Фудбалот и нацизмот: Мајсторот кој со гол му удри шамар на Хитлер - Канал 5

Фудбалот и нацизмот: Мајсторот кој со гол му удри шамар на Хитлер

Фудбалот можеби е само игра, но кога во него ќе се вмеша политика тогаш станува игра во која еден погрешен потег може да значи смрт.

Фудбалот и нацизмот: Мајсторот кој со гол му удри шамар на Хитлер
Еден таков потег бил кобен по капитенот на „Вундетимот“ на Австрија, Матијас Синделар, бидејќи фудбалот го играл со срце, а за се останато размислувал со својата глава.

Синделар или како што го нарекувале „Фудбалскиот Моцарт“ со својата глава на крај го платил тоа што на теренот му се противставил на погрешен човек – Адолф Хитлер.

Дваесет и трети јануари 1939 година, Матијс Синделар и неговата девојка Камила Кастањола биле пронајдени мртви во неговиот стан во Виена, над кафулето кое го купил.

Во официјалните извештаи стоело дека станува збор за смрт од труење со јаглен моноксид. Другите наводи укажувале дека станува збор за самоубиство, но никој убиството не го споменал како можна причина за смртта. Истрагата е прекината само после неколку месеци, а документите не се пронајдени.

Но што еден австриски фудбалер, притоа австриски патриот би можело да го обележи како мета за политичко убиство? Еден гол и една постапка. За да се види како една од меѓувоени ѕвезди е угасена, треба да се вратиме малку наназад.

Матијас Синделар е роден на 10 февруари 1903 година во Козлов во Австроунгарија. Кога имал само две години семејството се преселило во Виена, во дистриктот Фаворитен, во кој често можел да се слушне чешкиот јазик.

На тоа исто место започнал да игра фудбал на улицата. Имал талент и за брзина, но и проблеми со коленото. Коленото подоцна постојано ќе му биде бандажирано, а тој поради витката конституција ќе го носи и прекарот „Човекот од хартија“.

Фудбал заиграл дури на 15 години во виенската Херта, година дена откако татко му починал на италијанскиот фронт во Првата светска војна.

Ги бранел боите и на виенската екипа Австрија и во тој клуб поминал вкупно 21 година од кариерата. За тоа време добивал богати понуди од клубови како Манчестер Јунајтед, но станот на неговата мајка и Виена биле единствените места за него.

Не му требало долго да ја воодушеви локалната јавност, која по кафеаните и коцкарските маси често се насладувала со приказните за игрите на Синделар.

Во таквите локали често “престојувал“ и самиот Матијас бидејќи ги сакал обичните секојдневни работи. На тимот за три години му донел три Купа и титула и го добил епитетот на ѕвезда, а навивачите го сакале.

„Тој беше суперѕвезда во тоа време, иако тогаш немаше толкава хистерија за играчите. Татко ми често пати ме водеше да го видам. Беше многу слаб, изгледаше како во секое време ветрот дека ќе го одвее и никогаш не би сте помислиле оти самиот ги уништува противничките одбрани. А тоа го правеше. Самото тоа што бев во негова близина беше моќно искуство“ – се присетува Фриц Полстер, чиј татко се дружел со Синделар.

Зборуваме за дваесеттите години на минатиот век кога фудбалот се уште не можеше да стане глобален феномен поради непостоењето на интернетот и неразвиеноста на телевизијата. Тоа што започна со клупското , го продолжи на репрезентативно ниво. За Австрија дебитираше во 1926 година и дал гол во победата над Чешка од 2-1. Потоа дал два против Швајцарците (7-1).

Неговата ѕвезда уште тогаш почна да ги прераснува локалните кафеани и стадиони, стана национален феномен. Тоа заедно со репрезентацијата го потврди и во разбивањето на Шкотска со 5-0 во мај 1931 година, но вистинскиот тест дојде во 1932 година. Австрија гостуваше на Стемфорд Бриџ и играше против Англија која никогаш не губела на свој терен.

Англичаните победија со 4-3, но британските медиуми после тоа зборувале за само еден човек: „Гениј, еден од најдобрите во светот“ и слични биле само некои од насловите наменети за “Човекот од хартија“, кој на Англичаните има даде убав гол од соло акција.

Белгискиот судија Џон Лангенус подоцна тој гол го опиша како “ремек дело какво што никој не можел да направи против тим како што е Англија“.

Синделар истата година даде еден од најубавите голови против Италија. После еден корнер со глава префрли еден од чуварите, помина друг и ја смести топката покрај голманот во долниот агол од голот.


Австријците тогаш веќе го носеа епитетот „Вундертим“ кои во 1934 година ќе изгубат во полуфиналето на “Мусолиновиот“ Мундијал, токму од Италија со гол од офсајд.

„Кога го гледам Синделар, пред очите ми е црвено“. Вака италијанскиот дефанзивец Луис Монти му го опишал Австријанецот на својот селектор Виторио Поци.

Така и се однесувал на теренот. Со силен удар на почетокот на натпреварот од Австријанецот направил посматрач, но тоа не им сметало на „Азурите“ на Синделар во текот на натпреварот да му поделат уште “ќотек“ и да победат.

Уште тогаш, Мусолини дебело се вмешал во фудбалот, но четири години подоцна тоа Хитлер го направил на уште подраматичен начин.

YSS / Delanteras miticas

Во 1938 година бил одигран последниот предвоен Мундијал. Австријците се квалификувале, но како нација ги немало бидејќи пред Светското првенство со „аншлус“ биле припоени на Германија.

Најдобрите австриски играчи биле припоени на “Третиот рајх“, но не и водечкиот меѓу нив – Матијас Синделар. Тој како социјал-демократ одбивал да игра за нацистичка Германија и сакал да остане под грбот на Австрија. Дали бил повреден или едноставно ги игнорирал повиците, “Моцарт“ на тој начин се замерил со Адолф Хитлер и тоа било почетокот на неговиот крај.

Капитен на “старата“ Австрија бил Синделар, а на него и играчите кои биле под стариот грб им “советувал“ да не и даваат гол на Германија, ниту да се обидуваат да победат.

Во тоа успевал цели 70 минути. Промашувал се што можело да се промаши и се воздржувал. А потоа дал гол и го прославил со танц пред 60.000 публика на стадионот. Следувал нов гол. Шасти Сеста бил прецизен од слободениот удар, што воедно било удар и за сите нацистички официјални претставници на трибините. “Ариевската“ репрезентација уште на стартот доживеала шамар.


YouTube video

Матијас Синделар заиграл со срце и го навлекол на себе Гестапо се до крајот на јануари 1939 година, кога бил пронајден мртов. Интересно е тоа што немало наводи дека станува збор за несреќен случај, бидејќи доколку бил убиен или извршил самоубиство, не им имал право на државен погреб.

Вака, Синделар на улиците на Виена и во смртта го прателе 15.000 луѓе. Го испратил градот во кој израснал и останал дел од него до самиот крај. Тоа можеби најдобро го сумирал, гореспоменатиот Фриц Полстер.

„Многу е напишано и многу е речено кога Синди умре. Неговиот гол и тој славенички танц за нас беа многу важни. Тоа беше неговиот начин да каже “Имам своја вредност и убедувања и нив не можете да ги одземете“. Во тоа време кога нацизмот се ширеше низ Европа, славењето на Синделар на сите кои се спротивставија на нацизмот им даде причина да продолжат да се борат“.

Фудбалскиот Моцарт својата борба ја доврши каде што беше најдобар – на фудбалскиот терен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Од депонија до огромен мега парк на 86.000 м² во Карпош

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, истакна дека со силна динамика се уредува новиот мега парк во Карпош на местото на децениската огромна дива депонија.

Ѓорѓиевски: Од депонија до огромен мега парк на 86.000 м² во Карпош

- Таму каде што со години се трупаше смет, ќе растат дрвја. Таму каде што граѓаните гледаа грда слика, ќе има зеленило, спорт и детска смеа. Сите се сеќаваме на огромната дива депонија во Карпош. На наталоженото ѓубре, на негрижата но и на празните ветувања дека конечно ќе биде исчистена. Денес, зборуваат делата. Работата се одвива со силна динамика, расчистуваме наталожениот смет и оваа површина ја претвораме во огромен мега парк, ново место за одмор, рекреација и дружење. Наскоро, ова место ќе ја добие својата целина. На 86.000 м² ќе има зеленило, дрвја, веќе се поставува урбаната опрема и осветлувањето, спортски терени и фитнес-зони, пешачки зони, како и сопствена хидрантска мрежа. Простор за првите детски чекори, за младите и нивните спортски предизвици, за семејните прошетки и за спокојните мигови на нашите највозрасни сограѓани – изјави Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски нагласи дека создавањето нови паркови е меѓу неговите највисоки приоритети, како и дека за само една година се подигнати и уредедени околу 200.000 квадратни метри нови зелени површини низ цело Скопје.

- Ова е површина што им ја враќаме на граѓаните и на природата, со јасна определба Скопје да биде позелен и поубав град за живеење. Продолжуваме со истата решителност. Скопјани заслужуваат да ја гледаат промената во своето маало, на својата улица, пред својот дом. Повеќе зеленило. Повеќе простор за живот. Повеќе причини да се гордееме со нашиот град. Скопје се сака со дела – рече Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп откри што е најголемата пречка за мир во Украина: Никој не беше построг кон Русија од мене

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека верува оти мировниот договор меѓу Украина и Русија е многу блиску и оцени дека Украина на крајот ќе има „малку поинаков облик“.

Трамп откри што е најголемата пречка за мир во Украина: Никој не беше построг кон Русија од мене

Трамп во телевизиската емисија на Си-Би-Ес „60 минути“ изјави дека најголемата пречка за мир, поради што таков договор сè уште не е постигнат, е омразата меѓу украинскиот и рускиот претседател, Володимир Зеленски и Владимир Путин.

„Тоа беше омразата меѓу Зеленски и Путин. Верувам дека сме многу блиску до постигнување договор. Да бев јас претседател, таа војна никогаш немаше да започне. Немаше да има шанси. Но, сепак започна. Значи, ја наследив таа војна. Верувам дека сме многу блиску до постигнување договор“, рече Трамп.

На прашањето дали повеќе му верува на Путин или на Зеленски, Трамп рече дека „подобро би сакал да каже“, но дека „се сложува добро и со двајцата“.

„Имаме состанок. Ќе биде во сабота, но ќе биде продолжен до недела, понеделник и вторник. Значи, ќе видите. Тоа е многу важен состанок. Верувам дека оваа војна ќе заврши, и тоа наскоро. И единствената причина зошто ќе заврши сум јас. Постои огромна количина омраза меѓу претседателот Путин и претседателот Зеленски“, рече Трамп.

Трамп рече дека на претходните средби со Зеленски „имало големо непочитување покажано кон Русија“.

На прашањето дали Трамп смета дека е „влечен од Путин“ кога станува збор за мировните преговори во Украина, Трамп рече дека „не верува“ дека тоа е случај.

„Не верувам во тоа. Па, никој не бил построг кон Русија од мене. Погледнете ја нашата трговија. Погледнете што им направив во трговијата, со санкции и сè друго. Погледнете што им направив. Јас не ги укинав санкциите за дизелот. Дозволив Русија да испорачува, не нам, туку на светот, илјадници и илјадници барели нафта и дизел што им беа потребни. Не им направив никаква услуга“, рече Трамп.

Тој рече дека ѝ обезбедил на Украина „илјадници“ противтенковски оружја како помош и дека САД, а не Европа, ја снабдуваат Украина со оружје.

„Не, ние сме вие, ние ги снабдуваме со оружје. Но, Европа плаќа за тоа, тоа е разликата. Бајден им даде 350 милијарди долари во готово и оружје. Јас не им дадов ништо. И го оставам на Европа, го продавам по полна цена, а тие ни плаќаат. И не само тоа, тие 350 милијарди долари, се чувствував толку виновен за тоа, бидејќи мислев дека е целосна глупост. Европа ги има парите“, рече Трамп.

Тој рече дека „Европа би платила“ за американско оружје за Украина и претходно, но дека „никој дури и не ги прашал“.

„Значи, ние само испраќавме оружје по оружје, ги снабдувавме. Патем, Украина имаше храброст да го користи тоа оружје. Бидејќи, на крајот на краиштата, потребна е храброст за да се користат, а тие се покажаа како многу сериозна сила. Но, тие го имаа најдоброто оружје во светот. И не добивме ништо за возврат. Јас продавам оружје“, заклучи Трамп.

Трамп рече дека „мисли дека ќе имаме“ слободна и независна Украина откако ќе заврши конфликтот.

„Мислам дека ќе имаме, тоа е готово. Мислам дека ќе се случи и Украина ќе заврши во малку поинаква форма. Погледнете, ова е војна што никогаш не требаше да се случи“, рече Трамп.

На прашањето кој неодамна им го отежна на Украинците користењето на сателитскиот систем Старлинк, во сопственост на американскиот милијардер Илон Маск, но чија воена верзија треба да биде контролирана од американската влада, Трамп рече дека „не знае“ и дека тоа не бил тој.

„Не бев јас. Па, знам ова, не можам да ви кажам кој го собори. Можам да ви кажам дека на крајот го врати, па сега го имаат. Не знам, едноставно не знам. Мислам, тој систем е многу добар систем, а можеби бил одбиен. Мислам, дури и не знам. Не ми е докажано дека бил одбиен. Има многу лаги за таа војна. Но, знам едно - штом слушнав за тоа, беше повторно активиран“, рече Трамп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Накит „Фаберже“, порцелан и сребро- над 300 предмети на руското царско семејство Романови ќе се најдат на аукција

Околу 300 ретки предмети и уметнички дела поврзани со руското царско семејство Романови, проценети на повеќе од 15 милиони долари, ќе бидат понудени на аукција во „Сотбис“ на 16 декември во Њујорк.

Накит „Фаберже“, порцелан и сребро- над 300 предмети на руското царско семејство Романови ќе се најдат на аукција

Според аукциската куќа, дел од колекцијата на њујоршката галерија „A La Vieille Russie“ ќе им биде понудена на колекционери и инвеститори, пренесува ТАСС.

Колекцијата вклучува предмети од широк спектар на периоди и категории, од ремек-дела на накит создадени од Карл Фаберже до слики, порцелан и сребрени предмети.

Многу од лотовите се изложени на големи изложби посветени на делото на Фаберже и руската уметност во водечките светски музеи и уметнички галерии.

Пред аукцијата, избрани ремек-дела ќе бидат прикажани на јавноста во Париз, Женева, Лондон и Њујорк.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер