ЖивотГардијан открива скандал: Како британската кралица го скрила богатствотоБританската кралица успешно ја убедила владата да ја смени сметката и со тоа да го скрие своето приватно богатство од јавноста.Британски Гардијан објави дека приватниот адвокат на кралицата Елизабета извршил притисок врз министрите да ја сменат сметката и со тоа да се скрие од јавноста во кои компании има удел кралицата. По интервенцијата на кралицата, владата вметнала клаузула во законот со кој им се дозволува на компаниите што ги користат „шефовите на држави“ да бидат изземени од мерките за транспарентност. Договорот бил постигнат во 1973 година и е искористен за создавање компанија за школки чиј бизнис, удел и инвестиции на кралицата ќе беа покриени со превез на тајност до 2011 година, иако и тогаш не било откриено целосно колку е богата британската кралица, иако се проценува дека има стотици милиони фунти. Кралицата, пишува весникот, решила да го стори тоа затоа што сметала дека ќе биде „срамно“ јавноста да знае колку е богата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМуцунски во Дубаи договори директна авионска линија со Скопје од март идната година Министерот за надворешни работи и главниот комерцијален директор на „Флајдубаи“ разговарале за можностите за директна авиолинија Дубаи-Скопје.Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и главниот комерцијален директор на „Флајдубаи“ Хамад Обаидала разговарале за можностите што директната авиолинија Дубаи-Скопје ги отвора за натамошно унапредување на економските и трговските врски, привлекување инвестиции, како и за зајакнување на туристичката и културната соработка меѓу двете земји Од март идната година, авиокомпанијата „Флајдубаи“ ќе воспостави директна линија од Дубаи до Скопје, со три лета неделно. Ова било официјално потврдено на средбата што министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски ја остварил со главниот комерцијален директор на „Флајдубаи“, Хамад Обаидала, за време на работната посета на Обединетите Арапски Емирати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Црна хроникаКазнет е штипјанецот кој „дрифташе“ низ градот- немал ниту возачка (ВИДЕО)Пронајден е и санкциониран возачот кој „дрифташе“ во Штип, а видеото од настанот беше споделено на социјални мрежи.По преземени мерки и активности, а во врска со видео објавено на 12.10.2026 на социјални мрежи, на 14.10.2026 во Штип, полициски службеници од СВР Штип го пронајдоа и извршија службен разговор со С.К.(22) од Штип. Имено, на објавеното видео се гледа како тој управува патничко возило „опел“ без регистарски ознаки, на начин со кој намерно предизвикува пролизгување на возилото, односно како „дрифта“ со возилото. Притоа, било утврдено дека тој го управувал возилото пред да се стекне со право на управување. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против С.К. ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизСилвестер Сталоне шокира со признание: „Не можам да се пензионирам, ми требаат парите“Легендарниот актер, филмската ѕвезда 80- годишниот Силвестер Сталоне се пошегува дека не може да замине во пензија бидејќи мора да ја плати свадбата на својата ќерка Софија, која наскоро се мажи за Мајкл Шихан. За време на гостувањето во емисијата „Live with Kelly and Mark“, водителката Кели Рипа го праша актерот колку планира да потроши за свадбата на својата 30-годишна ќерка. „Ох, човеку, речиси ми е непријатно да го кажам тоа, но не можам да се пензионирам“, рече Сталоне, предизвикувајќи смеа кај публиката. „Не можам да се пензионирам. Сериозен сум. Морам да ја платам свадбата“, додаде актерот. На 28 август, Софија објави дека се свршила со Мајкл Шихан и сподели фотографии од романтичното запросување на Инстаграм со пораката: – Засекогаш со најдобриот пријател. Сталоне во емисијата го опиша својот иден зет како „одличен дечко“, а исто така откри и дека Шихан побарал негов благослов пред запросувањето. – Ја побара нејзината рака – рече актерот, на што Кели Рипа (56) се пошегува: – Сигурно бил преплашен. Сталоне потоа го пофали Шихан дека бил „многу самоуверен“ пред запросувањето. „Му реков: ’Леле, со среќа, пријателе‘“, се пошегува актерот, додавајќи дека неговата сопруга, Џенифер Флавин, морала да биде присутна за да ја преземе улогата на „судија“. За контекст, Сталоне и Флавин се во брак од 1997 година и имаат три ќерки. Актерот имаше и два сина од првиот брак со Саша Зак; сепак, Сејџ Сталоне почина во 2012 година, на 36-годишна возраст.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00