Фудбалерка е казнета откако среде натпревар ја допирала противничката по интимни места - Канал 5

Фудбалерка е казнета откако среде натпревар ја допирала противничката по интимни места

Марија Пилар Леон, играчка на женската екипа на Барселона, е суспендирана на два натпревари, откако дисциплинската комисија утврдила дека на мечот против Еспањол во февруари „намерно ѝ ги допирала гениталиите“ на противничката играчка Даниела Каракас.

Фудбалерка е казнета откако среде натпревар ја допирала противничката по интимни места

Инцидентот се случил при прекин од корнер, а камерите го снимиле моментот на физички контакт меѓу двете фудбалерки. Исто така, се тврди дека Леон ѝ направила вулгарна провокација на противничката, наводно, прашувајќи ја: „Имаш ли пенис?“

Леон (29) остро ги отфрли обвинувањата, тврдејќи дека немала намера да го наруши интимниот простор на играчката на Еспањол и дека контактот бил исклучиво со нејзината нога.

- Во ниту еден момент немав намера, ниту го нарушив интимниот простор на професионалната фудбалерка Даниела Каракас. Немаше никаков контакт со нејзините гениталии, а камоли намера. „Инсистирам, тоа беше само контакт во играта, без никакво значење што сега му се придава“, рече Леон.

И покрај нејзината одбрана, Шпанската фудбалска федерација го оцени тоа за неспортско однесување и ѝ изрече суспензија од два натпревари. Леон затоа ќе ги пропушти дербито против Атлетико Мадрид и Севиља. Нејзината жалба до Судот за спортска арбитража (CAS) е одбиена.

Серена Вилијамс: Доколку јас бев на местото на Синер ќе ме казнеа 20 години

„Го сакам тој човек, ја сакам оваа игра“, изјави за магазинот Тајм легендарната Вилијамс.

Серена Вилијамс: Доколку јас бев на местото на Синер ќе ме казнеа 20 години

Легендарната американска тенисерка Серена Вилијамс рече дека сигурно би добила 20 годишна суспензија и одземање на сите освоени грен слем титули доколку би била позитивна на допинг тест како во случајот со светскиот рекет број еден Јаник Синер минатата година.

Синер прифати тримесечна забрана во февруари по договорот со Светската антидопинг агенција, која ја оспори одлуката на независен суд да го ослободи од вината по двата позитивни теста за анаболниот агенс клостебол.

„Го сакам тој човек, ја сакам оваа игра“, изјави за магазинот Тајм легендарната Вилијамс, која се пензионираше во 2022 година откако освои 23 грен слем трофеи.

„Синер е одличен за овој спорт, потребен му е на машкиот тенис. Но, да го направев тоа јас, ќе добиев 20-годишна казна“, додаде таа.

Синер, чија забрана истекува на 4 мај, отсекогаш тврди дека е виновен, иако неговиот случај иницира прашања за тоа дали добил повластен третман од спортските федерации./МИА

Медиуми: Анчелоти го напушта Реал, ќе биде селектор на Бразил

 Се очекува тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти да ја напушти клупата на шпанскиот гигант по финалето на Купот на кралот, што ќе се одигра на 26 април против Барселона во Севиља, дознава „Скај Спорт“.

Медиуми: Анчелоти го напушта Реал, ќе биде селектор на Бразил

Анчелоти дополнително ги подгреа сомнежите околу неговата иднина во Реал вчерашната елиминација од Арсенал во четвртфиналето во Лигата на шампиони.

Според „Скај Спорт“, 65-годишниот италијански стратег ќе остане на клупата на Реал до финалето на домашниот Куп, но се очекува потоа да го напушти клубот.

Анчелоти сè почесто се споменува и како најсериозен кандидат за нов селектор на Бразил, а оваа вест би можела и официјално да биде потврдена пред крајот на сезоната.

Фото: ЕПА

Нетанјаху: Израел нема да дозволи Иран да развие нуклеарно оружје

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел нема да дозволи Иран да развие нуклеарно оружје, прецизирајќи дека извршил безброј „отворени и прикриени“ акции кои ја уназадиле иранската нуклеарна програма за „речиси една деценија“.

Нетанјаху: Израел нема да дозволи Иран да развие нуклеарно оружје

Ова е прва изјава на Нетанјаху за Иран откако администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги почна преговорите со Техеран во обид да склучи нов ирански нуклеарен договор.

- Како што многупати изјави премиерот – Израел нема да дозволи Иран да се здобие со нуклеарно оружје, се вели во соопштението од кабинетот на Нетанјаху.

- Премиерот предводеше безброј акции, отворени и прикриени, во борбата против иранската нуклеарна програма, без која Иран денес би имал нуклеарен арсенал. Тие акции ја вратија иранската нуклеарна програма речиси една деценија назад, се додава во соопштението.

Западните земји, предводени од САД, се сомневаат дека Иран сака да се здобие со нуклеарно оружје. Техеран ги отфрла тие обвинувања и го брани правото на нуклеарна енергија за цивилни цели, особено за енергија.

Иран и САД, кои немаат дипломатски односи од 1980 година, минатата сабота ги одржаа првите разговори, со посредство на властите во Оман, за иранската нуклеарна програма.

Втората средба на официјалните претставници на двете земји е закажана за в сабота во Рим./МИА

притисни ентер