Гатузо ја избричи брадата по 22 години и заработи 10.000 евра за хуманитарни цели (ВИДЕО)

Летово како тренер во тимот на Хајдук од Сплит дојде Џенаро Гатузо, кој многу брзо успеа да ги купи навивачите на овој клуб, додека сега тоа го продолжи со многу хуман и убав гест - се избричи.

На почетокот ова не изгледа како вест, сепак Џенаро Гатузо се избричи по 22 години, но со многу добра причина.

Имено, тимот на Хајдук од Сплит направил „добротворно“ бричење, каде собрале пари на хуманитарна аукција која го промовира машкото здравје. Гатузо и Звонимир Шарлија инкасирале 10.000 евра, додека годинава во Хрватска се избричени 250 мустаќи и бради, а за борбата против ракот во Сплит, Винковци и Пула се собрани околу 150.000 евра.

Како изгледа Гатузо без брада можете да погледнете во видеото подолу.

ФЕД се повлекуваат од мрежата за зелен финансиски систем

Федералните резерви на САД (ФЕД) објавија дека се повлекуваат од меѓународната мрежа за зелен финансиски систем, чии членови се Европската централна банка (ЕЦБ) и монетарните институции на еврозоната, вклучително и Хрватската народна банка (ХНБ).

Меѓународната мрежа НГФС (NGFS) е основана во декември 2017 година и денес вклучува 143 членови од 90 земји кои го истражуваат влијанието на климатските ризици врз финансискиот систем и ги разгледуваат моделите на управување.

Членови на мрежата ги вклучуваат, меѓу другото, Швајцарската народна банка и Европската централна банка (ЕЦБ) и централните монетарни институции на сите членки на еврозоната, вклучително и Хрватската народна банка, од средината на јуни 2021 година.

Портпаролот на НГФС сè уште не коментирал.

На списокот членки се и централните банки на Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Северна Македонија и Албанија. На иницијативата се приклучија и бројни регулатори за банки и осигурителни компании.

ФЕД на САД во петокот објави дека се повлекува од НГФС затоа што опсегот на неговата работа е проширен и сега ја надминува рамката утврдена со американскиот закон, објаснија тие./МИА

Трамп повторно ја обвини Кина дека управува со Панамскиот канал

Американскиот претседател Доналд Трамп за време на неговото денешно инаугуративно обраќање рече дека „Панама ги прекршила договорите за кои е потребна неутралност во управувањето со каналот“.

Тој рече дека Панамскиот канал е „глупав подарок што никогаш не требаше да и се даде“ на Панама.

- Американските бродови се сериозно преполнети и не се третираат праведно на кој било начин, облик или форма, а тоа ја вклучува и американската морнарица, рече Трамп.

- И пред сè, Кина управува со Панамскиот канал и ние не и го дадовме на Кина. Го дадовме на Панама. И ние го враќаме назад, истакна тој.

Трамп претходно овој месец одби да ја исклучи можноста од воена сила да го заземе каналот. Тој ја даде оваа забелешка за време на прес-конференција на која, исто така, изјави дека „со Панамскиот канал управуваат кинески војници“. /МИА

Гутереш: На првиот ден од прекинот на огнот 630 камиони со хуманитарна помош влегоа во Газа

Повеќе од 630 камиони со хуманитарна помош влегоа во Појасот Газа на првиот ден од почетокот на прекинот на огнот, изјави денеска генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш.

Гутереш на седницата на Советот за безбедност рече дека камиони со помош се испратени на север од енклавата, каде според ОН, постои закана од глад, пренесуваат британските медиуми.

Камионите влегоа во Појасот Газа на првиот ден од договорот за прекин на огнот меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас, кој стапи на сила на 19 јануари./МИА

притисни ентер