Фудбалер на Баерн нема да игра за репрезентацијата, причината е неверојатна - Канал 5

Фудбалер на Баерн нема да игра за репрезентацијата, причината е неверојатна

Фудбалерот на Баерн, Ерик Чупо-Мотинг нема да игра за селекцијата на Камерун, бидејќи фудбалскиот сојуз на таа земја испрати покана на погрешна електронска адреса.

Фудбалер на Баерн нема да игра за репрезентацијата, причината е неверојатна

Чупо Мотинг е капитен на репрезентацијата и сигурно ќе ги пропушти квалификациските дуели за Африканскиот куп на нациите.

Камил Џаст Чупо-Мотинг, татко на фудбалерот и негов менаџер, објасни што се случило.

-Сојузот ме контактираше да проверам што се случува. Јас контактирав со Баерн и тие потврдија дека не добиле никаква покана. Тие испратиле покана на погрешна адреса. Ова е непрофесионализам. Не знам како ова би било грешка на Баерн или на мојот син - истакна постариот Чупо-Мотинг.

Извор: srbijadanas.com/

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонскиот рубин станува национален бренд, добива заштита а следен чекор е сертификат за потекло, квалитет и QR-код

Малиново-розова боја, ретка природна појава и богатство скриено во македонските планини. 

Македонскиот рубин станува национален бренд, добива заштита а следен чекор е сертификат за потекло, квалитет и QR-код

Македонскиот рубин, кој се среќава во околината на Прилеп и Мариово, е повеќе од камен со колекционерска вредност – тој е дел од природното и културното наследство на земјата.

Целта сега е да стане препознатлив и надвор од земјава – по своето потекло, специфичните својства и приказната што ја носи за македонската природа, геологија, традиција и уметност, вели министерката за енергетика Сања Божиновска.

„Сакаме името да биде поврзано со земјата од која потекнува, специфичните својства да бидат препознаени и заштитени...“ – Сања Божиновска, министерка за енергетика.

Патот до правната заштита почнал минатата година. Геолошкиот завод го утврдувал потеклото и посебните карактеристики на рубинот и ја подготвил потребната стручна документација. Во мај годинава била поднесена официјалната пријава, а на 17 јуни постапката завршила со решение на Државниот завод за индустриска сопственост – географскиот назив „Македонски рубин“ добил правна заштита.

Но, заштитата не треба да остане само на хартија. Со јасни стандарди и заштитено потекло, идејата е македонскиот рубин да прерасне во препознатлив национален бренд и истовремено да отвори нови можности за домашните занаетчии и дизајнери.

,,Откако ќе завршат сите потребни процедури ние ќе започнеме со официјално и детално информирање на занаетчиите, обработувачите , производителите, трговците и потенцијалните овластени корисници и сите други релевантни чинители,, – Сања Божиновска, министерка за енергетика.

Следниот чекор е неговото потекло и квалитет да може лесно да се проверат. Предвиден е сертификат со податоци за потеклото, квалитетот и специфичните својства на рубинот, како и QR-код преку кој ќе бидат достапни сите информации од сертификатот. Првиот код се очекува до крајот на октомври.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Официјално е формирана Регионалната занаетчиска комора – Кавадарци

Денеска официјално е формирана Регионалната занаетчиска комора – Кавадарци, по повеќегодишни иницијативи и заложби за унапредување на занаетчискиот сектор во регионот.

Јанчев: Официјално е формирана Регионалната занаетчиска комора – Кавадарци

„Формирањето е поддржано од локалната самоуправа и градоначалникот, а иницијативата ја поддржаа и повеќе од 350 занаетчии од Кавадарци со своите потписи. Регионалната комора ќе претставува институционална поддршка за занаетчиите, со цел унапредување на условите за работа, развој и заштита на занаетчиската дејност.

Честитки до кавадаречките занаетчии за овој значаен чекор.“- објави првиот човек на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Собранието има проблем со Бадинтеровото мнозинство,потврди собранискиот спикер Гаши

Собранието има проблем со Бадинтеровото мнозинство, потврди собранискиот спикер Африм Гаши, откако десетина закони останаа заглавни поради не можноста да се обезбеди двојното мнозинство..

Собранието има проблем со Бадинтеровото мнозинство,потврди собранискиот спикер Гаши

Гаши уверува дека се бара начин за надминување на разликите преку дијалог, но конкретно решение нема на повидок.

Во моментов поради немање Бадентер тој не ги става на гласање законите за правична застапеност, за високо образование, за локална самоуправа, иако одмана ја имаат поминато целата собраниска процедура, а нов тест се очекува да биде и законот за висока раководна служба.

-Јасно е дека во Собрание имаме проблем околу гласањето на закони за кои е потребно двојно мнозинство т.н Бадентерово, но за се во демкоратијата треба разговор, дијалог и треба да има решение. Јас лично заедно со сите пратеници разговараме, бараме начин како да ги надминеме овие разлики. Се надевам дека во блиска иднина ќе најдеме решение и ќе се договориме, ако треба закон по закон или концептуално. Како и да е, важно е Собранието да профункционира, изјави Гаши.

Гаши пред медиумите го бранеше ставот со кој се произнесе за осудителната пресудата на Хашкиот суд за четворицата водачи на ОВК, откако минатата недела напиша дека за албанскиот народ овие лица се и остануваат ослободители на Косово. Неговата изјава како претседател на македонското Собрание предизвика многу реакции и дома, а беше прозван и од српскиот претседател Вучиќ, но тој изјави дека ставот бил личен и смета дека има право на тоа.

-Личноста Африм Гаши не може да биде 24 часа и од политички аспект само претседател на Собранието. И затоа свесен дека не го кажувам тоа од позиција на претседател на Собрание, тоа беше мој личен став од моето политичко минато и затоа беше јасно дека и затоа беше јасно дека никаде не се повикав на Собранието или на институцијата. Затоа би сакал и вие и граѓаните да ме разберат дека тоа е мој личен став и не треба да се меша со функцијата која ја извршувам, изјави Гаши.

Гаши информираше дека и на денешната координација со пратеничките групи била отворена темата за Изборниот законик, но засега партиите остануваат без консензус за ова прашање.

Гаши од партиите се уште ги чека и предлозите за формирање на анкетната комисија што треба да ги истражи трагедиите Пулс, Модуларна, Ласкарци и Беса транс, а во меѓуврем очекува да се усвојат заклучоците за Кочани на постојаната анектна комисија за човеквои права која заседава уште лани во декември..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер