Г.г. Стефан: Повикуваме на прифаќање на мерките, чување на здравјето

Татковски повикувавме и повикуваме на трпеливо прифаќање и на спроведување на предвидените мерки, на претпазливо чување на своето и на здравјето на другите, како и навремено примање на соодветни лекарства и вакцини, потенцира г.г. Стефан.

Велигден, денот на Христовото воскресение, е празник на животот и настан што ја промени историјата на светот. Воскреснатиот Господ е почеток и крај, и под небото нема друго име со кое би можеле да се спасиме. Оттаму Христовото Воскресение е нашата непоколеблива надеж, зашто „од смртта кон животот и од земјата кон Небото, Христос Бог нè преведе". Затоа, животот на секој христијанин, треба постојано да се напојува и да се храни од верата во славното Христово Воскресение, истакнува во велигденското обраќање архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.

И тој неповторлив настан, посочува г.г. Стефан, не треба да се доживува како празнување заради празнување, туку треба да биде вистинско сведочење, со учество во сеспасителната победа на животот над смртта.

-Живееме во време со постојани искушенија. А како и сиот свет, и ние се соочуваме со здравствени проблеми – со ширењето на заразната болест, кое продре во сите сегменти од живеењето. Затоа татковски повикувавме и повикуваме на трпеливо прифаќање и на спроведување на предвидените мерки, на претпазливо чување на своето и на здравјето на другите, како и навремено примање на соодветни лекарства и вакцини. Исто така, потребно е да се оддадеме и на постојана молитва: и за тие што боледуваат, и за тие што се трудат околу нив, како и за душите на оние коишто починаа од последиците на болеста, потенцира архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.

Господ Христос, преку Својата жртва, го победи секое страдање и ни донесе радост, која никој не може да ни ја одземе. Затоа, да Му благодариме за сѐ на Бога ‒ распнатиот и воскреснатиот, покорувајќи се на Неговата волја и молејќи Го да ни дарува трпение и послушание, да нѐ упати кон секое добро дело, да нѐ утврди во верата и да нѐ подготви за достојни исполнители на Неговото Свето Евангелие. Честитајќи ви го Празникот над празниците, на сите чеда на Мајката Македонска Црква, во Татковината и насекаде по светот – ве поздравуваме со најрадосниот поздрав: Христос Воскресе!, истакнува г.г. Стефан во Велигденското обраќање.

Хамнеи прогласи петдневна жалост во Иран поради смртта на Раиси

Хамнеи прогласи петдневна жалост во Иран поради смртта на Раиси кој загина во пад на американски хеликоптер.

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи денеска прогласи петдневна национална жалост поради смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси кој загина во хеликоптерска несреќа.

Хамнеи претходно изјави дека првиот потпретседател на Иран Мохамед Мохбер е одговорен за извршната власт и оти има рок од 50 дена за одржување претседателски избори.

Според Уставот, во случај на смрт на иранскиот претседател, првиот потпретседател ја презема функцијата шеф на државата во текот на 50-дневен преоден период до одржување на избори, што е предмет на одобрение од иранскиот врховен лидер, кој го има последниот збор во сите државни прашања.

Хеликоптерот во кој загина Раиси беше американски Бел (Bell) 212 кој го развила компанијата „Bell Helicopter“ за канадската армија во доцните 1960-ти како надградба на оригиналниот UH-1 Iroquois.

Цивилната верзија на тие хеликоптери од ерата на Виетнамската војна беше во широка употреба низ целиот свет и ја користат и влади и приватни оператори. Хеликоптерот беше претставен во 1971 година и набргу потоа почна да се користи во САД и Канада, според американски документи за воена обука.

Хеликоптерот Бел 212 е прилагодлив на сите типови ситуации, вклучително и превоз до 15 луѓе, распоредување на воздушна противпожарна опрема, транспорт на товар и монтирање оружје.

Иранскиот модел што се урна вчера беше модифициран за да носи државни функционери. Хеликоптерите Бел 212 ги користат, меѓу другите, крајбрежната стража на Јапонија, агенциите за спроведување на законот во САД, полицијата во Тајланд. Иранското воздухопловство и морнарица имаат вкупно 10 вакви хеликоптери, а не е познато колку летала од овој тип користи иранската влада. Во последната несреќа во Иран со хеликоптер Бел 212, што се случи во 2018 година, загинаа четири лица.

Фото: Елегантната Деми Мур блеска во Кан!!

Холивудската ѕвезда Деми Мур блесна во фустан поради кој сите се едногласни во ставот, дека само вака се доаѓа во Кан!!!!

Познатата актерка е главна ѕвезда на филмот „The Substance“ кој вчера премиерно беше прикажан на Канскиот фестивал.

Убавата актерка на црвениот тепих во Кан се појави како вистинска дива.

Канскиот фестивал е во полн ек, а вчера се одржа премиерата на филмот „The Substance“, во кој главната улога ја има холивудската дива Деми Мур.

Познатата актерка пред премиерата на филмот прошета на црвениот тепих во елегантен фустан со кој уште еднаш потсети зошто е една од најубавите и најдобро облечените дами во светот на славните.

Таа позираше пред претставниците на медиумите во елегантна креација со потпис на модната куќа Скиапарели, тоалет во боја на шампањ.

Фото: Олимписка шампионка се соблече за роденденот!!

Руската уметничка лизгачка Алина Загитова вчера го прослави својот 22 роденден. 

Најпознатата Татарка објави фотографии од роденденот во Дубаи, а на радост на голем број обожаватели атрактивната Алина се сликала на јахта во костим за капење.

Загитова е единствената уметничка лизгачка во историјата која ги освоила сите светски титули во уметничко лизгање.

Алина е олимписка шампионка во поединечна конкуренција, светски и европски шампион, победник на финалето на Гран при, шампион на Русија.

притисни ентер