добиваат дел од пациенти кои имаат метастази, а се обратија до Канал 5, но од страв за понатамошниот третман сакаа да останат анонимни. Во последно време се повеќе и повеќе се чека за резултати, еве јас чекам еден месец, има пациенти што чекаат и по повеќе месеци. Проблемот највеќе е кај пациентите со метастази и кај кои мора да се контролира состојбата на време, за да се реагира на време, соодветно со терапија. Овој проблем е многу голем бидејќи ситуацијата може да биде многу влошена, а ние продолжуваме со терапијата од претходно бидејќи онкологот нема право да ја промени се додека не стигнат иследувањата од комјутерот или пет-скенот, или од било кое снимање, -пациент. И по чекањето на резултатот голготата не завршува, вели друг пациент од Охрид. Некогаш не даваат ни це-де, а друг пат, кога ќе побараш второ мислење, дознаваш дека резултатот не е точен, бидејќи има испуштено метастази. -Во Скопје не можеме да се изначекаме. Право да ви кажам првичните резултати што ни ги дадоа воопшто не беа погледнати убаво снимките. Кога ги однесов на второ мислење излезе дека се гледаат уште жлезди, а извештајот од нивна страна беше дека се е во ред. Лично не сум задоволна како ги читаат снимките. За мене е подобро да ми кажат дека има нешто него дека нема, бидејќи јас ќе останам без терапија, за мене тоа што значи, дека за една година може и ќе ме нема. Вториот случај барав це-де да ми дадат за да го однесам на второ мислење, ми кажаа, едноставно не работел печатачот, баш од тој комјутер јас каде што се снимав. -пациент. Откако дел од пациентите деновиве го кренаа гласот и пред медиумите ги кажаат проблемите, особено за дијагностиката бидејќи за пет-скен чекале и по 5 до 6 месеци, снимање кое на приватно чини околу 1200 евра, од Министерството соопшија дека почнувајќи од овој продолжен викенд, ПЕТ центарот ќе биде отворен и ќе работи и во саботите и неделите со цел пациентите да не чекаат долго време за снимање. Дополнително посочуваат дека од денес е ставен во функција еден од компјутерските томографи на Универзитетскиот институт за радиологија – Скопје, и се организираат снимања во две смени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗошто индивидуи сѐ почесто се ставаат во улога на сообраќајни полицајци?Самопрогласениот „полицаец“ и „бајрактарот“ со албанското знаме кои блокираа и регулираа сообраќај среде Скопје за непречено свадбарите да одат по невестата добија по 250 евра казна од полицијата. Оној во улога на „сообраќаец“ го организираше сообраќајот според своите потреби во Нерези, додека пак друиот го паркираше својот голф на крстосница, ни помалку – ни повеќе, пред законодавниот дом. Поради свадбарските обичаи и самоволие, законите отстапија токму на крстосницата пред местото каде што се носат – Собранието на Република Македонија. Од МВР велат дека веднаш по информацијата и двајцата биле повикани во станица, а и порачаа, вакво и слично самоволие нема да се толерира. -Секое недолично однесување во сообраќајот, кое директно ги става во опасност животот и здравјето на сите учесници во сообраќајот од МВР нема да се толерира и секоја слична појава ќе биде санкционирана согласно законските прописи. Во сообраќајот сите треба да бидеме одговорни и да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи,- - Гоце Андреевски – Портпарол на МВР. Граѓаните се фрапирани од „шерифското“ однесување кое го нарекуваат дрско и срамно. Казните целосно ги оправдуваат, оти самиот чин претставува и опасност. -Такво самоволие не е примерно, не е во ред, замислете секојдневно тоа да биде пракса, на што ќе личи тоа? Тоа не е храброст, тоа е дрскост, и треба да се осуди секако. -Го видов тоа, свадбата, вака вртеа од тука. Тоа е срамота, повеќе од срамота има ли да се каже за тоа? Тоа како безвластие некое, секој да изиграва полицаец, не го бива. Треба да имаме пред се сите домашна култура, да бидеме хумани во сообраќајот, да ги почитуваме знаците, сообраќајните правила за да сите можеме да функционираме како што треба. Сепак, има и такви кои го оправдуваат ваквото однесување, велат се оди по невестата и не може колоната да се растури, па целиот чин го поистоветуваат со пропуштањето на возилата од Итната медицинска помош. Народната традиција секогаш таква била. Одат по невестата или одат по нешто, тоа е традиција кај нас. Не треба да се земе за зло, сега одиме по невестата, нели, една кола таму ќе остане, не можат да се соберат да одат заедно. Го оправдувам, зошто да не или како Брза Помош, нели? Како застануваме кога е Брза Помош? Брзата Помош – спасува живот – Океј. Според законот, свадбарите кои често се забележуваат во колони, немаат првенство на минување, не смеат да блокираат и да вејат знамиња по крстосници и семафори, а не смеат ниту да свират по целиот пат по кој минуваат, бидејќи сирената се користи за безбедност. Треба да се движат со прилагодена брзина и соодветно растојание и да се „помират“ ако семафорот ги раздели.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook