СветФТ: Објавен планот на Трамп за ставање крај на војната во УкраинаПоранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, предложи контроверзен план за завршување на војната во Украина, кој предвидува „замрзнување“ на конфликтот и создавање автономни, демилитаризирани зони.Според информациите на Фајненшел Тајмс, овој предлог предвидува намалувањето на американската улога и поголем ангажман на европските земји како гаранти на мировниот процес, но без интеграција на Украина во НАТО. Републиканскиот кандидат за потпретседател Џ.Д. Венс во септември ја изнесе идејата за замрзнување на војната со формирање автономни региони и демилитаризирани зони од двете страни на границата, но без членство во НАТО, потсетува ФТ. Според еден од долгогодишните советници на Трамп, новиот план предвидува преиспитување на договорите од Минск од 2014 и 2015 година, кои никогаш не беа спроведени. Тие договори предвидуваа територијален интегритет на Украина со автономни зони, додека окупираниот Крим не беше споменат. Планот на Трамп вклучува воведување на „клаузула за механизам за извршување“, односно воведување санкции за прекршување на договорот. Европските земји треба да ја преземат улогата на гаранти и „надзорници“ на мировниот процес, додека учеството на Соединетите Американски Држави и НАТО би било минимално, пишува Фајненшл тајмс. - Има две работи на кои САД ќе инсистира. Нема да имаме наши луѓе во механизмот за спроведување. Нема да го финансираме. Европа ќе плати за тоа, додаде советникот на Трамп. Критичарите, вклучувајќи ги и украинските власти, предупредуваат дека ваквиот пристап може да се гледа како попуштање пред руската агресија, додека поддржувачите на Трамп веруваат дека е неопходна нова стратегија, земајќи ја предвид актуелната состојба на теренот. Сојузниците на Трамп тврдат дека Украина ја губи војната и затоа притисокот за договор е „морално исправно“. Трамп смета дека сегашниот американски претседател Џо Бајден треба да разговара со рускиот претседател Владимир Путин, како што американските претседатели разговараа со лидерите на Советскиот Сојуз за време на Студената војна и дека членството на Украина во НАТО во моментов не е опција. Фред Флејц, поранешен аналитичар на ЦИА, кој работеше во Белата куќа за време на мандатот на Трамп, а сега е во Центарот за американската безбедност, во интервју за ФТ сугерира дека членството на Украина во НАТО може да биде надвор од агендата неколку години, со цел да се принуди Русија да преговара. - Го замрзнуваме конфликтот, Украина не отстапува територија, не се откажува од своите територијални претензии, и почнуваат преговори со разбирање дека веројатно нема да има конечен договор додека Путин не се повлече од функцијата руски претседател, рече Флејц. Сепак, овој пристап нема да има едногласна поддршка во Републиканската партија, известува ФТ. Мајк Волц, еден од главните републикански говорници за национална безбедност во Претставничкиот дом, сугерираше дека Трамп треба да се закани со уништување на руската економија со намалување на цените на нафтата и гасот за да го доведе Путин на преговарачка маса. - Извезувате поевтина, почиста американска нафта и гас низ целиот свет. Ја намалувате цената, додаде Валц. Саудиска Арабија, важен сојузник на Трамп за време на неговиот прв мандат, веројатно не би го поздравила таквиот потег. Сепак, луѓето блиски до Трамп инсистираат дека тој ќе изврши силен економски притисок врз Путин. - Тој покажа дека знае како да ги доведе двете страни на маса, рече Рик Гренел, поранешен амбасадор во Берлин и балкански пратеник на Трамп, потсетувајќи на Абрахамскиот договор, договорите потпишани од Израел и Обединетите Арапски Емирати, Бахреин, Мароко и Судан додека Трамп беше на власт. - Тој го правеше тоа постојано. Арапите и Израелците, Русите и Украинците ќе бидат следни, рече тој. Иако стратегијата на Трамп се чини како можност за ново решение, многумина се прашуваат за долгорочните последици и безбедносните гаранции за Украина. Овој план ќе биде тема на политички дебати, особено во контекст на претстојните избори во САД.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПовторна расправа за Законот за јавни набавки во СобраниетоВо Собранието денеска исто така ќе се расправа и за законот за јавните набавки откако претседателката Гордана Сиљановска-Давкова претходно не го потпиша указот за негово прогласување.Со тоа што пратениците на 10 ноември го усвоија амандманот со кој се смени начинот на именување на претседателот и членовите на Државната комисија за јавни набавки, претседателката оцени дека ваквата измена отвора простор за неограничен број мандати и отвора прашања за владеењето на правото и концентрацијата на моќта во одлучувањето за јавните средства. Со спорниот член се предвидуваше можност за повторно именување без јасно ограничување на бројот на мандати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МакедонијаОд недела задолжителна зимска опрема за сите возила Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, вклучително и зимски гуми, која ќе важи до 15 март 2027 година.Обврската важи за сите моторни возила што учествуваат во јавниот сообраќај, без разлика на временските услови и дали на коловозите има снег или мраз. Возачите кои нема да ги исполнуваат пропишаните услови ризикуваат да добијат казна од 45 евра а целта на мерката е поголема безбедност во сообраќајот во текот на зимските месеци.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Пица вафлиВо петок (06.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Стојне Карадакоски - Баба РужаСостојки за денешниот рецепт: 120 гр. брашно 100 мл. млеко 1 јајце 2 лажици доматно пире 100 гр. кашкавал 1 прашок за пециво 1 лажиче италјански зачин или оригано 100 - 200 гр. шунка или салама 100 гр. кечап 100 гр. мајонез масло сол, бибер и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20