Фудбалска легенда на 29 години ја напушти кариерата, па стана милионер од бизнис со саке - Канал 5

Фудбалска легенда на 29 години ја напушти кариерата, па стана милионер од бизнис со саке

Најпопуларниот и најдобар јапонски фудбалер на сите времиња, Хидетоши Наката, се прости од фудбалот по Светското првенство во 2006 година на само 29 години.

Фудбалска легенда на 29 години ја напушти кариерата, па стана милионер од бизнис со саке

Наката, кој забележа 77 настапи за националниот тим и беше прогласен за најдобар азиски фудбалер во 1997 и 1998 година, стана светска ѕвезда по Светското првенство во Франција во 1998 година и по тој Мундијал дојде во Серија А и во Перуџа. Беше преголема класа за да остане во тој клуб, па подоцна играше за Рома, Парма, Болоња и Фиорентина, за да ја помине последната сезона во англискиот прволигаш Болтон.

Круната на неговата кариера беше кога ја освои италијанската титула во 2001 година со Тоти, Батистута и останатите од славната генерација на Рома, прва за Волчицата по 18 години.

Оттогаш до крајот на кариерата по Светското првенство во Германија, Наката беше веројатно најпопуларниот Јапонец во светот. Тој беше еден вид божество во својата земја, кое го следеа орди јапонски новинари. Токму оваа популарност на некој начин беше причина што тој прерано се пензионира и со таа одлука го шокираше фудбалскиот свет. Причината беше срамот бидејќи знаеше премалку за својата земја.

„Во секоја земја во која играв, луѓето ме прашуваа за Јапонија, а јас речиси ништо не знаев за неа. Сакав да станам подобар Јапонец и да покажам почит кон мојата земја. Ја напуштив рано, но тогаш сфатив дека е време да вратам сѐ“, изјави тогаш Наката за CNN.

По пензионирањето, Наката стана неофицијален амбасадор на Јапонија и ја обиколи целата земја за подобро да ја запознае нејзината култура. Пред девет години тој започна бизнис кој му донесе милиони. Имено, тој се фрлил во производството на саке, традиционален јапонски алкохолен пијалок направен од ориз. Неговиот саке бренд има едноставно и елегантно име, исто како што беше тој како играч, „Н“.

„Кога го започнав моето патување, ја сфатив културата зад нашиот традиционален саке пијалок и нашата индустрија. Почнав да го разбирам квалитетот на животот, квалитетот на сакето и вредноста на луѓето зад сето тоа и целата наша историја.“

Едно шише од овој пијалок чини меѓу две и три илјади евра, а произведени се само илјада. Наката не застанал тука, туку се посветил на проучувањето на виното и станал експерт за дегустација, а своите производи најмногу ги извезува во Европа. Таму заработил милиони.

„Пазарот на пиво расте во Јапонија бидејќи помладите генерации не знаат многу за сакето. Тие пијат повеќе вино и пиво, а потенцијалот за саке е неверојатен надвор од Јапонија. Сепак, има недостаток на информации и едукација за луѓето околу Јапонија“, додаде Наката.

Наката денес работи со повеќе од 100 брендови ширум светот за да го промовира сакето. Тој започнал соработка и со глобалната компанија Нестле, која решила да лансира целосно нов бренд со познатиот фудбалер.

Почнале да произведуваат чоколади Kit Kat со вкус на саке и отвориле посебен бар во Токио. Се проценува дека Наката од овој бизнис заработил повеќе од 100 милиони евра. Но, тој тврди дека го води страста, а не парите.

„Јас правам само работи за кои чувствувам страст. Тоа е фудбалот, овој бизнис и нашата култура. Не го правам тоа за пари или за да станам популарен. Затоа не гледам само дали работите се успешни или не“, заклучил легендарниот Јапонец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљ

Светската музичка ѕвезда пејачката Кристина Агилера најави изненадување за Ноќта на вештерките преку провокативни фотографии, но сè уште нема откриено каков костим подготвува.

Фото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљ

Американската пејачка Кристина Агилера повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи. Овој пат, таа објави провокативна фотографија на која позира гола во када, покривајќи ги интимните делови од телото со емоџија во форма на духови.

Покрај објавата, пејачката напиша: „Подготовки за Ноќта на вештерките во последен момент“, наговестувајќи дека подготвува нов костим за претстојниот празник. Сепак, таа не откри во што планира да се маскира оваа година.

Фотографиите брзо предизвикаа бројни реакции кај нејзините следбеници. Додека некои упатија комплименти, други се пошегуваа на сметка на долгото чекање за нова музика.

„Се надевам дека овогодинешниот костим е поп-ѕвезда која наскоро ќе издаде нова музика“, напиша еден корисник на социјалните мрежи.

Агилера, која јавноста ја памети по хитови како „Genie in a Bottle“ и „Ain’t No Other Man“, го издаде својот последен албум со нови песни во 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Советот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта Пеј

На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица.

Советот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта Пеј

На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, откако во спроведената постапка беше утврдено дека законски пропишаните услови за вршење на оваа дејност повеќе не се исполнети.

Одлуката е донесена во согласност со Законот за платен промет, врз основа на сеопфатна проценка за исполнетоста на регулаторните барања, вклучително и критериумите кои се однесуваат на подобноста на квалификуваниот учесник, како и на обезбедувањето стабилно, безбедно и законито работење на платежната институција. Од CBCG нагласуваат дека оваа одлука не претставува ризик за финансиската стабилност на Црна Гора, ниту пак влијае врз редовното функционирање на платниот систем.

„Alta Pay Group“ DOO Подгорица не е банка, не прима депозити од граѓани и правни лица и нема никакво влијание врз стабилноста на финансискиот систем на Црна Гора.

Централната банка навремено ги презеде сите неопходни активности во рамките на својата надлежност, со цел да се обезбеди уредно исполнување на обврските на „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, имајќи ги предвид тековните случувања, како и да се заштитат интересите на корисниците.

Советот на ЦБЦГ потврдува дека финансискиот систем на Црна Гора е стабилен, а платниот промет функционира редовно и безбедно. Граѓаните и стопанството можат и понатаму да ги користат платежните услуги на банките и на другите овластени даватели на платежни услуги во Црна Гора.

Централната банка ќе продолжи одговорно, навремено и транспарентно да ја информира јавноста за сите прашања од значење за безбедноста на платниот промет и стабилноста на финансискиот систем.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

Голема благодарност до секој еден жител на општина Брвеница кој го даде својот глас за нашиот кандидат Стојанчо Радичевски, кој во својата програма вети подобра иднина, повеќе инфраструктурни проекти и нови улици, наспроти поделбите по етничка линија од страна на ДУИ, директно и индиректно поддржана во вториот круг од СДС, политичката партија Левица и ВРЕДИ.

Додека ние ја потенциравме силата на единството, за една Брвеница за сите, нашите опоненти максимално го искористија национализмот и повикаа гласањето да биде врз основа на етничка припадност, а не врз основа на програма, визија и проекти.

По овие избори, граѓаните, Македонци и Албанци, ќе очекуваат проекти, а не национализам. Ќе очекуваат резултати, а не демагогија за тоа од која политичка партија доаѓа градоначалникот.

За нас резултатот е повеќе од одличен, затоа што, споредено со последните парламентарни избори, имаме 1.300 гласови повеќе. Иако тоа не беше доволно за победа, ВМРО-ДПМНЕ бележи раст во бројот на освоени гласови.

Почитувани граѓани,

Во првиот круг од овие предвремени локални избори, апсолутно ги декласиравме нашите директни опоненти, СДС и политичката партија Левица, кои беа на четвртото и петтото место на изборите.

Жалиме што ВРЕДИ во Брвеница ја пропушти можноста да биде поразличен од ДУИ, исто како што се покажа и дека кандидатите на СДС и Левица беа тројански коњ во корист на ДУИ, за да ги трошат гласовите на гласачкото тело.

Сами против сите.

Го почитуваме резултатот, а волјата на граѓаните е неприкосновена.

Сепак, Брвеница нема да биде заборавена. Владата, предводена од премиерот Мицкоски, ќе продолжи да го помага и да вложува во развојот на Брвеница.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер