Фудбалер на Лион е обвинет за убиство на 16- годишен тинејџер - Канал 5

Фудбалер на Лион е обвинет за убиство на 16- годишен тинејџер

Фудбалскиот клуб Лион е во шок откако еден од играчите на нивната академија е обвинет за убиство!

Фудбалер на Лион е обвинет за убиство на 16- годишен тинејџер

Инцидентот се случил во неделата навечер во северното предградие на Лион, Калиур-ет-Кјур, кога 16-годишен тинејџер по име „Кемс З“ бил нападнат со нож додека бил со двајца пријатели околу 22:30 часот. Младиот човек претрпел убодна рана во горниот дел од телото и бил однесен во болница, но лекарите не можеле да му го спасат животот.

Локалната полиција набрзо уапсила 13-годишен член на академијата на Лион, кој живеел во близина, и го обвиниле фудбалерот за убиство. Поради возраста на осомничениот, неговото име не е објавено.

Градоначалникот на Калиур, Бастиен Жоан, изјавил:

- Нашата заедница е погодена од оваа трагедија. Сите тагуваме со семејството. Инцидентот нема никаква врска со дрога или криминални мрежи - тоа беше личен конфликт што излезе од контрола. Општеството мора да дејствува и повеќе да не стои настрана, за борбата никогаш повторно да не заврши со смрт на дете.

Лион, кој моментално е на врвот на табелата во Лига 1 по успешната жалба против финансиските санкции, сега се соочува со нова криза во својата академија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вучевска Петковска: Крива Паланка тоне во долгови, а ветените мерки за пензионерите, бесплатниот оброк за учениците и пречистителната станица останаа само на хартија

​За неколку дена ќе наврши една година од вториот мандат на градоначалникот Сашко Митовски.

Вучевска Петковска: Крива Паланка тоне во долгови, а ветените мерки за пензионерите, бесплатниот оброк за учениците и пречистителната станица останаа само на хартија

Една година е доволно време за граѓаните да побараат отчет. И затоа денес прашуваме: Што доби Крива Паланка за оваа една година, добивме ли решени комунални проблеми, добивме ли подобри услуги или добивме нешто друго, поголеми долгови и нереализирани ветувања.

Според податоците со кои располага нашата советничка група, заклучно со 30 јуни 2026 година, обврските на Општина Крива Паланка достигнале околу 128 милиони денари. А тоа не е крајната состојба. Во третиот квартал обврските продолжуваат да растат. Граѓаните не гласаа за нов список со ветувања, гласаа за реализација.

Загрижува и случајот со Европската куќа. Просторот е затворен, а зградата која е сопственост на Општина Крива Паланка, според информациите со кои располагаме, е одземена од страна на извршител поради неплатени догови на Општината. Спротивно на тоа на граѓаните им беше ветено нов Младински центар.

Затоа прашуваме: Како се ветуваат нови простори, ако не успевме да го заштитиме постојниот општински имот? По кој основ е поведена извршната постапка, колкави обврски стојат зад ова и што презела општината за да го заштити својот имот? Не може да се зборува за развој, ако општината губи контрола врз сопствениот имот. И тука е клучното прашање: Ако долгот расте, каде се резултатите?

Во предизборниот период на граѓаните им беа ветени многу работи. Бесплатен оброк за учениците до петто одделение. Финансиска поддршка за пензионери со ниски примања од 3000 до 6000 денари. Финансиска поддршка за пензионерите за набавка на огревно дрво. Ветена беше и балон-сала во дворот на Касарната. Главен фекален колектор и пречистителна станица. Решавање на проблемите со свлечишта и други инфраструктурни проблеми.

Но, граѓаните имаат право да прашаат: Што е направено досега, дали за ветените проекти има проектна документација, дали се обезбедени средства, дали е започната постапка и кога точно ќе се реализираат? Затоа што граѓаните не гласаа за нови ветувања. Гласаа за реализација.

Особено загрижува состојбата во ЈП „Комуналец“. Според информациите со кои располагаме, претпријатието се соочува со сериозни финансиски проблеми, а на вработените сè уште не им е целосно исплатена плата за месец август. Затоа прашуваме: Колкав е долгот на ЈП „Комуналец“? Колкави се неговите доспеани обврски? Колку се должи за плати, придонеси и добавувачи? И кој е планот за излез од оваа состојба?

Не може општината да бара нови задолжувања, а истовремено долгот да расте и јавното претпријатие да се соочува со финансиски проблеми. Ние како советничка група не бегаме од одговорност. Напротив. Ќе продолжиме на секоја седница да бараме бројки, документи и отчет. И затоа денес испраќаме јасна порака: Не бараме политички пресметки. Бараме отчет. Не бараме нови оправдувања. Бараме резултати. Не бараме нови ветувања. Бараме реализација.

Единствено нешто што беше забележано во предходната година е реализација на проектите кои ги финансираше Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Крива Паланка заслужува да знае каде одат нејзините пари. Крива Паланка заслужува функционално јавно претпријатие. Крива Паланка заслужува инфраструктура и решени комунални проблеми. И пред сè граѓаните заслужуваат одговор на едно едноставно прашање: По една година од вториот мандат – каде се резултатите што го оправдуваат растот на долгот?

Тоа е прашањето на кое градоначалникот и општинската власт треба да одговорат пред граѓаните. Не со зборови. Туку со бројки. Не со ветувања. Туку со реализирани проекти.

YouTube video

Слаѓана Вучевска Петковска, советничка во Советот на Општина Крива Паланка

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хоџа: Климатската акција бара конкретни мерки, инвестиции и заедничка одговорност

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска учествуваше на националниот дијалог „Забрзување на климатската акција: Национален дијалог на патот кон COP31“.

Хоџа: Климатската акција бара конкретни мерки, инвестиции и заедничка одговорност

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска учествуваше на националниот дијалог „Забрзување на климатската акција: Национален дијалог на патот кон COP31“, организиран од Министерството за животна средина и просторно планирање и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Во рамки на настанот се одржа панел-дискусија во која покрај министерот Хоџа учествуваа претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан, и Даме Димитровски, советник на претседателот на Владата за животна средина и клима. На настанот присуствуваа и претставници на институциите и експерти од областа на климатските промени.

Во своето обраќање, Хоџа истакна дека климатските обврски мора да се преточат во конкретни мерки и мерливи резултати. Тој ги посочи унапредувањето на националното климатско планирање, подготовката на Законот за климатска акција и јакнењето на системот за следење и известување како важни чекори кон поодговорна и поефикасна климатска политика.

Хоџа нагласи дека за забрзување на климатската акција се потребни силни институции, координација, инвестиции и соодветна меѓународна поддршка.

Климатската политика, истакна тој, е важна и за зелената транзиција, енергетската сигурност и одржливиот економски развој.

Националниот дијалог е дел од подготовките на земјата за Конференцијата на ОН за климатски промени COP31, која ќе се одржи во Анталија, Турција, од 9 до 20 ноември 2026 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МЗТ Скопје и Васко Атанасов ја завршија соработката

Најдобриот македонски кошаркарски клуб, шампионот МЗТ Скопје Аеродром ја заврши соработката со тренерот Васко Атанасов.

МЗТ Скопје и Васко Атанасов ја завршија соработката

Двете страни спогодбено ја прекинаа соработката, соопштија денеска од таборот на актуелниот македонски кошаркарски шампион.

Атанасов го презеде кормилото на сино-белите во 2023 година и веднаш се запиша во историјата на домашната кошарка како најмладиот стратег кој успеал да стигне до шампионски трофеј. Од клубот изразија огромна благодарност за неговиот придонес и неверојатните успеси кои ги постигна со тимот од Аеродром, со желби за среќа во понатамошната кариера.

„Управата на клубот му изразува огромна благодарност на Васко за неговиот беспрекорен труд, посветеност и за професионализмот што го покажа водејќи го нашиот тим. Му посакуваме многу здравје и уште поголеми успеси во неговата понатамошна тренерска кариера!“, стои во соопштението на клубот.

Името на новиот шеф на стручниот штаб на МЗТ Скопје ќе биде објавено дополнително, а дотогаш тимот ќе го водат неговите помошници Дејан Србиновски и Тино Даневски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер