СДСМ: Потрошувачката кошница 70.000 денари, минималната плата 26.000 денари - што вели статистиката на Мицкоски?
Над 200 претставници на финансискиот сектор од 15 европски земји, доаѓаат во Скопје на третото издание на MicroBalkans 2026
1СДСМ: Потрошувачката кошница 70.000 денари, минималната плата 26.000 денари - што вели статистиката на Мицкоски?
2Над 200 претставници на финансискиот сектор од 15 европски земји, доаѓаат во Скопје на третото издание на MicroBalkans 2026
ФудбалГасперини: Испишавме историја во ЛиверпулТренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини, ја нарече историска победата на неговиот тим од 3-0 на гостувањето изминатата вечер над Ливерпул на „Енфилд Роуд“ во првиот четвртфинален натпревар во Лига Европа.„Ви благодарам! Тоа беше извонредна и неверојатна победа за историја на Аталанта. Им благодарам на сите навивачи кои со толкава страст дојдоа во Ливерпул и го поддржаа тимот на трибините. Резултатот што го постигнавме е нешто што ќе остане запишано засекогаш. Не можете секогаш да освојувате трофеи, но кога испишуваш историја за клуб како нашиот, тоа значи многу“, рече стратегот на италијанскиот клуб по големиот триумф над Ливерпул. Гасперини рече дека Аталанта мора да биде внимателна на реваншот во Бергамо, бидејќи Ливерпул е исклучително силен клуб. „Секако дека сме среќни што победивме со 3-0, но Ливерпул е исклучително добар тим кој може да постигне гол во секој момент. Во реваншот мора да се браниме на истиот начин како што веќе направивме, но и повторно да напаѓаме на истиот начин“, изјави Гасперини. Реваншот во Бергамо е на програмата на 18 април.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиШестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31Августовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
ЗабаваПрстен вреден милион евра: Возач на Формула 1 филмски ја запроси девојката Возачот на Формула 1, Џорџ Расел се сврши со убавата Кармен Монтеро Мундт по шестгодишна врска, а вниманието го привлече раскошниот накит со огромна вредност.Летната пауза во Формула 1 донесе големи вести од приватниот живот на Џорџ Расел. Ѕвездата на „Мерцедес“ ја запроси својата долгогодишна девојка Кармен Монтеро Мундт, а посебно внимание привлече луксузниот веренички прстен, чија вредност се проценува на близу еден милион евра. Британскиот возач во Формула 1 за чинот на запросување избра романтичен амбиент покрај морето. Бели рози, свеќи и зајдисонце беа позадината на моментот кога Кармен се согласи да стане негова сопруга. Двојката ја сподели среќната вест и со своите следбеници на Инстаграм, користејќи едноставни симболи – прстен и бело срце. Сепак, набрзо потоа, прстенот стана една од главните теми на социјалните мрежи. Кармен покажа голем жолт дијамант со овален рез на својата рака, кој според проценките тежи меѓу осум и десет карати. Централниот камен е опкружен со помали бели дијаманти од двете страни. Повикувајќи се на стручни проценки објавени во германскиот весник „Билд“, порталот „Спортал“ наведува дека овој накит би можел да вреди околу 900.000 евра. Љубовната приказна меѓу Џорџ и Кармен трае веќе шест години. Тие се запознале во Лондон во 2020 година преку заеднички пријатели; интересно е што Кармен, наводно, во тоа време дури и не знаела со што се занимава Расел. Тој побарал нејзин телефонски број, ја поканил на вечера и сам го подготвил оброкот. На 18-годишна возраст, Кармен се преселила од Шпанија во Обединетото Кралство, каде што студирала бизнис-менаџмент и финансии на Универзитетот во Вестминстер, а своето образование го продолжила и во Женева.Тагови: Формула 1 Џорџ Расел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиШестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31Августовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
Шоу бизОткриени деталите за свадбата на Кристијано Роналдо и Георгина Родригез, церемонија со само 5 гостиОткриени деталите за свадбата на векот меѓу најплатениот светски фудбалер Кристијано Роналдо и атрактивната екс хостеса Георгина Родригез. Само овие 5 гости присуствуваа на церемонијатаЕден од најдобрите фудбалери во светот, Кристијано Роналдо, и инфлуенсерката Георгина Родригез стапија во брак на граѓанска церемонија во Кашкаиш, Португалија. Двојката го кажа судбоносното „да“ во вторникот, на интимна и приватна церемонија на која присуствуваа нивните пет деца, една година откако се свршија. Роналдо ја сподели веста дека тој и Георгина стапиле во брак по десетгодишна врска, објавувајќи фотографија од нивните венчални прстени на Инстаграм. Оваа вест ја потврди и претставникот за односи со јавноста на славниот фудбалер преку соопштение: „Кристијано Роналдо и Георгина Родригез денес стапија во брак на граѓанска церемонија во Кашкаиш, Португалија, и сега официјално се сопружници. Церемонијата била приватен и интимен чин на кој присуствуваа нивните пет деца“, пишува „Дејли мејл“. Веста за венчавката пристигна само неколку дена откако се веруваше дека парот ќе стапи во брак во катедралата во Фуншал, што поттикна илјадници фанови да се соберат пред црквата. Сепак, набрзо се испостави дека парот воопшто нема да се венча таму, а церемонијата всушност била наменета за еден сосема непознат португалски пар од Мадеира – Фабио Рамос и Фатима Никол Куња Теишеира.Тагови: Георгина Кристијано Роналдо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Потрошувачката кошница 70.000 денари, минималната плата 26.000 денари - што вели статистиката на Мицкоски?Деновиве слушаме: трета економија сме во Европа, први во туризмот, најдобри во авио-сообраќајот, најбрзо растечки плати и пензии.Фактите се поинакви. Потрошувачката кошница изнесува 70.000 денари. Минималната плата е 26.000 денари. Просечната плата е околу 49.000 денари. На млад човек што нема стан му требаат околу 90.000 денари само за основни трошоци за живот. И сега народот „не разбира“. Мицкоски ќе ни нацрта на табла - па ќе ни стане јасно. Може да црта колку сака. Нема подобра статистика од паричникот и фрижидерот. А таму е едноставно, празно. Човек што носи на рака часовник од 65.000 евра не може да разбере како живее народот. Не може, кога се вози со државен авион. Колената не го болат од работа - туку од клечење и молење за власт. Повеќе не поминува Гебелсовата пропаганда на Латас. Повеќе не поминува ниту „патриотизмот“ врзан за тендери и бугарски државјанства. Нема да помине ниту техниката на Ванчо Михајлов со наративот „талог“. Народот не е талог. Овде се знае кој е талог. Народот ќе победи. Македонија ќе ја победи оваа организирана криминална група наречена ВМРО и нејзиниот шеф Мицкоски. Ќе ги победи трујачите на Македонија. Ќе го победи и целиот странски интерес и агенда по која работат. Ќе победи и ќе ја врати власта во свои раце. Повторно алармантна ситуација - пола Влада и Мицкоски на екскурзија Додека во Скопје и околината се шири западно-нилска треска, а во Драчево е регистриран најголемиот број заболени, надлежните најавуваат дезинсекција дури во вторник. Од 26 регистрирани случаи во државата, 25 се од Скопје. Најмногу во Драчево. Едно лице почина. Повеќето заболени се мажи над 60 години. Болеста е тешка, завршува со хоспитализација и невролошки компликации. И во оваа ситуација, истиот пристап. Нема сериозен, професионален и навремен одговор. Нема претходна превенција. Немаше системско прскање кога требаше. Има само реакција откако веќе има заболени и починати. Во меѓувреме, премиерот Мицкоски и дел од Владата се на екскурзија. Пет недели цел Гостивар се труеше, Мицкоски не дојдоа таму, тој е на екскурзија. Сега комарци шират опасна болест, повторно истиот однос на Владата. Наместо да се занимаваат со реалните закани по здравјето на граѓаните, се занимаваат со сè друго. Тендери, пропаганда, поделби, спотови, погрешни знамиња и кампањата на Мицкоски - "талог", по примерот на Ванчо Михајлов. Ова не е држава што се води одговорно. Ова е систем во кој кризата се забележува дури кога веќе има жртви, а реакцијата доцни со денови. Граѓаните заслужуваат сериозен пристап, а не доцнење и импровизации додека половина од оние што треба да одлучуваат се отсутни. А прскањето против комарци дури во вторник! Дури за 6 дена! СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook