ФЗО ги повика ЈЗУ кои имаат апарати за магнетна резонанца да проверат уште колку хелиум имаат, чија цена се зголеми и додека е достапен на европскиот пазар - Канал 5

ФЗО ги повика ЈЗУ кои имаат апарати за магнетна резонанца да проверат уште колку хелиум имаат, чија цена се зголеми и додека е достапен на европскиот пазар

Испративме предупредување до јавните здравствени установи што имаат магнетна резонанца да си ги проверат состојбите со апаратите и со состојбите со хелиумот, бидејќи хелиумот е една од суровините што е погодена со војната во Иран. 

ФЗО ги повика ЈЗУ кои имаат апарати за магнетна резонанца да проверат уште колку хелиум имаат, чија цена се зголеми и додека е достапен на европскиот пазар

Фондот за здравствено осигурување упати предупредување до јавните здравствени установи што имаат апарати за магнетна резонанца да проверат уште колку хелиум имаат, бидејќи цените на овој гас се зголемија по војната во Иран. Ова денеска го истакна директорот на ФЗО, Сашо Клековски.

Испративме предупредување до јавните здравствени установи што имаат магнетна резонанца да си ги проверат состојбите со апаратите и со состојбите со хелиумот, бидејќи хелиумот е една од суровините што е погодена со војната во Иран. И веќе скокнаа цените за 30 отсто на европскиот пазар. Без хелиум не можат да работат магнетните резонанци. Предупредени се да постапат со проверките, кажа Клековски.

Побаравме, додаде тој, да се напарават навремени проверки на состојбите на магнетните резонанци во земјата дури се уште има достапен хелиум на европскиот пазар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Флајдубаи“ ги прекинува летовите кон Израел; Нетанјаху издаде соопштение

Израелската министерка за транспорт, Мири Регев, побара суспензија на сите летови на „Флајдубаи“ (Flydubai) кон Израел по драматичниот инцидент што се случи утрово на летот од Дубаи кон Тел Авив.

 „Флајдубаи“ ги прекинува летовите кон Израел; Нетанјаху издаде соопштение

Според извештаите на израелските медиуми, Регев исто така побара од Управата за цивилно воздухопловство да истражи дали Обединетите Арапски Емирати го прекршиле договорот за воздушен сообраќај потпишан со Израел. Според истите извори, тој договор предвидува дека на израелска територија можат да слетуваат само авиони управувани од пилоти кои се државјани на земји со кои Израел воспоставил дипломатски односи.

Првичните и сè уште непотврдени информации укажуваат на тоа дека копилотот на овој лет – идентификуван од некои медиуми како државјанин на Оман – го нападнал капетанот и се обидел да го урне авионот пред да биде совладан од патниците. Вреди да се напомене дека Израел нема дипломатски односи со Оман.

Бенјамин Нетанјаху изјави дека е прерано да се извлекуваат заклучоци за тоа кој стои зад нападот на летот на „Флајдубаи“ (Flydubai) кон Тел Авив. Во меѓувреме, израелскиот амбасадор во ОН го опиша инцидентот како терористички напад, но не обвини никого директно. „Флајдубаи“ најави прекин на сите летови кон Израел додека трае истрагата и ја повика јавноста да се воздржи од шпекулации.

Инцидентот се случи на лет од Дубаи кон Тел Авив, во кој патуваа повеќе од 170 патници, главно Израелци.

Според достапните информации, еден од пилотите го нападнал другиот со нож во пилотската кабина, обидувајќи се да ја преземе контролата врз авионот. Додека авионот нагло губел висина, неколку патници упаднале во пилотската кабина. Тие успеале да го совладаат напаѓачот, да го стабилизираат авионот и да извршат принудно слетување во Саудиска Арабија.

Во интервју за „Фокс њуз“, израелскиот премиер Нетанјаху најави дека ќе го открие идентитетот на напаѓачот и дали тој имал соучесници, но предупреди дека е прерано да се зборува за можна вмешаност на Иран. Пилотот што го извршил нападот моментално е на испрашување кај саудиските власти, а Нетанјаху очекува осомничениот наскоро да биде екстрадиран во Обединетите Арапски Емирати.

Израелскиот премиер изјави дека разговарал со претседателот на ОАЕ, кој се согласил да му дозволи на Израел да учествува во испрашувањето.

Како и други светски лидери, и Нетанјаху ја пофали храброста на патниците и на екипажот. Неговиот кабинет објави видео во кое патникот Јанив Хајун, водоинсталатер по професија, му го опишува инцидентот на премиерот. Тој раскажа како патниците слушнале крик и почувствувале промена во притисокот додека авионот почнал нагло да понира; потоа насилно влегле во пилотската кабина и го затекнале напаѓачот кај контролите.

„Го фатив напаѓачот, го стегнав околу вратот и прв го извлеков“, рече Хајун за време на средбата со Нетанјаху, откако патниците се вратија во Израел. Додека другите се бореле со напаѓачот, Хајун ја фатил управувачката палка и ја повлекол кон себе, исто како што видел на телевизија. Потоа, членовите на екипажот ги презеле контролите. Пилотот кој бил нападнат со нож е индиски државјанин, капетанот Смит Мачар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Прв академски час почнува студиската 2026/2027 година

На универзитетите во земјава денеска почнува новата студиска 2026/2027 година со организирање прв академски час.

Прв академски час почнува студиската 2026/2027 година

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје тој ќе се одржи на платото на УКИМ каде што е најавено свечена програма со официјални обраќања, културно-уметничка програма и информативна сесија, како и пригодни активности за дружење и забава.

На првиот академски час на УКИМ ќе присуствува и ќе се обрати министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Со конкурсот на УКИМ, годинава на 23-те факултети во негов состав беа слободни вкупно 8851 место за бруцоши во новата академска година.

На најстариот и најголем универзитет во државата во моментов студираат над 26 илјади студенти, од кои на додипломски студии се повеќе од 23 400, а останатите се на магистерски и на докторски студии. Во прв циклус (додипломски) студии на УКИМ има 242 студиски програми, 313 на втор (магистерски) и 99 на трет циклус (докторски) студии.

Од оваа академска година УКИМ има и ново раководство предводено од староновата ректорка Биљана Ангелова, која на изборите во мај доби нов тригодишен мандат (15 септември 2026 – 15 септември 2029).

Пред две недели Ректорската управа за мандатот 2026-2029 избра нови проректори – проф. д-р Соња Топузовска – проректор за настава, проф. д-р Ивана Јанеска-Стаменковска – проректор за наука, проф. д-р Иван Чорбев– проректор за меѓународна соработка и проф. Лазо Пендовски – проректор за финансии, инвестиции и развој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево со слаб до умерен ветер и температури до 25 степени

Ова прво-октомвриско утро ќе биде ведро и постудено, а преку денот сончево. 

Сончево со слаб до умерен ветер и температури до 25 степени

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.

Во Скопје, сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 25 степени.

Времето во наредните денови

Под влијание на поле со висок воздушен притисок следува период на стабилно време. Утрата ќе бидат ведри и студени со ниски температури кои наместа ќе се спуштат под нула степени.

Во текот на денот времето ќе биде сончево и релативно топло.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер