Галатасарај со победа над Олимпијакос избори пласман во ТОП16 фазата - Канал 5

Галатасарај со победа над Олимпијакос избори пласман во ТОП16 фазата

Екипата на Галатасарај успеа да се пласира во ТОП 16 фазата од кошаркарската Евролигата откако синоќа на домашен терен пред празни трибини го победи Олимпијакос.

Галатасарај со победа над Олимпијакос избори пласман во ТОП16 фазата
Натпреварот се играше без гледачи поради казната на Галатасарај, по убиството на навивачот на Црвена Звезда. Галатасарај со триумфот се изедначи со Нептунас со ист број победи – порази (4-6), но има подобар меѓусебен скор и затоа го освои четвртото место во групата.

Резултати и двојки од 10.коло:

А група: Реал Мадрид – Анадолу Ефес 90:70, Нижни Новгород – Уникс Казан и Жалгирис – Динамо Сасари играат вечерва.
Табела: Реал Мадрид 8-2 (победи-порази), Анадолу Ефес 6-4, Уникс Казан 5-4, Жалгирис 4-5, Нижни Новгород 4-5, Динамо Сасари 1-8.

Б група: ЦСКА МОсква – Лимож 88:56, Макаби – Уникаха 81:73. АЛБА – Цедевита играат вечерва.
Табела: ЦСКА Москва 10-0, Макаби 7-3, АЛБА 4-5, Уникаха 4-6, Цедевита 2-7, Лимож 2-8.

Ц група: Туров – Емпорио Армани 96:101, Фенербахче – Баерн и Панатинаикос – Барселона играат вечерва.
Табела: Барселона 8-1, Фенербахче 7-2, Панатинаикос 5-4, Емпорио Армани 5-5, Баерн 2-7, Туров 1-9.

Д група: Валенсија – Нептунас 103:65, Галатасарај – Олимпијакос 79:74, Црвена Звезда – Лаборал играат вечерва.

Табела: Олимпијакос 8-2, Црвена Звезда 5-4, Лаборал 5-4, Галатасарај 4-6, Нептунас 4-6, Валенсија 3-7. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од 1 декември нови правила за отворање боледување, матичен лекар смее да даде 5 наместо 7 дена како досега

Од вторник, 1 декември, почнува примената на новите правила за отворање и продолжување на боледувањата, со кои се менуваат надлежностите на матичните лекари и постапката за одобрување подолго отсуство од работа... 

Од 1 декември нови правила за отворање боледување, матичен лекар смее да даде 5 наместо 7 дена како досега

Додека се на боледување, објавуваат слики од плажа или од зимување на планина...Ваквата пракса на злоупотреби што според податоците на Фондот најчесто ги има во државниот сектор надлежните сакаат да ја прекинат, па затоа ги сменија правилата на издавања на боледувања и од вторник, први декември, матичниот нема повеќе од старт да може да потпише една недела дома. Сега матичниот лекар ќе има право првично да даде само пет дена, а за повеќе мора да има преглед и од специјалист за со неговиот извештај и документацијата да може да го продолжи периодот до 15 дена. Од здружението на матични лекари го поддржуваат новиот правилник, но побарале од Фондот да дадат одреден период да се тестира новиот систем како ќе функционира во пракса, бидејќи за одредени боледувања, како што се оние за грижа за дете, може да има технички проблеми.

Дали одреден период новиот правилник ќе биде ставен на тест засега не се знае, но покрај построгите критериуми за засилена контрола, новиот правилник предвидува и олеснувања за пациентите. Таков е примерот со олеснувањата за одредени дијагнози за кои нема да биде потребно пациентите да се упатуваат на лабораториски испитувања, туку проценката ќе може да ја направи матичниот лекар. За тешко болните, неподвижните и тешко подвижните пациенти, како и за лицата кои се на болничко лекување, боледувањето ќе може да се утврди и без физичко присуство на осигуреникот.

Според информациите на Фондот најбројни злоупотреби се регистрираат во т.н. „униформни“ сектори, како што се полицијата, одбраната и здравството. Во одреден дел како што се јавните болници, статистиката од лани покажува дека секој петти вработен е на боледување, најчесто поради дијагноза - спондоза или болки во грбот.

Од ФЗО велат дека измените се резултат на повеќемесечна стручна анализа, со цел да се осовременат критериумите кои не се сменети речиси 15 години.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Деветто партиско собрание на ЛДП, делегатите ја реизбраа Моника Зајкова за претседател

Либерално-демократската партија денеска го одржува деветтото Собрание .

Деветто партиско собрание на ЛДП, делегатите ја реизбраа Моника Зајкова за претседател

Либерално-демократската партија денеска го одржува деветтото Собрание под мотото „Напред, Либералдемократи!“, на кое делегатите ја реизбраа Моника Зајкова претседател на партијата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и здравството одат заедно само кога се во прашање провизии и трагедии

Филипче и здравството одат заедно само кога се во прашање провизии и трагедии, сега Владата ги расчистува правните збрки на СДС и планира старт на изградбата на Клиничка болница Штип.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и здравството одат заедно само кога се во прашање провизии и трагедии

Венко Филипче е последен кој може да зборува за здравството и состојбата во која се наоѓа оваа област.

Практично неговите пишувања на социјалните мрежи, сега конкретно за Болницата во Штип, се врв на политичко лицемерие.

На Филипче треба да му е јасно дека граѓаните не забораваат дека токму Филипче со години беше министер за здравство и имаше целосна власт и буџет да ја изгради новата клиничка болница во Штип.

Филипче наместо да гради модерен клинички центар за целиот источен регион, остави само карабина, раскинати договори, судски спорови.

Филипче и здравството одат заедно само кога се во прашање провизии, сомнителни набавки и трагедии како модуларните болници, а не по инвестиции и грижа за пациентите.

Владата предводена од Христијан Мицкоски ги расчистува правните и административните лавиринти што тој ги остави и обезбедува средства за конечно довршување на штипската болница.

На Филипче му преостанува едно само да прекине со евтини манипулации и слики од проблеми таложени со децении да собира ситни политички поени, се наведува во партиската реакција .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер