Гасперини за поразот од Каљари: Можеби реми ќе беше фер резултат

 Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини смета дека неговиот тим не заслужи пораз на вчерашното гостување кај Каљари во натпреварот од 31. коло на италијанското фудбалско првенство.

Аталанта прва дојде во водство, но до крајот на мечот прими два гола и остана без ниту еден бод.

- Примивме лош гол бидејќи Каљари претходно не ни правеше никакви проблеми. Изедначувањето дополнително ги мотивира. Претчувствував дека Каљари може да го сврти натпреварот. Ние имавме неколку шанси за втор гол, но ни недостигаше квалитет. Можеби реми ќе беше фер резултат. Мораме да го користиме Каљари како пример затоа што ако сакаме да постигнеме нешто против Ливерпул, треба да излеземе на теренот со истиот став како што Каљари го покажа денеска против нас, истакна Гасперини за „Football Italia“.

По овој натпревар Аталанта е на шестото место во поредокот со 50 бодови, Каљари е на 13. место со 30 бодови.

Аталанта на 11 април ќе му гостува на Ливерпул во четвртфиналето на Лигата на Европа.

Арсенал се надева дека Жоргињо ќе го продолжи договорот

Фудбалерот од средниот ред на Арсенал, Жоргињо може да го напушти клубот.

Според „Standard“, за 32-годишниот Италијанец силно се заинтересирани Јувентус, Лацио и Наполи. Во исто време, лондонскиот клуб се надева дека играчот ќе ги одбие понудите и ќе го продолжи договорот со Топџиите.

Оваа сезона Жоргињо одигра 35 натпревари, постигна гол и две асистенции.

Се шпекулира дека одлуката дали Жоргињо ќе остане во Арсенал во голема мера ќе зависи дали неговиот тим ќе ја освои Премиер лигата. /МИА

Изречени 130 санкции за брзо возење на територија на државата

На територијата на државава во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 130 санкции за брзо возење.

Од нив, како што информираа денеска од Министерството за внатрешни работи, 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 53 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 77 надвор од населено место.

Санкционирани 157 возачи под дејство на алкохол

МВР информира дека вчера, во акциска контрола, се санкционирани 157 лица кои возеле под дејство на алкохол.

Контролата била спроведена од 16.00 до 22.00 часот на територијата на Република Северна Македонија.

Според МВР, санкционирани се и 183 други видови на сообраќајни прекршоци.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, наведува Министерството.

притисни ентер