Лион бара 40 милиони евра за Фофана - Канал 5

Лион бара 40 милиони евра за Фофана

Премиерлигашот Евертон има намера да го донесе во своите редови фудбалерот од средниот ред на Лион, Малик Фофана, објавува „Л'Екип“.

Лион бара 40 милиони евра за Фофана

Според францускиот медиум, англискиот тим понудил 35 милиони евра за 20-годишниот Белгиец. Оваа сума не им одговарала на Французите, тие бараат 40 милиони евра.

Баерн Минхен е исто така заинтересиран за играчот.

Фофана постигна 11 голови и шест асистенции на 41 натпревар за Лион во сезоната 2024/25 во сите натпреварувања. Неговиот договор е до 30 јуни 2028 година.

Трансфермаркт ја проценува фудбалската вредност на играчот на 30 милиони евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание

Четириесет и четиригодишниот скопјанец Игор Дашковски Стојановски обвинет за палењето на две дипломатски возила на бугарската амбасада во Скопје ја призна вината на денешното прво судско рочиште. 

Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание

Посочи и дека никој не го поттикнал, ниту му наредил да ги запали возилата. Кои му биле мотивите, не кажа.

„Се чувствувам виновен и во целост ја признавам вината. Сам одлучив“, рече Дашковски пред судијката Фанка Јанчулева Михаиловска која го води предметот.

Обвинет е за кривично дело „Загрозување лица под меѓународна заштита“ според кое му се заканува казна затвор од најмалку една година затвор. Настанот се случи на 15 јуни годинава. Според обвинението, Стојановски со автобус пристигнал во централното градско подрачје, по што од бензинска станица наполнил пластично шише со бензин, а потоа ја преминал улицата и се приближил до двете паркирани дипломатски возила. Обвинителката Катерина Коларевиќ вели дека тој бил пресметлив во моментот на извршување на делото.

-Осудителна ќе е секако пресудата, во однос на казната ќе одлучи судот. Има факти кои се изнесуваат во вештачењето кое е изготвено од Д-р Марцикиќ во поглед на психичката состојба на обвинетиот. Па откако ќе ги сослушаме и тие факти ќе биде изведен како доказ вештиот наод и мислење во поглед на пресметливоста на обвинетиот, тој секако е пресметлив како личност и во состојба на пресметливост го сторил кривичното дело. Ќе ја сослушаме и одлуката на судот во поглед на казната,- изјави – Катерина Коларевиќ – Обвинител во ОЈО ГОКК.

Следното рочиште е закажано за 11 ноември... Обвинителството посочува дека бугарскиот амбасадор бил повикан да се произнесе за настанатата материјална штета, а во постапката биле испитани и претставници на амбасадата кои се под меѓународна заштита.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница

Решавање на локалните проблеми или гласање по етничка линија - што ќе биде пресудно во изборот на жителите на Брвеница на нов градоначалник во недела?

Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница

Во вториот изборен круг довербата ќе ја бараат кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски и кандидатот на ДУИ и коалицијата, Аркин Јахиј, кои освоија најмногу гласови во првиот круг.

Според изборните комбинаторики се очекува неизвесна трка меѓу двајцата кандидати кои во кампањата деновиве се заблагодарија за поддршката и изразија оптимизам за победа во недела.

-Благодарност до сите граѓани што ми ја дадоа довербата во првиот изборен круг, очекувам поголема поддршка во вториот круг. Очекувам и победа, да славиме сите заедно, изјави Радичевски.

- Во недела, да застанеме заедно за нашата Брвеница, со достоинство, храброст и верба еден во друг. Заедно наспроти сите разлики. Ве повикувам да си подадеме рака за помирување, изјави Јахији.

На гласачките места во Брвеница во првиот круг од предвремените избори гласаа 7.565 избирачи, а излезеноста беше 46,56 отсто.

Изборните математики покажуваат дека ќе следува тесна битка во Брвеница, а гласовите на Вреди можат да го решат победникот. Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ на првото гласање освои 2.945 гласови наспроти Аркин Јахији од ДУИ со 2.152. Според калкулациите, решавачко ќе биде каде ќе отидат гласовите на отпаднатите кандидати Јакуп Хусени од Вреди со 1.528 гласа, Јовица Радевски од СДСМ со 706 гласа, и независните кандидати Душан Богдановски со 55 гласа и Арифе Идризи со 21 глас.

Дилемата е дали поддржувачите од Вреди ќе гласаат етнички, како што повикаа Али Ахмети и Арбен Таравари или според сопствени убедувања како што ги повикаа Мицкоски и Гаши.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ристовски му честиташе на Христијан Бузалковски за европската вицешампионска титула

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари средба со македонскиот мотоциклист Христијан Бузалковски и му честиташе за освоеното второ место во генералниот пласман во ФИМ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам.

Ристовски му  честиташе на Христијан Бузалковски за европската вицешампионска титула

Со освојувањето на европската вицешампионска титула, Бузалковски ја заокружи извонредната сезона во ова престижно натпреварување, постигнувајќи го најголемиот успех во историјата на македонскиот мотоциклизам.

Министерот Ристовски му упати честитки за успехот и за одличната сезона и истакна дека Министерството за спорт секогаш ќе го вреднува успехот и ќе биде поддршка за спортистите кои достојно ја претставуваат Македонија.

„Освојувањето на европската вицешампионска титула е голем успех за Христијан, но и за македонскиот мотоспорт. Ваквите резултати заслужуваат почит и поддршка. Како Министерство за спорт, ќе продолжиме да ги вреднуваме спортските достигнувања и да создаваме услови за развој на спортистите кои со својата работа и посветеност достојно ја претставуваат Македонија на меѓународната спортска сцена“ - истакна Ристовски.

Бузалковски се заблагодари за приемот и честитките, изразувајќи посебна благодарност за поддршката што ја добива од министерот Ристовски и од Министерството за спорт, која, како што истакна, има значајно место во неговиот натпреварувачки пат и во остварувањето на овој историски резултат.

Министерството за спорт и понатаму ќе продолжи да ги поддржува спортистите и спортските резултати кои придонесуваат за афирмација на македонскиот спорт на европско и на светско ниво.

Министерство за спорт

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер