Гарначо не е против преселба во Наполи, Манчестер јунајтед бара 80 милиони евра - Канал 5

Гарначо не е против преселба во Наполи, Манчестер јунајтед бара 80 милиони евра

 Фудбалерот на Манчестер јунајтед Алехандро Гарначо се согласи да се пресели во Наполи.

Гарначо не е против преселба во Наполи, Манчестер јунајтед бара 80 милиони евра

Според „La Gazzetta dello Sport“, во понеделник претставници на управата на италијанскиот клуб одржале состанок со застапниците на крилниот напаѓач на Манчестер јунајтед. Спортскиот директор на Наполи Џовани Мана и главниот тренер Антонио Конте го ценат Гарначо, а ниту самиот Аргентинец не е против овој потег.

Забележано е дека „наполитанците“ можат да ги исполнат барањата за плата на играчот - неговите примања во Манчестер јунајтед се споредливи со платата на Квича Кварацхелија, кој, како направи што беше претходно објавено, е блиску до преселба во ПСЖ.

Во исто време, трансферот на Гарначо во Наполи може да биде отежнат од финансиските барања на Манчестер јунајтед. Раководство на премиерлигашот бара околу 80 милиони евра за крилниот напаѓач. Наполитанците оваа сума ја сметаат за превисока и се подготвени да понудат само 45 милиони евра со бонуси.

Новинарот Џанлука Ди Марцио објави дека Наполи ја разгледува опцијата да го закупи Тимо Вернер, чии права му припаѓаат на РБ Лајпциг, како алтернатива на Гарначо.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Две лица загинаа на грчкиот остров Саламина, во близина на Атина

Пожарите во регионот продолжуваат да земаат жртви. 

Две лица загинаа на грчкиот остров Саламина, во близина на Атина

Две лица загинаа во пожарот што беснее на островот Саламина во близина на Атина, каде што речиси истовремено избувнаа два пожари, предизвикувајќи евакуација на стотици туристи и локални жители, објавија противпожарните служби.

Мобилизирани се околу 150 пожарникари, а на терен дејствуваат и четири авиони и шест хеликоптери. Крајбрежната стража распореди пет брода. Островот Саламина е омилено одредиште на атињаните, особено за време на викендите.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Состојбата со пожарите се смирува, утринава регистрирани се 25 пожари од кои 4 се активни

Состојбата со пожарите се смирува , утринава регистрирани се 25 пожари од кои 4 се активни, 3 се под кобнтрола , а 18 се изгаснати. 

Состојбата со пожарите се смирува, утринава регистрирани се 25 пожари од кои 4 се активни

Активен е пожарот во општина Студеничани каде гори шума, во општина Македонски Брод кај месноста Видуш, во општина Велес и Зелениково и во Јегуновце и Сарај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека

Со изведување на наодите од градежното вештачење на објектот „Пулс“ изработено од тим од градежниот факултет при УКИМ, денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека.

Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека

Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители. Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК, загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Ова е една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер