ФТ: Облаците над земјите што бараат членство во Унијата би можеле да се расчистат по изборите во Европскиот парламент

По како што оцени пред три дена студениот туш на Меркел и Макрон на балканската надеж за брзо приклучување кон ЕУ, угледниот Фајненшл Тајмс со нова анализа.

Овој пат, се осврнува на оправданата нервоза во Скопје и Тирана поради неизвеснота дали ќе го добијат посакуваниот датум. Во статијата под наслов „Балкански соништа“ британскиот весник пишува дека во Брисел постои извесна загриженост поради негативната порака испратена до земјава на самитот во Берлин, во услови кога таа презела голем ризик со организирањето референдум и промената на името. Ставот на весникот дека пораката може да ги одврати балканските лидери од спроведување на клучните реформи, го делат и аналитичари, кои се дел од Меѓународниот институт за мир во Виена.

-Ако после се, Македонија биде одбиена да почне пристапни преговори, тоа нема да биде удар само за Македонија, туки удар и за визијата на ЕУ за секоја земја посебно од Западен Балкан. Тогаш, едноставно ЕУ ќе ја загуби својата привлечност, што можеби ја имаше во минатото, Никола Буразер, Центар за современа политика Белград

Од македонската влада и натаму се оптимисти дека во јуни земјава ќе го добие долгоочекуваниот датум, особено што и на Самитот во Берлин, на кој не стана збор за проширувањето, Македонија била видена како модел за решавање на меѓудржавни проблеми.

- Македонија е пример за успешна преродба на европската идеја во еден тежок регион како што е Балканот. Таа приказна е толку силна што не можат да ја игнорира ниту една земја-членка и таква мислам дека ќе биде и одлуката во јуни, изјави Бујар Османи, вицепремиер за европски прашања.

Угледниот „Фајненшл Тајмс во резимето на статијата пишува дека сепак „облаците над земјите што бараат членство во Унијата“ би можеле да се расчистат по изборите во Европскиот парламент, кои ќе се одржат од 23 до 26 мај.

Најсмешен крадец во обид: Панталоните ѝ останаа на оградата, се покри со дуксер (ВИДЕО)

Следната приказна доаѓа од чилеанската општина Маипу, каде надзорните камери снимија бизарна сцена.

Во преден план гледаме жена која се обидува да прескокне метална ограда и да влезе во луксузен станбен комплекс. Сепак, работите брзо тргнаа наопаку.

Таа не очекуваше дека панталоните ќе ѝ се зафатат на металните шилци, па следеше „мачна борба на обидот за кражба“, пишува Прото тема.

По две минути останала без делови од облеката и обувките, а интимните делови морала да ги крие со дуксерот.

Локалните медиуми јавуваат дека таа го пребарала дворот и по извесно време заминала.

Останува нејасно што се обидувала да направи, а некои извори наведуваат дека „имала соучесник“.

Прв пат отишла кај момчето на гости, па направила хаос- го парчосала тоалетот (ВИДЕО)

На мрежите повторно се ажурираше приказната за Кенеди Калвел од Ванкувер, а во неа се опишува нејзиното „фијаско“ по првата посета на нејзиното момче.

Девојката објави неколку видеа на TikTok кои „собраа“ милиони прегледи и станаа вирални, пишува New York Post.

@kennedyallegedly Great first impression #boyfriend #poopoo #fml

Кенеди дошла во куќата на своето момче Ник во Торонто за заедно да ги поминат празниците, а недолго потоа побарала да оди во тоалет.

Проблемот настанал кога таа не можела да пушти вода во тоалетот.

„Го отворив резервоарот и ја повлеков рачката. Сепак, ништо не се случи. Кога сфатив дека не можам да го решам проблемот, почна да ме фаќа паника“, рекла таа.

Додека се вртела околу бањата, обидувајќи се да се извлече од непријатната ситуација - и паднал керамичкиот капак! Се разбира, се скрши, а парчиња летаа на сите страни.

„Во шок стоев сред бањата. Се најдов во непријатна, глупава ситуација. Што би можела да направам освен да направам видео на TikTok“, објасни таа.

@kennedyallegedly But seriously what do I do #embarrassing #plumber #awkward #helpme ♬ Monsters, Inc - Gustav Lundgren & Unit

Родителите на нејзиното момче не биле дома, но Кенеди го почувствува притисокот без оглед на тоа.

„Сфатив дека морам да го известам Ник за сѐ што се случи. Не можев да избегам низ прозорецот, ниту да го обвинам миленичето“.

Кога му кажала на момчето што се случило, тој почнал да се смее. Веднаш им се јавил на родителите и рекол дека „случајно го скршил капакот на казанчето“.

Таткото и мајката не се налутиле, а ситуацијата ја дочекаа со насмевка.

„И тие се смееја. Имаат четири сина и се навикнати на дефекти во куќата. Сепак, рекоа дека Ник морал да купи нов капак со свои пари“, изјавила девојката и додала дека се понудила да ја плати штетата.

Студенти исвиркаа холивудска ѕвезда поради неговата поддршка за Израел (ВИДЕО)

Познатиот комичар Џери Сајнфелд доби почесна диплома од Универзитетот Дјук во Северна Каролина, а по тој повод одржа говор пред студентите.

Меѓутоа, во моментот кога беше најавен неговиот говор, дел од студентите почнаа да свиркаат и да извикуваат „слободна Палестина“, а некои демонстративно го напуштија стадионот веејќи палестински знамиња.

Имено, иако комичарот во својот говор не го спомна Израел, некои студенти протестираа поради неговата отворена поддршка за Израел по нападот на Хамас на 7 октомври минатата година.

притисни ентер