Фудбалерот на Лос Анџелес Мусовски прифати да игра за Македонија

24-годишниот напаѓач на тимот од американската МЛС лига, Лос Анџелес, Даниел Мусовски прифати да игра за македонската фудбалска репрезентација, тој ќе биде повикан за ноемвриските натпревари. 

Фудбалерот со македонско потекло кој настапува во една од најдобрите екипи во МЛС, Лос Анџелес, Даниел Мусовски ќе биде нов репрезентативец на Македонија.

Селекторот Ангеловски добил потврден одговор од Мусовски и ќе го повика за ноемвриските натпревари.

„Навистина ми е драго што Дени прифати да игра за Македонија, имавме искрен разговор и го очекуваме во нашиот тим на следните предизвици во ноември. Ќе ја зголемиме конкуренцијата во офанзивниот дел од тимот и мислам дека ќе биде од корист за сите. Неговиот ефект во Лос Анџелес е одличен. Наша обврска е да се обидеме да ја зголемиме конкуренцијата во тимот со фудбалери кои ќе донесат квалитет и ќе придонесуваат за подобри резултати. Се надевам дека Мусовски ќе го донесе токму тоа во нашата селекција“, изјави Игор Ангеловски за официјалниот сајт на ФФМ.

Дени Мусовски има македонски корени, а роден е во Хендерсон, Невада (САД) на 30. ноември 1995 година.

Кариерата ја почна во 2014 година во Лас Вегас Мобстерс. Пред да пристигне во Лос Анџелес, инаку еден од најдобрите тимови во МЛС, играше уште и за Барлингејм Драгонс, Таксон Сан Хозе Ертквејкс и Рено 1868 каде на 40 натпревари даде 16 гола.

Мусовски пред извесен период беше и МВП на колото во американската МЛС лига.

Албанската полиција запленила фалсификувани чекови во вредност од еден милион долари

Уапсени двајца Италијанци.

На граничниот премин Хан Хоти, на албанско-црногорската граница, албанската полиција запленила фалсификувани чекови во вредност од милион долари.

Уапсени се двајца италијанските државјани во чиј автомобил биле откриени фалсификуваните чекови.

Фалсификуваните чекови се одземени како материјален доказ заедно со возилото, 1700 евра, печати и два мобилни телефона и се предадени на Обвинителството при Основниот суд од општата надлежност Скадар за понатамошни дејствија. /МИА

Легендарната бразилска фудбалерка Марта заминува во пензија

 Најдобриот стрелец во историјата на Бразил во машки и женски фудбал, 38-годишната Марта, одлучи да се пензионира оваа година.

Марта, која од 2017 година настапува за американскиот клуб Орландо Прајд, изрази надеж дека пред повлекувањето од фудбалот ќе може да настапи на претстојната Олимпијадата во Париз.

„Ако одам на Олимпијадата, ќе уживам во секој момент, бидејќи, без разлика дали ќе бидам во Париз ова ми е последна година со репрезентацијата, изјави Марта во интервју за Си-Ен-Ен.

„Од 2025 година Марта повеќе ќе ја нема во репрезентацијата. Многу сум смирена поради тоа бидејќи со голем оптимизам гледам на развојот на спортот што го имаме во однос на младите спортисти“, додаде таа.

Марта, позната како „Кралица Марта“, е најдобар стрелец на сите времиња во Бразил со 116 гола на 175 натпревари. Таа е и најдобар стрелец на женските мундијали со 17 голови. /МИА

Франција и Германија потпишаа договор за заеднички проект за вооружување

Проектот МГЦС се очекува да ги замени германските тенкови Леопард два и француските борбени тенкови Леклерк. 

Францускиот министер за одбрана и неговиот германски, Себастијан Лекорну и Борис Писториус на денешната средба во Париз потпишаа договор за заеднички проект за вооружување во вредност од една милијарда евра, кој вклучува развој на главен борбен тенк од следната генерација.

Министрите потпишаа меморандум за развој на Главен копнен борбен систем (МГЦС), кој има за цел да ги замени сегашните борбени тенкови во Франција и во Германија.

Проектот МГЦС се очекува да ги замени германските тенкови Леопард два и француските борбени тенкови Леклерк. /МИА

притисни ентер