МакедонијаГаши на Меѓународниот научен собир„Нашата заложба за поттикнување на иновациите, технологијата и науката мора да биде постојана“.Нашата заложба за поттикнување на иновациите, технологијата и науката мора да биде постојана, истакна претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешниот Меѓународен научен собир со професори од Универзитетот Оксфорд, во организација на МИТ Универзитет во соработка со „Oxford Connections“. Гаши нагласи дека овој настан не е само научен собир, туку и можност за зајакнување на меѓународната соработка и значаен чекор кон подигнување на академското ниво на нашите универзитети. Спикерот потенцира дека во свет каде што науката, иновациите и технологијата напредуваат со огромна брзина, а државите се натпреваруваат со најразлични откритија, малите земји како нашата се соочуваат со предизвикот да го следат темпото на овие развои. -За жал, земји како Северна Македонија и оние од регионот немаат конкурентна предност во економијата и природните ресурси како што имаат поголемите и помоќни држави. Поради тоа, цврсто верувам дека науката, истражувањето и знаењето се областите во кои треба да се натпреваруваме. Во овој контекст, нашата заложба за поттикнување на иновациите, технологијата и науката мора да биде постојана. Затоа, сметам дека денешниот настан е доказ за потенцијалот и успешната соработка помеѓу научните и истражувачките институции, што ќе ни помогне да создадеме нови можности за нашите студенти и млади, како и да придонесеме за развојот на иновативни решенија за предизвиците на нашето општество и пошироко, рече тој. Претседателот на Собранието изрази надевање дека овој настан ќе се искористи за зајакнување на нашите односи, за создавање нови можности за соработка и за поддршка на развојот на науката и образованието, кои директно ќе влијаат врз иднината на нашата земја. Ректорот на МИТ Универзитет Скопје, проф. д-р Звонимир Јанкуловски изрази уверување дека Меѓународниот научен собир ќе послужи како катализатор за заеднички истражувачки проекти, академски размени и иновативни иницијативи кои ја зајакнуваат нашата академска позиција во Македонија. Потенцира дека за него како ректор, високото образование има длабока улога во негувањето на имагинацијата – проширување на хоризонтите на младите за да ги води кон размислување и конципирање на сите начини на кои тие можат да ги поттикнат сопствените хоризонти на можното и со тоа колективно да го променат светот во кој живееме. -Ние како МИТ Универзитет размислуваме долгорочно. Размислуваме за долгорочни перспективи на Универзитетот, за тоа што е создаден да трае како начин на поврзување на знаењето и практиката од една од најсилните сили на човечкиот ум – љубопитноста. На МИТ Универзитетот студирањето значи повеќе од стекнување знаење. Значи тестирање и запознавање со најоддалечените граници на вашиот интелект, рече Јанкуловски. Меѓународниот научен собир вклучува три сесии со предавачи од Универзитетот Оксфорд, кои ќе се осврнат на теми од областа на науката, вештачката интелигенција, психологијата и теологијата.Тагови: Африм Гаши Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПосебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратонМВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.На 04.10.2026 (недела) со почеток во 08:00 часот, во организација на Сојуз на спортови на Скопје, ќе се одржи - „Виз Ер Скопски маратон 2026“ со следните траси на движење: траса на движење на трката од 5км – Старт на ул.„11-ти Октомври“ (кај зелен пазар), право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, полукружно на крстосница помеѓу бул.„3-та Македонска Бригада“ и ул.„Коста Новаковиќ“ и по истата траса назад до целта – плоштад „Македонија“ на ул.„11-ти Октомври“ и траса на движење на маратонот, полумаратонот и штафетната трка (по наведената траса за штафетната трка и маратонот натпреварувачите се движат 2 пати) – Старт Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“, право кон „Рекорд“ односно по ул.„Димитрие Чуповски“, право по ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, право по ул.„Војвода Васил Чакаларов“, се до крстосница со ул.„Ангел Динев“ каде се врти полукружно назад по истата траса се до Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“ и се продолжува право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Србија“ каде се врти полукружно и во истата коловозна лента назад по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Кузман Јосифовски Питу“ каде се врти полукружно назад во истата коловозна лента до крстосница со ул.„Васко Карангелевски“, десно по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по ул.„11-ти Октомври“ до целта- Плоштад Македонија. Од тие причини Единица за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.Тагови: Скопски маратон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветДрама: Авион исчезна над океанотСпоред неофицијални информации, авион од типот „ Gulfstream G100# со шест лица во него – кој летал од Бермудски Острови кон Бостон – се урнал во Атлантскиот Океан.Авионот изгубил контакт за време на летот, по што започнала потрага по леталото и лицата во него. Врз основа на моментално достапните информации, авионот исчезнал рано утринава, а потрагата е насочена кон областа во близина на брегот на Нантакет, Масачусетс. Американската крајбрежна стража потврди дека во потрагата се вклучени воздушни и поморски единици, пренесува британскиот таблоид „The Sun“. Засега нема официјална потврда дека авионот навистина се урнал, ниту пак се познати околностите на наводната несреќа. Надлежните служби ја продолжуваат потрагата, а дополнителни информации се очекуваат штом ќе бидат познати резултатите од операцијата. BREAKING: Gulfstream G100 with 6 persons on board has reportedly crashed into the Atlantic while flying from Bermuda to Boston pic.twitter.com/gHZI5Sq2vc — Breaking Aviation News & Videos (@aviationbrk) October 3, 2026 Тагови: авион Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаМаскиран демонстрант запалил лице на жена, протетсите во Франција надвор од контролаПротестите на средношколците од посиромашните предградија на Париз ја зафатија целата земја. Десетици илјади ученици и нивни поддржувачи излегоа на улиците во Франција и се чини излегоа од контрола.Како што јавија дел од медиумите маскиран тинејџер во Марсеј бил приведен откако се обидел со спреј и запалка да запали лице на жена. Причината за протестите е поради лошата состојба на училиштата, преполните училници и недостигот на наставен кадар, а особено е лоша состојбата во посиромашните населби, тврдат демоинстрантите Неделава на протестите учествуваа ученици од над 1000 средни училишта, а за време на немирите беа уапсени повеќе од 5000 лица, но имаше и сериозно повредени демонстранти, еден ученик бил повреден од гумен куршум Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез повика на враќање на редот. Протестите започнаа во предградијата на Париз, каде што нивото на сиромаштија е високо, а потоа се проширија во самиот Париз и други француски градови, вклучувајќи ги Марсеј, Стразбур, Тур и Лил. Тагови: Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook