Гавалас од грчкото движење за слободни плажи: Единствено бараме да се спроведе законот - Канал 5

Гавалас од грчкото движење за слободни плажи: Единствено бараме да се спроведе законот

Поголема група граѓани, жители на грчкиот остров Парос, Грци, но и странци, минатиот месец го кренаа својот глас против нелегално „окупираните“ плажи со лежалки и чадори од баровите.

Гавалас од грчкото движење за слободни плажи:  Единствено бараме да се спроведе законот

Поголема група граѓани, жители на грчкиот остров Парос, Грци, но и странци, минатиот месец го кренаа својот глас против нелегално „окупираните“ плажи со лежалки и чадори од баровите, надвор од законски одредениот простор со концесиите, одржаа низа протести на плажите, нешто што веројатно се случува прв пат во земјата, но веќе извојуваа неколку мали, но важни победи, а еден од членовите на Движењето за слободни плажи, за МИА вели дека нивното барање е едноставно: да се спроведе законот.

Движењето на граѓани за слободни плажи од Парос, кое веќе извесен период е главна тема во Грција, започна од популарниот Кикладски остров и веќе се чини дека зазема големи размери, поттикнувајќи граѓани низ цела Грција да организираат идентични активности за да побараат спроведување на законот што се однесува на доделените концесии за бич баровите на плажите.

Дописничката на МИА од Атина поразговара со Дамианос Гавалас, член на Движењето, кој објаснува дека се започнало „на еден автентично аматерски начин“, кога граѓани кои го сакаат Парос и се грижат за островот, поттикнати од истакната личност од културното здружение „Архилохос“ упатил повик преку социјалните мрежи токму прашањето поврзано со плажите.

Веднаш следел и првиот мирен и масовен протест за кој Дамианос објаснува дека она што ги обединило било бес, огорченост, но и дека оваа ситуација не може веќе да продолжи.

- Проблемот е во тоа што многумина „бизнисмени“ дејствуваат неконтролирано. Не постои никаква државна структура за надзор, за контрола, што ќе им изрече санкции. Не само тука, туку на многу места во Грција. Бараме да се спроведе законот. Малку звучи чудно, но така е. Бараме законитост. Бараме од надлежните власти да го следат спроведувањето на законот, бараме да си ја вршат нивната работа, вели членот на Движењето од Парос.

Објаснува дека во конкретниот закон за плажите постојат нејасности во однос на поделбата на одговорностите на надлежните органи и затоа бараат законот да биде изменет и да биде поедноставен.

Во движењето за слободни плажи не се вклучени само Грци, туку и странци кои живеат на Парос, кои го сакаат островот, кои, како што вели Гавалас, се луѓе кои кога се преселиле на Парос ситуацијата била многу поразлична и ги повредува актуелната состојба, дури и повеќе од Грците.

- Овие луѓе имаат инвестирано во островот, не финансиски, туку нивниот живот е тука. Се имаат преселено тука, живеат со години на островот. Некои сонуваа да поминат убав и мирен пензионерски живот овде. Се соочуваат со кое се соочуваме и ние. Не можат да отидат да се искапат во морето. Секако дека се со нас и ни даваат многу сила, вели членот на Движењето од Парос.

Од друга страна пак, се и туристите кои со изненадување гледаат протест на плажа, но и со исто толку голема изненаденост реагираат, Гавалас, кога ќе слушнат дека всушност се сончаат на нелегално поставени лежалки.

- Во нивните очи гледаме уште поголема изненаденост кога им објаснуваме дека тоа што се случува на плажата е целосно нелегално. Отидовме на две плажи на Парос каде што сите чадори и лежалки беа нелегални, сите. Воопшто не постоеше лиценца. Изненадени се како може во земја членка на Европската Унија да се случува ова. Но, ете се случува, коментира Гавалас за МИА.

Но, овој феномен, „бич барови и бизнисмени кои своеволно си се прошириле на плажите вон законски доделените концесии се чини дека не е присутен само на Парос, туку и на многу други места низ цела Грција, особено на популарни туристички дестинации.

Токму затоа и граѓанските движења полека се шират низ Грција, преку социјалните мрежи веќе се организираат исто како и оние на Парос, а Гавалас вели дека се во фаза на поврзување со луѓе од другите острови и други места.

- Индикативно, во изминатите денови разговарав со луѓе од Родос, Сирос, Наксос, од Јанина што не ни има море и од други места. Постојат силни Движења на граѓани на Тинос, Крит, Лефкада, Халкидики, Кавала, барем од она што знам јас. Очигледно дека се шири, бидејќи луѓето се соочуваат со исти проблеми и секако во некои места е уште полошо, вели членот на Движењето на граѓани за слободни плажи од Парос.

Се интензивираат контролите на плажите во цела Грција

По активностите на Движењето на граѓани за слободни плажи на Парос, министерот за национална економија и финансии на Грција Костис Хаѕидакис во средата издаде наредба за интензивирање на инспекциите на плажите, или по службена должност или по претставки од граѓаните, за да се обезбеди почитување на одредбите предвидени со договорите за концесија и за прекршителите да се воведат пропишаните санкции.

Од 21 до 24 јули на островот Парос, по поднесените претставки од граѓаните за две плажи, биле извршени контроли и констатирани значителни прекршоци и веднаш биле издадени протоколи за отстранување на три бизниси од конкретните плажи, што воедно беше и победеа и исполнување на барањата на конкретното Движење.

Хаѕидакис истакна дека нивната цел е да се почитуваат законите и потпишаните договори за плажите доделени од државата, а оние кои не го почитуваат тоа нема да бидат поштедени.

Гавалас вели дека реакцијата на државата е задоцнета, бидејќи оваа ситуација постои многу години и се прашува како досега политичарите не биле запознаени со конкретниот проблем, но паралелно изразува надеж дека контролите ќе продолжат во целата држава.

- Државата реагираше бидејќи постојат реакции и бидејќи е малку тешко да кажат дека не е во право движењето кое бара спроведување на законот. Очекуваме дека државата нема да остане на зборови и ќе покаже решителност, но не само на Парос, туку и во целата држава, истакнува Гавалас за МИА.

Движењето на граѓани од Парос за слободни плажи на социјалните мрежи веќе има над 8.700 поддржувачи, бројка што секојдневно се зголемува со граѓани од сите делови на Грција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Беше прекрасен татко, но падна во депресија по отказот“- мајка за сопругот кој ги уби нивните две деца

Мајката на две деца чиј татко ги убил фрлајќи ги од покривот на гаража, а потоа извршил самоубиство, проговори за околностите околу нивната трагична смрт!

„Беше прекрасен татко, но падна во депресија по отказот“- мајка за сопругот кој ги уби нивните две деца

Шестгодишната Каролин Линч и нејзиниот брат Џејмс Линч, на осум години, беа пронајдени во вторник, 3 ноември, пред општинска зграда во Маунт Либан, Пенсилванија, со повреди за кои се сомнева дека се предизвикани од падот, објави Пипл.

Нивниот татко, Патрик Линч, исто така е пронајден со слични повреди. Сите тројца починаа во инцидент што полицијата го истражува како убиство-самоубиство, соопшти шерифската служба на округот Алегени.

Според PennLive, Патрик ги фрлил децата од петкатна паркинг гаража. По убиствата, мајката на децата објави на Фејсбук дека Патрик бил депресивен откако неодамна ја изгубил работата.

На снимка од екранот од објавата, која ја споделија Daily Voice, WPXI TV и PennLive, Ана ДеМеј Линч напиша дека Патрик „донел неповратна одлука да ги убие нашите две деца и себеси“, додавајќи дека тој бил „прекрасен татко“.

„Тој беше отпуштен во август и набргу потоа, стана депресивен“, додаде таа во објавата.

На профилот на Патрик на LinkedIn е наведен како научник за податоци, кој работел на машинско учење и вештачка интелигенција, а неговата последна работа завршува во август.

Ана во својата објава на Фејсбук напиша дека успеала да го убеди Патрик да оди на терапија и дека тој имал закажан преглед за следниот ден.

„Еден ден предоцна“, напиша таа. „Никогаш не помислив дека нашата приказна ќе заврши вака“.

За Ана е отворена страница GoFundMe додека се бори со загубата на Каролин и Џејмс и се подготвува за нивните погреби.

Заедницата на Маунт Либан, исто така, се собира за да им оддаде почит на децата, за кои канцеларијата на медицинскиот испитувач соопшти дека починале од „повеќе повреди од тап предмет“.

„Таа беше само мало снопче радост. Ги сакаше луѓето“, изјави Вики Хефелфингер, која го познаваше семејството Линч преку нивното учество во училиштето за пливање.

„Секој пат кога ја гледавме, таа им мавташе на сите. Ги гледаше другите деца и беше едноставно толку храбро мало девојче“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Познато е колку заработува Ламар Одом за една недела на OnlyFans (ВИДЕО)

Поранешната НБА ѕвезда Ламар Одом би можела да заработи повеќе од 180.000 евра благодарение на својот нов профил на платформата OnlyFans. 

Познато е колку заработува Ламар Одом за една недела на OnlyFans (ВИДЕО)

Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс заработил повеќе од 45.000 евра за само осум дена, изјавил извор за TMZ.

Месечната претплата за пристап до неговите ексклузивни фотографии и видеа е околу 13,45 евра.

Одом отвори профил на OnlyFans минатиот месец, што го прави првата поранешна НБА ѕвезда што се приклучила на платформата, според медиумските извештаи.

Тој ја објасни својата одлука велејќи дека смета дека времето е вистинско за тоа. Призна дека во текот на својот живот поминал низ многу бурни периоди, но исто така рече дека подготвува уште неколку изненадувања за своите фанови.

„Сите опции се отворени“

Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Клиперс објави дека на неговиот профил ќе има разновидна содржина, вклучувајќи изненадувања што неговите фанови можеби не ги очекуваат.

„Сè уште нема да откривам премногу. Ќе мора да се претплатите за да дознаете. Само знајте дека сум искрен и сите опции се отворени“, рече тој.

Одом рече дека во текот на целиот свој живот често донесувал непредвидливи одлуки и дека сè уште може да ја изненади јавноста. „Отсекогаш сум бил отворена книга, но има поглавја што луѓето сè уште не ги виделе“, изјави тој.

Неговата девојка Рејчел Бредли исто така отвори профил на OnlyFans. Извор близок до двојката откри за TMZ дека постои можност тие да објавуваат содржина заедно во иднина.

Беше во брак со Клое Кардашијан

Одом јавно ја потврди својата врска со Рејчел Бредли во април, кога објави видео на Инстаграм од нив како заедно влегуваат во Crypto.com Arena во Лос Анџелес. Неколку дена претходно, тие споделија и заедничка фотографија со актерот Тери Крус и неговата сопруга Ребека Кинг Крус.

Пред врската со Бредли, Одом беше во долгогодишна врска со Лиза Моралес, со која има две деца, ќерката Дестини (28) и синот ЛЈ (24).

Тој е особено познат на јавноста по бракот со ријалити ѕвездата Клое Кардашијан, со која се ожени во 2009 година. Нивниот брак западна во криза, а во 2013 година решија да се разделат. Разводот официјално беше финализиран во 2016 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фицо тврди: Резултатите од референдумот за пристапување во ЕУ беа фалсификат

Словачкиот премиер Роберт Фицо денес тврдеше дека референдумот за пристапување на земјата во Европската Унија бил наместен и дека немало да има пристапување доколку не било така.

Фицо тврди: Резултатите од референдумот за пристапување во ЕУ беа фалсификат

„Одржавме референдум кој, доколку не беше наместен, немаше да биде успешен. Тоа мора да се каже. Разликата беше толку мала што, според мене, беа направени одредени корекции за да се обезбеди дека исходот е онаков каков што беше потребен за Словачка да го одобри пристапувањето кон оваа организација“, изјави Фицо за телевизијата TA3.

Зборувајќи за атмосферата во Словачка во 2004 година, кога земјата се приклучи кон ЕУ, Фицо оцени дека пристапувањето било проследено со голем ентузијазам од една страна, но дека од друга страна, резултатот од референдумот бил многу тесен.

Референдумот за пристапување кон Европската Унија во Словачка се одржа во мај 2003 година, со излезност од 52 проценти, а мнозинството гласаше позитивно за пристапувањето.

Словачка се приклучи кон Европската Унија во 2024 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер