Газдата на „Пулс“ бара да го пренесат во Идризово, во затворот во Куманово го понижувале - Канал 5

Газдата на „Пулс“ бара да го пренесат во Идризово, во затворот во Куманово го понижувале

Со сослушување на четворица сведоци продолжи судењето за пожарот во Кочани, меѓу нив и придружниот вокал на групата ДНК  Ана Костадиновска. 

Газдата на „Пулс“ бара да го пренесат во Идризово, во затворот во Куманово го понижувале

Почна пукање на делови од дискотеката, настана стампедо и заклучивме дека не можеме да излеземе. Кога паднав, почувствував дека врз мене капе жешка течност.

Со потресно сведоштво на членови на бендот ДНК, денеска продолжи рочиштето за пожарот во дискотеката „Пулс“.

Придружната вокалистка Ана Костадиновска опиша како започнал пожарот, кој како што кажа, првично не го сфатиле сериозно. Подоцна сцените наликувале како од хорор филм.

„Кога тргнавме кон излезот, оние луѓе кои не успеавме да излеземе навреме, почна пукање, многу топлина почна да се чувствува, настана стампедо пред излезот, заклучивме дека не можеме да излеземе. Со Сара Пројковска го поминавме шанкот, кон тоалетите и кон вратата, тука се створи метеж, не разделија и повеќе никогаш не се видпвме. Паднав пред самиот излез, настана паника, хаос, страшен мирис кој тераше на спиење. Еден дечко ми помогна, кој беше прилично свесен и не држеше сите будни во таа стапица од луѓе и мислев дека нема да излезам, имаше многу луѓе над мене, беше како сцена од хорор филм. Потоа се почувствува свеж воздух кој ни даде надеж дека ќе се спасиме, се отвори целосно вратата, ја ослободив ногата и ме извлекоа надвор. Мислам дека ме извлече Јован, дечкото од Виница кој спаси повеќе луѓе.“

Гитаристот на бендот, Горан Тонев кажа дека од пожарот има тешки повреди, кои се уште не му се залечени. Сведокот Алберто Миладинов пак рече дека и кобната вечер, но и претходно не им барале лична карта при влезот, но и дека секогаш добивале дојава ако има полициска рација.

„Од билетарата купивме билет, потоа ја дадовме на еден од обезбедувањето, a друг ни стави печат на раката, за да се знае дека сме платиле влезница. Лична карта на вратата не ни побараа од обезбедувањето. Најчесто преку бројот на инстаграм вршевме резервација. Секогаш дознававме пред да дојде полиција и да врши рација, од каде беше информацијата не знам.“

Таткото на загинатата во пожарот, Надица Наунова, Александар Наунов повторно го искажа револтот што дискотеката долг период работела, а била регистрирана како салон за теписи.

Адвокатот Петре Шилегов, на денешното рочиште упати остри критики до судот и обвинителството, посочувајќи на очигледни двојни аршини при одредувањето на мерките за обезбедување на обвинетите.

Адвокатката на сопственикот на „Пулс“, Дејан Јованов, на денешното рочиште побара судот да донесе решение за пренесување на Јованов во затворот во Идризово, бидејќи затворскиот персонал од затворот во Куманово, како што рече, се однесува „деградичарки нечовечки и понижувачки кон обвинетиот“.

Следното судско рочиште е закажано за 5-ти март.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Објавен е повикот за „24 часа стрип цртање 2026 “

На 28 и 29 ноември 2026 година ќе се одржи меѓународниот маратон во 24-часовно цртање стрип. 

Објавен е повикот  за „24  часа стрип цртање 2026 “

Станува збор за традиционален предизвик во кој автори, аматери и професионалци имаат задача да создадат оригинален стрип во рок од 24 последователни часа на зададена тема. Настанот паралелно се организира во повеќе градови низ Македонија, Хрватска, Словенија, Србија и Црна Гора, со цел поврзување и промоција на регионалната стрип-сцена.

Техниката и должината на стрипот се по сопствен избор на авторите. Иако традиционалниот концепт предвидува 24 страници, постигнувањето на оваа бројка не е задолжително – примарната цел на акцијата е масовното учество, стручната размена и поддршката на креативниот процес.

Освен две локации за цртање во живо во Скопје , овозможено е и отворено онлајн учество, со кое заинтересираните можат да творат од дома и да ги испратат своите дела електронски.

Томе Трајков, стрип-работник од Велес. Трајков изрази големо задоволство што регионалните партнери позитивно одговориле на неговиот предлог од пред неколку години , овозможувајќи им на домашните автори простор за рамноправна соработка и афирмација.

Инаку клучни информации и пријавување има на наменскиот сајт ttps://www.24satnocrtanjestripa.com/

Време на одржување: Од 28 ноември (сабота) во 12:00 ч. до 29 ноември (недела) во 12:00 ч.

Темата е тајна и ќе биде соопштена на почетокот на настанот (28.11.2026 во 12:00 ч.).

За истакнување е податокот дека Годинешното графичко решение е на уметницата Гаја Смилевска од Скопје

Пријавување е најдоцна до 25 ноември) кога треба е да се испратат основните податоци на учесниците. По завршување на маратонот, готовите страници се препраќаат на истата адреса.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Кина се запали зграда, 14 загинати

Четиринаесет лица загинаа во пожар што избувна во зграда во Тајуан, во северната кинеска провинција Шанси, објави денеска државната новинска агенција „Синхуа“.

Во Кина се запали зграда, 14 загинати

Вкупно 25 лица сè уште се наоѓаат во болница, од кои девет се здобиле со сериозни повреди. Ова денеска го пренесоа медиумите, повикувајќи се на информации од надлежните органи. Детали сè уште не се познати.

Вчера попладне, според локалното време, избувна пожар во зграда во центарот на Таијуан, а на пожарникарите им беа потребни околу два часа за да го изгаснат. Причината за пожарот моментално е предмет на истрага.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Ние не ширеме паника, ние предупредуваме од декември, единствената паника е кај ВМРО-ОКГ и Мицкоски!

ВМРО-ОКГ вели ширеме паника. Ние не ширеме паника. Ние предупредуваме од декември. Единствената паника е кај ВМРО и шефот на бандата Мицкоски.

СДСМ: Ние не ширеме паника, ние предупредуваме од декември, единствената паника е кај ВМРО-ОКГ и Мицкоски!

Уште во декември минатата година објавивме работи поврзани со банката.

Финансирање на медиуми преку неа. Врски Вучиќ-Мицкоски. Луѓе на БИА во владата. Бизнис партнерот, хулиган-навивач на кого му пукале во нозе и му го палеле автомобилот, а кого Мицкоски го постави за почесен конзул да ни ја претставува земјата во Србија.

Кога објавивме за 5те тони дрога што Мицкоски со холивудски апсења сакаше да ги прикрие, додека дрогата заврши кај сестринската партија СНС.

Објавивме и за доаѓањето на Вучиќеви медиуми, спојувањето со Орбановата шема и Латас како началник на пропагандата.

На првите објави за Алта банка токму гувернерот што сега ја префрла вината на Мицкоски, Трајко Славески, се закануваше и советуваше Aлта банка да не тужи.

Денес Мицкоски топката и одговорноста ја префрла токму на Славески.

Во исто време нема реакција на обвинителството.

Во Србија апсењата се секојдневни. Кај нас никој од полицијата и обвинителството не се огласува додека Вучиќевата банка, пералница на пари стекнати со криминал и корупција, е под присилна управа.

Народот не може да дојде до своите пари, додека гувернерот дозволи компаниите непречено да ги користат своите средства и покрај предупредувањата од Србија дека големи суми пари се префрлаат во Македонија и Русија.

Во исто време се поставува прашањето за гувернерот: ако е таква ситуацијата, зошто дозволата не е одземена? Што всушност прави Трајко Славески заедно со Мицкоски?

Ако банката официјално е во стечај, треба веднаш да се исплатат по 30.000 евра по штедач.

Но вака, исплаќајќи 650 евра месечно (со лимит), за некој да ги извади тие 30.000 евра, ќе бидат потребни четири години! Уште една подмолна работа на оваа банда.

На граѓаните мора да им биде јасно дека Мицкоски брза да ја продаде банката со сила, само затоа што не сака да се откријат сметките и трансферите во банката.

Наскоро почнуваат истраги што ќе доведат и до овој дел од балканскиот картел, до овој дел од македонската организирана криминална група што ја предводи Мицкоски.

Знае арамијата и неговата банда дека деновите им се одбројани. Наскоро доаѓа времето на правдата. Бандата ќе одговара.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер