Фридом Хаус: Србија не е демократска земја, има проблеми во многу области - Канал 5

Фридом Хаус: Србија не е демократска земја, има проблеми во многу области

Србија четврта година по ред не е класифицирана како демократска земја.

Фридом Хаус: Србија не е демократска земја, има проблеми во многу области

Во новиот годишен извештај на Фридом хаус „Земји во транзиција“, Србија четврта година по ред не е класифицирана како демократска земја, туку во „хибридни или транзициони режими“ во кои демократските институции се кревки, додека постојат значителни предизвици во заштитата на политичките права и граѓанските слободи, јави дописникот на МИА од Белград.

Квалитетот на демократијата, кој според извештајот на Фридом Хаус се мери од еден до седум, годинава е оценет како и лани со 3,79, што тогаш беше втор најголем забележан пад. Според овој индекс, Србија моментално го дели второто место на Западен Балкан со Црна Гора и Албанија, додека Македонија е најдобро рангирана.

Во извештајот се наведува дека иако на прв поглед има подобрување на политичкиот плурализам во текот на 2022 година поради учеството на опозицијата на изборите по повеќегодишен бојкот, изборниот процес и понатаму беше нарушен со нерегуларности и покрај меѓупартиските дијалози насочени кон подобрување на изборните услови.

Како најконтроверзен аспект на изборите во 2022 година, Фридом Хаус го наведува пролонгираниот процес на утврдување на конечните резултати од парламентарните избори.

Во извештајот за Србија, иако нема назадување во однос на минатата година, се наведува дека негативниот развој на слободата на медиумите продолжил и во 2022 година.

-Нападите врз новинарите во Србија сè уште се загрижувачки. Според податоците на Независното здружение на новинари на Србија (НУНС), во текот на годината биле забележани 132 случаи на напади врз новинари. Иако ова претставува намалување во споредба со 2020 и 2021 година, сепак е трет најголем број напади во последните 10 години, се наведува во извештајот.

Во него се споменува и одлуката на Регулаторното тело за електронски медиуми (РЕМ) за продолжување на емитување на националните фреквенции за следните осум години на телевизиите блиски до власта, „кои не ги исполниле обврските и условите за добивање лиценци“.

Кога станува збор за борбата против организираниот криминал и корупцијата, Фридом Хаус потсетува дека судењето на кланот на Вељко Беливук, обвинет за киднапирања, убиства и силувања, започна во октомври 2022 година.

-Додека властите го претставуваа случајот како доказ за својата борба против организираниот криминал, обвинетите членови на бандата за време на судењето зборуваа за нивните врски со владејачките партии, пишува ФХ.

Во делот на извештајот за состојбата на демократските институции, Фридом Хаус наведува дека во текот на минатата година во политичкиот дискурс во голема мера доминирала руската инвазија на Украина, како и барањата Србија да се усклади со европските санкции против Русија.

Во него се додава дека војната во Украина, заедно со барањата на ЕУ во врска со санкциите, доведоа до големи десничарски протести за поддршка на Русија, како и на закани за новинарите кои известуваа за војната, додека анкетите за првпат покажаа дека повеќе од 50 отсто на српските граѓани се против членството.во Европската унија. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Црна Гора денес затвора три поглавја од преговорите со ЕУ

Потпретседателот на Владата на Црна Гора за надворешни и европски работи, Филип Ивановиќ, објави дека денес на Меѓувладината конференција со Европската Унија (ЕУ), Црна Гора ќе затвори три поглавја од преговорите, наместо претходно најавените две..

Црна Гора денес затвора три поглавја од преговорите со ЕУ

Црна Гора досега привремено затвори 18 поглавја.

Ивановиќ рече дека ова е одлична вест за европската интеграција на Црна Гора.

Како што наведе, со затворањето на три поглавја денес, Црна Гора ќе биде еден чекор поблиску до целта да стане 28-ма членка на ЕУ до 2028 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МНР: Софија ги подрива напорите за градење доверба, за случајот ќе бидат информирани ЕУ и Советот на Европа

Бегството на Ива Михајлова во Бугарија и нејзиниот прием на високо ниво во Софија, ги подрива напорите за градење доверба и е спротивно на декларираните заложби за развој на добрососедските односи – реагираа од МНР...

МНР: Софија ги подрива напорите за градење доверба, за случајот ќе бидат информирани ЕУ и Советот на Европа

-Приемот на високо ниво на лице против кое се води судска постапка испраќа сериозно погрешна порака. Националната припадност и поседувањето друго државјанство не смеат да служат како заштита од одговорност пред надлежните институции. Секој има право на правично судење. Никој нема право на изземање од законите.

Од Република Бугарија, како членка на Европската унија, очекуваме постапување во согласност со основните европски принципи: почитување на судските постапки, соработка меѓу надлежните институции и еднаквост пред законот. Постапките што создаваат впечаток на институционална заштита од судска одговорност се неспоиви со тие принципи. Владеењето на правото не смее да биде селективно, ниту да зависи од националната припадност на поединецот. – реагирааат о МНР и велат дека за развојот на случајот, ќе ги информираат меѓународните партнери, особено институциите на Европската унија и Советот на Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Прекината блокадата на депонијата „Краста“, почнува изнесувањето на ѓубрето од Куманово

Жителите на селата Студена бара и Пчиња утринава ја прекинаа блокадата на депонијата „Краста“, откако пожарот беше изгаснат, а сметот затрупан со земја во голема акција на тешка механизација и камиони од приватни фирми.

Прекината блокадата на депонијата „Краста“, почнува изнесувањето на ѓубрето од Куманово

Жителите синоќа се сретнале со кризниот штаб, при што биле договорени натамошните активности.

Тие бараат во иднина сметот да се депонира на начин што нема да доведе до ново палење, односно по секој слој смет, да се става слој на земја...

Блокадата на депонијата „Краста“ траеше шест дена, а два дена ѓубрето се носеше на скопската депонија „Дрисла“..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер