Гаши: Имерлије Салиу Фетаи имаше само процедурална улога - Канал 5

Гаши: Имерлије Салиу Фетаи имаше само процедурална улога

Во врска со денешните неточни толкувања за работата на Собранието, повторно нагласуваме дека сите процедури се строго спроведени во целосна согласност со Деловникот на Собранието.

Гаши: Имерлије Салиу Фетаи имаше само процедурална улога

„Г-ѓа Имерлије Салиу Фетаи не е претседателка на Комисијата за социјална политика, демографија и млади. Таа претседаваше за одредена точка од дневниот ред на Комисијата, со овластување од Претседателот на Собранието, во целосна согласност со член 126, став 3 од Деловникот на Собранието. Нејзината улога на оваа седница беше чисто процедурална и ограничена само на оваа конкретна точка од дневниот ред.“

Кабинет на претседателот на Собранието

Еко активисти: Ќе се сечат 113 дрва во Градски парк

Ќе се сечат 113 дрва во Градски парк, предупредуваат еко активистите од Зелен Хуман Град. 

Еко активисти: Ќе се сечат 113 дрва во Градски парк

Од таму за Канал 5 велат дека од Градот побарале да им се овозможи прошетка низ паркот, во придружба со експерти, кои ќе ја образложат сечата. Барањето како што велат им е одобрено и ќе се реализира во понеделник.

Од друга страна, градоначалничката Данела Арсовска тврди дека станува збор за шупливи дрва нападнати со габи, за што добиле потврда од 8 експерти од Паркови и зелнеило. Проверка на дрвата се прави еднаш на две години, а овие дрва кои се сега обележени за сечење, при минатата проверка се покажало дека се здрави. Арсовска тврди и дека над 60 000 садници се засадени во паркот во Ѓорче Петров а над 8000 во Карпош.

-Во конкретниот случак ЈП Паркови и зеленило по службена должност има утврдено дека се работи за јавно зеленило, дека дрвата се суви, шупливи и опасни да паднат и да причинат материјална и човечка штета. При тоа е одлучено наместо исечените дрва да се засадат нови садници.- Данела Арсовска- градоначалничка на Град Скопје.

Сеча на дрвја во паркови низ Скопје и во минатото предизвикуваше бурни реакции, пред се од еко-активистите, а низ годините беа организирани и неколку протестни собири.

YouTube video

Таравари: Ја поднесов оставката, ми беше чест да работам за владата на Македонија

Денес во 15:00 часот, Министерот за здравство, воедно и претседател на Алијансата за Албанците, ја поднесе својата оставка.

Таравари: Ја поднесов оставката, ми беше чест да работам за владата на Македонија

Во продолжение ви ја пренесуваме целосната писмена оставка:

Почитуван Премиер Мицкоски,

Со ова писмо, Ве известувам дека поднесувам неотповиклива оставка од функцијата Министер за здравство на Македонија.

Одговорноста што ја преземав со оваа функција ја извршував со максимална посветеност, транспарентност и чувство на должност кон граѓаните и државата.

Одлуката ја донесувам по внимателна лична и професионална проценка, уверувајќи дека овој чекор е во најдобар интерес и за институцијата и за моите лични принципи.

Ви благодарам за довербата и можноста да бидам дел од Владата во еден исклучително значаен период за здравствениот систем. Останувам отворен за соработка и поддршка во иднина, секогаш водејќи се од јавниот интерес.

Со почит,

Проф. Д-р Арбен Таравари

Министер за здравство

ДЗР: За три години во сообраќајни незгоди загинале 457 лица

За три години во сообраќајни несреќи загинале 457 лица, а над 15.000 се здобиле со потешки последици, покажува извештајот на ДЗР.

ДЗР: За три години во сообраќајни незгоди загинале 457 лица

Според анализата на ревизија мерките и активностите на надлежните институции не биле доволно ефикасни за намалување на жртвите во сообраќајните несреќи. Дополнително, во периодот од 2020 до 2023-та година, не бил намален ниту бројот на повредени лица во сообраќајки.

-Јавно достапните податоци од веб-страницата на МВР упатуваат на загрижувачки состојби во однос на бројот на сообраќајни незгоди случени на патиштата во државата: имено, во периодот 2020-2023 година се случиле вкупно 31 176 сообраќајни незгоди, од кои 15.724 се со потешки последици, а загинале 457 лица,- – Државен завод за ревизија.

Најчестите сообраќајни прекршоци според извештајот, се однесувале на брзо возење, поминување на црвено светло, неправилно престигнување и недавање првенство на минување.

Експертот по сообраќај, Игор Митревски за Канал 5 вели дека ваквите бројки не треба да не изненадуваат. Како земја, додава тој, треба многу да работиме и на свеста кај луѓето за нивното однесување во сообраќајот.

Со цел намалување на бројот на сообраќајни незгоди и жртви, апелираа и од МВР. Во пресрет на матурските прослави низ земјава, од Министерството преку промотивно видео порачаа – матурантите да ги остават дома своите автомобили и на прослава да заминат без возило и користење на алкохол и наркотични средства.

А токму статистичките податоци на МВР покажале дека во денови кога има матурски прослави, зголемен бил бројот на сообраќајни незгоди во кои голем дел од учесниците се матуранти.

YouTube video

притисни ентер