ТехнологијаГ7 повика на развој на глобални технички стандарди за вештачката интелигенцијаЛидерите на Г7 повикаа на развој и усвојување на технички стандарди за да се одржи вештачката интелигенција „безбедна“.Иако на тридневниот самит во Хирошима, лидерите на Групата седум (Г7) првенствено се занимаваа со теми кои се однесуваат на продолжување на помошта за Украина, дополнителни санкции против Русија и намалување на влијанието на Кина, регулаторниот пристап кон вештачката интелигенција (ВИ) исто така беше дискутиран по првпат. Договорите и плановите на лидерите на седум најнапредни светски економии укажуваат на итноста за справување со влијанието и ублажување на ризиците околу развојот на вештачката интелигенција, ги пренесува Радио Слободна Европа (РСЕ) анализите на светските медиуми. Лидерите на Г7 повикаа на развој и усвојување на технички стандарди за да се одржи вештачката интелигенција „безбедна“, нагласувајќи дека правилата за дигитални технологии како што е вештачката интелигенција треба да цветаат „во согласност со заедничките демократски вредности“, посочува Ројтерс. Повикот доаѓа откако Европската Унија овој месец се приближи до усвојување законодавство за регулирање на технологијата за вештачка интелигенција, потенцијално првиот сеопфатен закон за вештачка интелигенција во светот што може да создаде преседан меѓу напредните економии. Иако постојат одредени разлики меѓу земјите околу регулирањето на вештачката интелигенција, лидерите на Г7 се согласија да формираат министерски форум наречен „Хирошима AI Процес“ за да разговараат за овие прашања. Самитот следи по минатомесечниот состанок на министрите на Г7, каде што членовите на групата – САД, Јапонија, Германија, Велика Британија, Франција, Италија, Канада и ЕУ – соопштија дека треба да усвојат правила за вештачка интелигенција заснована на ризик. Лидерите на Г7 велат дека одговорната употреба на вештачката интелигенција треба да биде усогласена со вредностите кои вклучуваат правичност, почитување на приватноста и „заштита од вознемирување, омраза и злоупотреба на интернет“, според агенцијата Франс прес. Алатките за генерирање текст, како што се ChatGPT, креаторите на слики и музиката составена од вештачка интелигенција, предизвикаа возбуда, тревога и правни битки бидејќи креаторите ги обвинуваат за присвојување материјал без дозвола, пренесува АФП, додавајќи дека владите ширум светот се под притисок што поскоро да ги намалат ризиците. Новиот јазичен модел на вештачка интелигенција од OpenAI ги принуди земјите ширум светот за првпат да се фокусираат на опасностите од дезинформации, хаос и физичко уништување на критичната инфраструктура, посочува Њујорк Тајмс. Затоа, покрај дискусиите за Украина и Кина на самитот во Хирошима, лидерите на седумте најголеми демократски економии во светот ги одржаа првите разговори за заеднички пристап за регулирање на употребата на програмите за вештачка интелигенција како што е GPT-4. Претходните обиди да се натера групата да се занимава со многу поедноставни технолошки прашања, како што е сајбер безбедноста, обично завршуваа со флоскули за „јавно-приватно партнерство“, и никогаш немало сериозна дискусија за правилата за насочување на употребата на офаназивно кибер оружје, додава весникот.. Сепак, како што истакна Њујорк тајмс, американските власти веруваат дека во случајот на чет-ботови, дури и нејасна дискусија може да помогне да се воспостават некои заеднички принципи: дека корпорациите што ги носат производите ќе бидат првенствено одговорни за безбедносните прашања и дека мора да има правила за транспарентност кои јасно укажуваат за тоа каков тип на податоци е обучен секој систем. Тоа, велат официјалните лица, ќе овозможи дискусии за деталите за тоа како би изгледале тие први прописи. Бидејќи земјите од Г7 се свесни за потенцијалните придобивки и ризици од генеративната вештачка интелигенција, во центарот на дискусиите на самитот на лидерите во Хирошима беше загриженоста за темпото на напредок na вештачката интелигенција што го надминува развојот на стандардите, поради што Самитот ја истакна важноста од дефинирање на „заштитни мерки“ за развојот на вештачката интелигенција, посочува Форбс. Лидерите се согласија да одговорат на предизвикот и да преземат пристап „заснован на ризик“ за навигација на оваа непозната територија. Тие ги идентификуваа клучните области на кои треба да се фокусираат напорите: препознавање на важноста на ВИ, балансирање на нејзините ризици и придобивки, едукација за вештачката интелигенција и повикување на „заштитни огради“ кога станува збор за вештачката интелигенција. За да се обезбеди одговорна и безбедна употреба на генеративната вештачка интелигенција, експертите веруваат дека е од клучно значење да се има сеопфатна регулаторна рамка која ги опфаќа приватноста, безбедноста и етиката, која ќе обезбеди јасни упатства и за развивачите и за корисниците на технологијата за вештачка интелигенција. Вештачката интелигенција веќе не е плод на научна фантастика, туку составен дел од реалноста, подготвена да го трансформира светот на незамисливи начини, истакнува Форбс и оценува дека предизвикот не е да се спротивставиме на еволуцијата на вештачката интелигенција, туку да се осигураме дека патот на развојот е усогласен со заедничките вредности, општествените норми и колективната благосостојба, за да стане алатка за добро, катализатор за напредок и мотор за поправедна и поодржлива иднина, го пренесува РСЕ пишувањето на светските медиуми на оваа тема.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваКим Кардашијан во секси фустан оди во шопинг- минувачите во Рим се чудат (ФОТО)Ким Кардашијан ги продолжи прославите на својот 46-ти роденден со патување во Италија. По свечената вечера во Лос Анџелес, ријалити ѕвездата отпатува во Рим, каде што нејзиното појавување во фустан со особено длабоко деколте привлече големо внимание од минувачите и фотографите. Речиси веднаш по семејната прослава во Беверли Хилс, Кардашијан се качи во авион и се упати кон Европа со нејзината мајка, Крис Џенер. Нивната дестинација беше Рим, каде што обиколуваа луксузни бутици, вклучувајќи ја и продавницата за накит „Булгари“, што создаде возбуда кај минувачите и папараците. Иако момчето Луис Хамилтон не ѝ се придружи на патувањето, Кардашијан изгледаше во одлично расположение. Избор на фустан за обиколка на бутикот За обиколка на продавниците, таа избра тесен бел макси фустан со плисови на пределот на стомакот и врзување околу вратот. Деколтето беше толку длабоко што мораше да го држи материјалот со рака кога излегуваше од автомобилот за да избегне несреќа пред собраните фотографи. Изгледот го комплетираше со високи чевли на платформа и црна коса врзана во висока опашка. И Крис Џенер можеше да се види во позадина, како се одлучува за класично розово јакна од Шанел.Тагови: Ким Кардашијан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСамо уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
ЕвропаПочна хаосот во Париз: Маскирани демонстранти кршат и ограбуваат (ВИДЕО) На крајот од денешниот протест, јавниот ред и мир повторно беа нарушени.Во Париз, полицијата за немири користи палки за да ги растера групите маскирани млади луѓе кои ги кршеа прозорците на автосалоните на авенијата Кур де Венсен, јавува Би-Би-Си. Воздухот беше исполнет со густи облаци солзавец, а полицијата исто така интензивно користеше водни топови. Претходно, протестот беше целосно мирен, а повеќе од 100.000 луѓе маршираа по рута што минуваше далеку од центарот на градот. 🇫🇷💥 FLASH | La police charge des manifestants à coups de matraque, à Paris. La situation reste très tendue sur place. https://t.co/9rB2OIAvSM — Cerfia (@CerfiaFR) October 24, 2026 Полиција: 410.000 луѓе протестираа денеска во Франција Вкупно 410.000 луѓе учествуваа во протестите низ Франција во саботата, вклучувајќи 110.000 во Париз, изјави за АФП француското Министерство за внатрешни работи. Излезноста беше малку помала од минатата недела, кога 550.000 луѓе излегоа на улиците. Од друга страна, според податоците на синдикатот што ги организираше пријавените собири, 800.000 луѓе учествуваа во протестите во саботата низ целата земја, од кои 250.000 беа во главниот град. Судири избувнаа во неколку градови, вклучувајќи ги Париз, Лион, Рен, Нант, Бордо, Ница и Марсеј.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСамо уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
МетеоУтре променливо облачно и врнежливо време со температура до 20 степени Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, информираат од УХМР. МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во оС) 10 Попова Шапка, 14 Крушево, 16 Лазарополе, 18 Крива Паланка, Тетово, Охрид, Претор, Берово, Маврови Анови, 19 Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Виница, 20 Битола, Велес, Штип, 21 Скопје-Петровец, Кавадарци, Струмица, 22 Демир Капија, 23 Гевгелија. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денеска беше променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини имаше појава на магла. Дуваше слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладнево ќе се задржи променливо облачно, а до крајот на денот облачноста ќе се зголеми и во текот на ноќта ќе преовладува облачно време. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. ВРЕМЕТО УТРЕ Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 16 до 20 степени. Во Скопје, променливо облачно, претпладне ќе има услови за појава на слаба магла. Попладне во делови од котлината ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Во текот на новата работна седмица ќе преовладува променливо облачно и претежно стабилно време. Ќе дува слаб до умерен, а во понеделник и во вторник наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter