ВМРО-ДПМНЕ: Случајот во Гостивар е доказ дека неспособноста на кадрите поддржани од СДС и Венко Филипче, станува опасна по здравјето и животот на граѓаните
2ВМРО-ДПМНЕ: Случајот во Гостивар е доказ дека неспособноста на кадрите поддржани од СДС и Венко Филипче, станува опасна по здравјето и животот на граѓаните
ФудбалФудбалерот на Барселона за пукање со пиштол во болница доби условна казна (ВИДЕО)Фудбалерот Арда Туран (31) е осудена на условна затворска казна во траење од две години и осум месеци зашто пукал од пиштол и предивикал страв и паника .Туран е осуден и за поседување оружје без дозвола и намерно нанесување повреди. Фудбалер на Барселона кој е позајмен од турскиот Басакшехир, нема да оди во затвор, освен ако не стори кривично дело во наредните пет години, јавуваат турските медиуми. Туран, минатата година, учествуваше во тепачка во ноќен клуб во Истанбул, каде му го скрши носот со пејачот Беркај Сахин. Причина за тепачката е сопругата на пејачот, Озлем Ади која му се допаднала на Туран. Подоцна, Арда го посети пејачот во болницата ,извади пиштол и му го даде . „Не знаев дека тоа е твојата сопруга. Да знаев ,не би направил такво нешто. Ако сакаш, можеш да ме убиеш“, му рече Туран на пејачот, по што пукаше во подот на собата. Басакшехир реши да го казни фудбалерот со 370 илјади евра. Во 2015 година, Туран премина од Атлетико во Барселона за 34 милиони евра, освојувајќи четири трофеи. Тој одиграл 100 натпревари за турската репрезентација и постигнал 17 голови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТенисНовак Ѓоковиќ среде Њујорк завиваше како волк на предпремиерата на неговиот филм (ВИДЕО)Најдобриот српски тенисер - Новак Ѓоковиќ, моментално е во Њујорк, на „Fanatics Fest“ кој собра бројни светски ѕвезди од сите спортови, но и од други области.Само пред неколку дена, Новак играше на Вимблдон, беше елиминиран во полуфиналето од Јаник Синер (3:0), и многу брзо успеа да се најде во Соединетите Американски Држави. Прво, повод беше претпремиерата на неговиот одличен филм „Волкот во зима“, кој ќе се појави на платформите кон средината на август. Филмот ја раскажува приказната за неговото воспитување, па сè до освојувањето на 24-тата Гренд слем титула и сè што го класифицираше како најдобар тенисер на сите времиња, објави Телеграф. Телеграф е во Њујорк, па ја искористи можноста да оди на предавањето на Новак Ѓоковиќ, на кое Србинот зборуваше за бројни теми. Многумина беа воодушевени и од моментот кога водителот го замоли да завива како волк, со асоцијацијата со името на неговиот документарен филм. View this post on Instagram A post shared by Telegraf Sport (@telegrafsport) Тагови: Новак Ѓоковиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСилен земјотрес од 7,3 степени го погоди Мексико, зградите се виткаат како од гума (ВИДЕО)Мексико денеска беше погодено од серија многу силни земјотреси, од кои најсилниот беше со магнитуда од 7,3 степени според Рихтеровата скала.По овој прв потрес следеа неколку послаби, вклучувајќи 6 и 5,3 степени според Рихтеровата скала. 🇲🇽 #BREAKING: Terrifying video captures buildings swaying violently as a powerful magnitude 7.4 earthquake struck off Mexico’s Pacific coast.#Mexico #Earthquake #CaughtOnCamera #BreakingNews https://t.co/kvBqpkhQzP pic.twitter.com/8HzZEoMXch — The Globe & News (@TheGlobeNewt) July 17, 2026 На социјалните мрежи се појавија видеа од Мексико, на кои се гледа како зградите се нишаат и извиткуваат под влијание на оваа природна сила. BREAKING: 7.4-Magnitude Earthquake Strikes Off Mexico Near Puerto Madero pic.twitter.com/Zfu2B0LOpU — Roberto Gil (@RbtGil) July 17, 2026 🚨 7.4 EARTHQUAKE STRIKES MEXICO A powerful 7.4-magnitude earthquake has struck off the Pacific coast of Mexico, sending strong tremors across parts of the country.#BreakingNews #Earthquake #Mexico #Tsunami #TsunamiWarning #Seismic #NaturalDisaster #PacificOcean pic.twitter.com/Z2pSoJzSoS — Rosa News Official (@Mirha1206) July 17, 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Случајот во Гостивар е доказ дека неспособноста на кадрите поддржани од СДС и Венко Филипче, станува опасна по здравјето и животот на граѓаните„Апелирам да ги мобилизираме што повеќе членовите и да му дадеме поддршка на Валбон“, го повикуваше Венко Филипче, членството на СДС во Гостивар да даде поддршка за кандидатот Валбон Лимани за градоначалник на минатите локални избори.Но, неспособноста на ваквите кадри поддржани од СДС и Венко Филипче, станува опасна по животот и здравјето на македонските граѓани. Потврда за ова е и последниот случај од Гостивар каде поради нестручно, непрофесионално и неодговорно поставени пумпи на општината и гостиварски „Водовод“ во отпадни води, изминатите дена над 1000 граѓани се затруле и побарале медицинска помош. Општинската власт во Гостивар целосно потфрли во своето работење и на граѓаните не успеа да им го обезбеди елементарното право на чиста вода за пиење и тоа во 21 век, кога светот зборува за брз технолошки развој и вештачка интелигенција. ВМРО-ДПМНЕ бара итно расчистување на случајот и одговорност за сите инволвирани кои несовесно, непрофесионално и неодговорно ги извршувале своите работни активности. На Македонија и на македонските граѓани потребни им се одговорни лица кои достојно, професионално, одговорно и во нивен интерес ќе ги извршуваат функциите за кои се избрани. Македонските граѓани заслужуваат да ги водат луѓе со интегритет кои ќе се грижат за нивниот живот и здравје, а не луѓе кои поради нивната неодговорност животот им го ставаат во опасност, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗабрана за пиење на водата во Гостивар, граѓаните бараат одговори – кој дозволи да се труеме?18:20Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода15:00Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода13:17Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30Кос: Македонија е една од најдобрите земји во реформите, но мора да ги донесе уставните измени15:07
Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30