СкијањеФројнд најдобар на леталницата во КулмГерманскиот ски-скокач Зеверин Фројнд победи на реконструираната леталница во австрискиот зимиски центар Кулм, со летови со должина од 227,5 и 210 метри и освои вкупно 420,5 бодови, што му го донесоа првото место пред победникот на Новогодишната турнеја „Четири скокалници“, Штефан Крафт.За Фројнд ова е втора победа сезонава во Светскиот куп, а вкупно 11-та во кариерата. Третото место му припадна на Словенецот Јуриј Тепеш, кој во втората серија имаше најдолг лет од 231 метар, но слабиот пласман на шестото место во првата серија го спречи да има подобар резултат. Во генералниот пласман Австриецот Михаел Хајбек со вкупно 704 поени е лидер, иако денеска го освои 16-то место. Крафт е втор со 697, а Словенецот Петер Превц е трет со 634. Утре на леталницата во Кулм на програмата е нов натпревар од Светскиот куп. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАлармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода13:17Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30Кос: Македонија е една од најдобрите земји во реформите, но мора да ги донесе уставните измени15:07Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08Стевчо Јакимовски доброволно замина во затворот „Скопје“ 18:05
Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30
Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08
МакедонијаОпштина Илинден започна со изградба на препумпен уред за фекална канализација во н.м КадиноОпштина Илинден продолжува со инвестициите за развој на комуналната инфраструктура, во чии рамки се започнати активности за изградба на препумпен уред за фекална канализација во населеното место Кадино.Станува збор за проект кој е дел од пошироката изградба на фекалната канализациона мрежа во н.м Кадино, при што препумпниот уред ќе биде поврзан со веќе реализираниот крак К4, долг околу 2.500 метри, на кој се изградени 50 шахти и со кој се овозможува приклучување на приближно 100 домаќинства. Со овој препумпен уред ќе се опфати канализационата мрежа од улиците „1“, „2“ и „3“, при што отпадните води преку веќе поставениот потисен цевковод ќе се транспортираат до постојната пречистителна станица во н.м Кадино, каде ќе се врши нивен третман и прочистување. Увид во тековните активности изврши градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој истакна дека вложувањата во канализационата инфраструктура имаат клучно значење за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, како и за зачувување на животната средина преку современо управување со отпадните води. Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со реализација на инфраструктурни проекти за изградба, реконструкција и проширување на канализационата мрежа во сите населени места.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСавески: Ристовска ќе постапуваше по предметот „ТАЛИР 2“ доколку не поднесе оставкаЈавното обвинителство ќе донесе одлука дали ќе ја обжали ослободителната пресуда за екс премиерот Никола Груевски во предметот „Талир 2“ откако ќе ја добие и анализира писмено изработената пресуда и нејзиното образложение.Изјави денеска државниот јавен обвинител Ненад Савески, прашан дали обвинителството ќе поднесе жалба на судкската одлука. Во однос на критиките на дел од партиите дека повлекувањето на овластувањата на обвинителката Ленче Ристоска влијаело врз исходот на предметот „талир 2“,савески оцени дека таквите тврдења не одговараат на фактите, а ристовска според него ќе постапувала по предметот доколку не поднесела оставка.Тагови: Обвинителството Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп пристигнува на финалето на Светското првенство во Њу Џерси Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, ќе присуствува на финалето на Светското првенство меѓу Аргентина и Шпанија (недела, 21:00 часот), потврди портпаролката на Белата куќа, Керолајн Ливит.Веста претходно ја соопшти претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, а сега е официјално потврдено дека Трамп ќе биде меѓу гостите на завршницата на турнирот. Неговото доаѓање се случува во момент кога сè уште се дискутира за една од најголемите контроверзии на ова Светско првенство – одлуката на ФИФА да ја укине автоматската суспензија на американскиот репрезентативец Фоларин Балогун. Наводно, токму Трамп стапил во контакт со Инфантино и побарал да се преиспита црвениот картон на напаѓачот на САД, по што ФИФА ја суспендирала казната и му дозволила на Балогун да настапи на натпреварот од осминафиналето против Белгија. Трамп претходно присуствуваше на најголемите спортски настани во САД, вклучувајќи ги „Супербоул“, финалето на НБА, тенискиот турнир „Ју-Ес Опен“ и „Рајдер купот“, а за време на својот мандат во Белата куќа бил и домаќин на настани на УФЦ. Минатата година тој го додели трофејот за светски клупски шампион, во натпреварување што исто така се одржа во САД.Тагови: Доналд Трамп ФИФА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАлармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода13:17Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30Кос: Македонија е една од најдобрите земји во реформите, но мора да ги донесе уставните измени15:07Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08Стевчо Јакимовски доброволно замина во затворот „Скопје“ 18:05
Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30
Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08