Фулам одбил 55 милиони евра за трансфер на Митровиќ?

Српскиот фудбалер Александар Митровиќ останува во англискиот премиерлигаш Фулам најмалку до летниот преоден рок.

Наводно, раководството на тимот одбило понуда за српскиот центарфор од Кина вредна 55 милиони евра.

Митровиќ има одлична сезона зад себе во Англија, ако продолжи во тоа темпо наскоро дресот на Фулам сигурно ќе го замени со дрес на некој многу поактуелен европски клуб.

Српскиот репрезентативец во Лондон пристигна за сума од 25 милиони евра, сега Фулам најверојатно планира добро да заработи на неговиот следен трансфер.

Според британскиот таблоид „Сан“ Фулам одбил да го продаде Митровиќ на кинескиот Гвангжу во јануари иако добил понуда двојно поголема од цената која ја платил при неговото доаѓање во Лондон.

Наводно, Англичаните одбиле понуда од 55 000 000 евра!!

Причина за тоа е битката за опстанок во Премиер лигата.

Фулам очекува Митровиќ со своите голови да му помогне на клубот во битката за опстанок.

Костадиновска-Стојчевска: Танцот со својата креативност ја афирмира македонската култура

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска го честита Светскиот ден на танцот, денот кога танцот се слави како моќ на човечкиот дух, на уметничкото творештво и на значењето на танцовата сцена во обликувањето на модерната уметност.

„Министерството за култура го потврдува својот придонес кон сцената и останува партнер во афирмацијата на македонскиот танцов идентитет“, рече министерката Костадиновска-Стојчевска, додавајќи дека танцот како креативна универзална уметност ја одразува и ја промовира македонската култура која има значајна историја на танци низ чие постоење се рушеле предрасуди и ограничувања.

Министерката Костадиновска-Стојчевска изрази уверување дека заедничките проекти го унапредуваат културниот дијалог и ја носат слободата на уметноста.

Дафина Стојаноска: Теарце е македонски непокор

Вчера, заедно со носителката на листата во ИЕ 6 од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, во посета на Теарце беа и техничките министри Панче Тошковски и Ѓоко Велковски. 

Остварија средби со жителите кои добија ветер во грб и беа задоволни од тоа што имаа можност да разговараат за нивната живеачка и опстанок во овие краишта. Тие биле и се македонскиот непокор. Остануваат во родните краишта, но овојпат очекуваат многу поголема поддршка од централната власт, бидејќи оваа сосема ги заборави.

Дизелот и Еуросупер БС 98 поевтинуваат за 0,5 денари

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС 98 ќе биде 89,50 денари за литар, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава за 75,50, а Екстра лесното масло 1 (ЕЛ-1) за 75,50 денари.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), од полноќ се намалуваат за 0,50 денaри по литар, а цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 останува иста, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС 98 ќе биде 89,50 денари за литар, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава за 75,50, а Екстра лесното масло 1 (ЕЛ-1) за 75,50 денари.

За 2,107 денари поскапува Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе лини 46,661 денари.

притисни ентер