Гаши: Кандидат кој ќе биде прифатлив за сите граѓани

Лидерот на „Алтернатива" Африм Гаши попладнево изјави дека денеска имале многу добра и плодна средба со премиерот Зоран Заев, а главна тема беа претседателските избори и обидот да се изнајде заеднички кандидат кој би бил прифатлив за сите граѓани. 

– Ние прво ја поздравивме оваа иницијатива. Мислам дека првпат во државава ни се случува да се избере претседател и да се направи обид тој кандидат да биде што поприфатлив од сите граѓани. Самиот обид што се креира за доаѓање до овој амбиент мислам дека е за поздравување и ние како „Алтернатива", политички субјект и партнер во Владата, сакаме да придонесеме во овој процес и заеднички да дојдеме до тој кандидат, рече Гаши.

Во оваа фаза, како што рече, размислуваме само за параметрите, принципите, критериумите кои би требало да се анализираат за да се дојде до тој кандидат. Гаши смета дека во следните денови многу бргу ќе треба заеднички да дојдат до тој кандидат.

– Ние имаме наши определби. Сакаме кандидатот да биде што поприфалив од сите граѓани. Не дека немаме и други опции, но сакаме и ние да придонесеме да се дојде до тој заеднички кандидат. Ако се успее – добро, ако не, нормално и како политичка партија ќе носиме одлуки во нашите органи. Ако не бидат исполнети критериумите што ние би сакале да ги исполни некој претседателски кандидат, тогаш ќе донесеме наше решение, изјави Гаши во Клубот на пратеници по средбата со Заев.

Важно е, како што рече, да се поздрави процесот на подадена рака и првпат во државава да се избере претседател кој би бил претставителен за сите граѓани и прифатлив за сите етнички, религиозни и секакви други заедници.

Одговарајќи на новинарско прашање, Гаши рече дека на средбата не зборувале за конкретни имиња. Додаде дека критериумите за кои зборувале начелно се дека треба да се избере личност која била внимателна во минатото, во политичка смисла која, како што рече, не давала „несреќни" изјави, не била негативно настроена кон ниту една заедница. Особено за нас во овој случај е важно кон албанската заедница, затоа што ние треба да ги мотивираме нашите гласачи.

– Човек претставителен, со добра кариера, со добар бекграунд, со добро сиви, кој добро би не претставил надвор како држава. Но, кој би ги сплотувал и сите граѓани внатре во државата, рече Гаши.

Сакаме, како што рече, прво СДСМ како поголема политичка партија да изнесат свои анализи, да видиме какви анализи направиле тие и ние потоа ќе дадеме наше мислење за тие кандидати. Ние имаме мислење за одредени кандидати, секако, но во оваа фаза мислиме дека се уште е рано да се дадат квалификации за одредени кандидати.

Гаши рече дека за нив би било поприфатливо претседателскиот кандидат да е натпартиска личност и додаде да се почека и да се види која личност би била повеќе прифатлива кај граѓаните.

Во Клубот на пратениците во моментов се одвива средбата меѓу премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев и лидерот на ДПА, Мендух Тачи.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер