Гари Каспаров: Се чини дека Путин има некакво влијание врз Трамп - Канал 5

Гари Каспаров: Се чини дека Путин има некакво влијание врз Трамп

Каспаров изрази и сомнеж дека Трамп ќе успее да стави крај на војната во Украина. 

Гари Каспаров: Се чини дека Путин има некакво влијание врз Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп се однесува многу нетипично кон неговиот руски колега Владимир Путин, оставајќи впечаток како да е под негово влијание, изјави поранешниот светски шаховски првак и актуелен руски опозициски лидер Гари Каспаров при гостување во емисијата „Терзаке“ на белгиската државна телевизија ВРТ.

- Тој (Трамп) вообичаено не штеди никого, дури ни други светски лидери, но не слушате ниту еден лош збор за Путин. Тој дури оди и против американските интереси и јавното мислење, што вообичаено не го прави. Се чини дека Путин има некаков вид влијание врз Трамп и го покорува на својата волја, смета Каспаров, кој неделава престојува во Белгија за учество на демонстративен турнир во симултан шах во Антверпен.

Каспаров изрази и сомнеж дека Трамп ќе успее да стави крај на војната во Украина.

- Јасно ми е дека тој не е заинтересиран за завршување на војните, туку само за склучување договори, заради политички профит. Со истата тактика како на Блискиот Исток, колку и да е кревок делумниот успех, нема да се стигне никаде во Украина. Проблемот е Путин. Се додека тој верува дека може да продолжи, ќе продолжи, истакна Каспаров.

Според него, Путин е поборник на старата царистичка идеја за неопходно проширување на сферата на влијание на Русија.

- Тоа не го велам само јас. Го гледате секојдневно во самата Русија. Во политичките изјави, на пропагандните канали, во Црквата... Дури и на децата од градинка им се перат мозоци со негативни идеи за Западот и Украина и за спас на Мајка Русија, изјави шаховската легенда.

Каспаров вели дека се наоѓа на руската „листата на терористи“ кои се предмет на следење од страна на службите, па затоа и нема намера во скоро време да се врати во Русија.

- Не сум единствениот. Ако го критикувате режимот и ако против вас во тек не ниту една правна постапка , тогаш правите нешто погрешно, изјави Каспаров.

Тој вели дека иако сега е хрватски државјанин, сепак не се чувствува безбедно во повеќето европски земји.

- Ќе бидам искрен. Има места како Унгарија и Словачка каде што во моментов не одам. Не затоа што мислам дека едноставно ќе ме предадат на Путин, туку може свесно да ја свртат главата на другата страна и да не ги попречат мрежите на Путин, изјави Каспаров, додавајќи дека ако навистина сакаат да ве застрелаат, многу малку можете да сторите за да го спречите тоа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ побара Надзорна расправа за скандалот со Алта банка во Собранието

Пратеничката група на СДСМ и коалицијата го стави барањето и побара Надзорна расправа во Собранието за скандалот со Алта банка! 

СДСМ побара Надзорна расправа за скандалот со Алта банка во Собранието

За улогата на Народна банка, за институционална одговорност за измамата на граѓаните!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Директорот на БЈБ Александар Јанев учествуваше на состанокот на Управувачкиот комитет на проектот EU4FAST

На состанокот беа разгледани постигнатите резултати, тековните активности и идните приоритети на проектот, со акцент на унапредувањето на регионалната соработка и зајакнувањето на капацитетите на македонската полиција.

Директорот на БЈБ Александар Јанев учествуваше на состанокот на Управувачкиот комитет на проектот EU4FAST

Денеска (02.11.2026), во Скопје, директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, учествуваше на состанокот на Управувачкиот комитет на регионалниот ИПА-проект на Европската Унија „Поддршка на ЕУ за зајакнување на борбата против криумчарењето мигранти и трговијата со луѓе во Западен Балкан“ – EU4FAST.

На состанокот беа разгледани постигнатите резултати, тековните активности и идните приоритети на проектот, со акцент на унапредувањето на регионалната соработка и зајакнувањето на капацитетите на македонската полиција.

Директорот Јанев истакна дека вложувањето во знаење, професионална експертиза, современа опрема и технологија е клучно за модернизација на безбедносните институции и поефикасно справување со современите безбедносни предизвици.

Преку обуки, размена на искуства и донации на опрема, проектот придонесува за поефикасна гранична контрола, поквалитетни истраги за трговија со луѓе и криумчарење мигранти, како и поуспешно откривање на нелегалните финансиски текови.

Јанев ја нагласи важноста од отворена и ефикасна меѓународна соработка, поинтензивна размена на информации и координирани истраги, истовремено истакнувајќи ја посветеноста на македонската полиција на почитувањето на човековите права, владеењето на правото и заштитата на жртвите на трговија со луѓе.

Директорот Јанев упати благодарност до Европската Унија и земјите членки за поддршката, нагласувајќи дека македонската полиција останува активен и рамноправен партнер во зајакнувањето на регионалната безбедност и европската безбедносна соработка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Срамно: Телефонот на Трамп е само евтина копија (ВИДЕО)

Тестот за издржливост ја откри реалноста зад новиот „телефон на Трамп“ – а резултатите се полоши од очекуваното.

Срамно: Телефонот на Трамп е само евтина копија  (ВИДЕО)

Зак Нелсон, од „YouTube“ каналот „JerryRigEverything“, го подложи паметниот телефон „Trump Mobile T1“ на тест за издржливост и целосно го расклопи. Тестот потврди дека, под пластичното куќиште во златна боја, хардверот е практично идентичен со оној на моделот „HTC U24 Pro“.

„Trump Mobile T1“ и „HTC U24 Pro“ имаат ист облик и резолуција на екранот, стапка на освежување од 120 Hz, сличен распоред на камерите и главен модул на камерата од 50 MP. Дури и елементите во интерфејсот на камерата се целосно идентични.

YouTube video

Стаклото на екранот почнува да се гребе на ниво 6 според Мосовата скала за цврстина, а подлабоки траги се појавуваат на ниво 7 – што е типичен резултат за модерен паметен телефон. Сепак, се покажа дека страничната рамка е изработена од пластика, исто како и задниот панел во златна боја, чиј слој може лесно да се изгребе со сечило.

На куќиштето од телефонот, исто така, има погрешно прикажано знаме на САД – со 11 ленти наместо 13. Новинарите ја забележаа оваа грешка уште при првиот контакт со готовиот уред.

Расклопувањето откри практично идентичен распоред на матичната плоча, камерите, системот за ладење и другите компоненти, како кај моделот „T1“, така и кај „HTC U24 Pro“. Разликите се главно козметички. Претходно, „iFixit“ понуди уште поубедлива потврда за потеклото на овој паметен телефон: матичната плоча од „HTC U24 Pro“ функционираше во моделот „T1“, па дури и го прикажуваше логото на „HTC“ при вклучувањето.

„Trump Mobile“ првично го рекламираше уредот како производ произведен во САД, но подоцна го отстрани тоа тврдење и почна да ја користи фразата „Гордо американски“. Во септември, цената на телефонот исто така се зголеми – од 499 на 749 долари. Тестот на каналот „JerryRigEverything“ не беше првиот што го откри вистинското потекло на моделот „T1“, но јасно покажа до каде одат модификациите: всушност, станува збор за „HTC U24 Pro“ со поинаков пластичен панел, завршна обработка во златна боја и брендирање „Trump Mobile“.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер