МакедонијаГаши се сретна со кинеската амбасадорка – тврди дека односите меѓу двете земји се одлични Само ден по острата реакција на кинеската амбасада за средбата на пратениците Милошоски, Мизрахи и Битиќи со тајванска делегација, денеска во Собранието прва средба меѓу претседателот Гаши и киенска амбсадорка Џианг Сиаојан.На неа Гаши, акко што соопштија од Собранието, бил дециден дека релациите меѓу двете земји се одлични, со голема почит кон традицијата, историјата, независноста и суверенитетот, со поддршка на концептот „Една Кина“. -Двете земји имаат долга историја на соработка, уште од нашата независност, три децении почит и соодветна комуникација. – стои меѓудругото во соопшетението од средбата. Средбата на претениците со делегација на „Претставништвото на Тајпеј во Италија“ се случи завчера во Собранието, но кратко по реакциите соопштенито беше „ Овој тежок погрешен чин го крши принципот „Една Кина“, политичка обврска што С. Македонија ја презеде при воспоставувањето дипломатски односи со Кина и став што го потврдија претседателката Сиљановска-Давкова и претседателот на Владата Мицкоски, со што ја поткопува политичката основа на нашите билатерални односи. Исто така, испраќа погрешен сигнал до сепаратистичките сили кои се залагаат за „независност на Тајван“. – стои меѓудругото во јавната реакција на Амбасадата на Народна Република Кина, објавена на нивната фејсбук страна. Но, Милишоски и Битиќи не се согласуваат со острата реакција на Кина. Милошоски вели дека официјалната политика на Македонија кон Кина останува непроменета, со почитување на принципот на нивната суверености територијалниот интегритет на една Народна Република Кина. -Избраните претставници во Собранието на Р. Македонија имаат легитимитет и право да остваруваат средби со секој добронамерен поединец или делегација, и на крајот, различните мислења и ставови се нешто вообичаено во секое демократсо општество, па затоа сметам дека и од НР Кина ваквите средби ќе бидат разбрани како можност за добивање повеќе информации на теми кои го привлекуваат вниманието на пошироката меѓународна дипломатска јавност. – вели Милошски во псимениот став. - Антонио Милошоски- потпретседател на Собранието. На сличен став е и пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи. Односите на Македонија и Кина беа нарушени во 1999 година, кога владата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Љубчо Георгиевски, донесе одлука да ја признае независноста на Тајван. Кина, како одговор, ги прекина дипломатските односи со Македонија, а одлуката имаше далекусежни последици за земјава. Кина нешто подоцна во Советот за безбедност на Обединетите Нации стави вето на продолжувањето на мисијата на ООН УНПРЕДЕП во Македонија, поради што Македонија се соочи со кризата на Косово и бранот бегалци што следеше, без распоредени мировници на Обединетите Нации, кои беа значајна безбедносна гаранција. Во 2001 година Македонија ги прекина односите со Тајван по што Кина ги обнови дипломатските односи со Македонија. Тагови: Африм Гаши Кина Собранието Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕпидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МакедонијаЗа излез од Македонија на Богородица и Дојран се чека три часаПовеќе од 17000 лица ја напуштиле македонија во последните 24 часа преку ГП Богородица и ГП Дојран кон Грција.Во истиот период во земјава влегле околу 16000 птници, покажуваат податоците на министерството за внатрешни работи. Преку Богородица во Македонија влегле 5864 македонски државјани а изглегле 5948, од странски државјани влегле 10249, а излегле 11648. На Дојран се евиндентирани 399 влегувања и 1104 излегувања на македонски државјани , странци 1295 влегле, 1174 излегле. Поради големената фреквенција на двата гранички премини се создадени долги колони возила, најголем метеж беше забележан на Дојран, каде колоната возила се протегаше низ целиот Стар Дојран. Од МВР велат дека се ангажирани сите расположливи човечки и технички ресусри за побрз проток на патниците.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСе запали автобус на „Дурмо Турс“ на автопатот Тетово ГостиварАвтобус на компанијата „Дурмо Турс“ денеска се запали на автопатот Тетово Гостивар, предизвикувајќи вознемиреност кај патниците и останатите учесници во сообраќајот. На социјалните мрежи се појавија видеоснимки на кои се гледа како автобусот е зафатен од пламен, додека густ чад се издига над коловозот. Според првичните информации, возачот навреме го запрел автобусот, по што сите патници безбедно биле евакуирани. Засега нема информации за повредени лица, а на местото на настанот интервенирале противпожарни екипи кои го локализирале пожарот. Надлежните институции вршат увид за да се утврдат причините за избувнувањето на огнот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваВидео: Сабаленка ги шокираше навивачите со проѕирен фустан за УС ОпенСабаленка ги шокираше навивачите со проѕирен фустан за УС Опен-Погледнете што ќе носи популарната „тигрица“.Најдобрата светска тенисерка, Белорусинката Арина Сабаленка ја претстави својата облека за престојниот Грен слем УС Опен. Светскиот рекет број 1, Арина Сабаленка, ја претстави својата опрема за УС Опен. Откако неславно го заврши настапот на Вимблдон, таа ретко се појавуваше во јавноста, а сега одлучи да ги израдува навивачите со облеката што ќе ја носи на последниот Грен слем турнир во сезоната. Брендот „Најк“ и тенисерката од Белорусија овојпат направија чекор понапред. „Тигрицата“ ја брани титулата на УС Опен, откако победи во 2024, а потоа и во 2025 година. Ако се суди според најавите, ќе гледаме агресивна и енергична Сабаленка, каква што сме навикнати да ја гледаме. Облеката што ја претстави го навести токму тоа. Сабаленка се одлучи за портокалова боја – маичка и шорцеви, а претходно ќе носи и мрежест фустан. US Open outfit pic.twitter.com/pIOVmEpisS — 👑 Aryna Sabalenka 🐯 Daily (@SabalenkaDaily) July 30, 2026 Иако популарниот бренд досега не ѝ овозможувал на Сабаленка уникатни спортски комплети, овојпат тоа секако ќе се случи. Јасно е дека опремата што ќе ја носи Белорусинката е инспирирана од „Спајдермен“, а се очекува и други тенисерки кои го носат овој бренд да се појават во слични изданија. Црната мрежа што ја прекрива дводелната спортска опрема е директна асоцијација на филмот, чија премиера е закажана за јули 2026 година. Нема сомнеж дека изданието на Арина Сабаленка ќе предизвика бројни реакции, бидејќи коментарите постојано се менуваат – од позитивни до негативни – само неколку часа по објавувањето на видеото. Фановите не ја изоставија ниту Наоми Осака, од која очекуваат уште поспектакуларно издание, слично на оние од претходните три Грен слем турнири. Воедно, ова веројатно е последниот Грен слем на кој Сабаленка ќе носи стандардна облека од „Најк“ (Nike) како и останатите тенисерки, бидејќи уште во 2027 година би можеле да ја видиме во персонализирани комбинации.Тагови: Арина Сабаленка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter