Фредериксен: Доаѓањето на американска делегација на Гренланд е неприфатлив притисок - Канал 5

Фредериксен: Доаѓањето на американска делегација на Гренланд е неприфатлив притисок

СAД вршат неприфатлив притисок врз Гренланд, изјави за ТВ2 данската премиерка Мете Фредериксен, пред посетата на висока американска делегација на полуавтономната данска територија оваа недела.

Фредериксен: Доаѓањето на американска делегација на Гренланд е неприфатлив притисок

Посетата на американската делегација, која ќе трае од четврток до сабота, ќе ја предводи Уша Венс, сопруга на потпретседателот Џеј-Ди Венс, заедно со советникот за национална безбедност на Белата куќа, Мајк Волц, и секретарот за енергетика Крис Рајт.

„Морам да кажам дека притисокот што се врши врз Гренланд и Данска во оваа ситуација е неприфатлив. И тоа е притисок на кој ќе се спротивставиме. Посетата не може да се сфати како знак на почит. Планираните посети не можат да се гледаат одделно од се погласните изјави и пораки што ги слушаме од Америка од јануари, изјави Фредериксен за ТВ2.

Ниту Владата на Гренланд ниту Владата на Данска не упатија покана до делегацијата. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шведска поддршка за енергетските реформи во Македонија – Божиновска и Сулстром отвораат нови можности за инвестиции

Шведска поддршка за енергетските реформи во Македонија – Божиновска и Сулстром отвораат нови можности за инвестиции и партнерства.

Шведска поддршка за енергетските реформи во Македонија – Божиновска и Сулстром отвораат нови можности за инвестиции

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес оствари работна средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Македонија, Н.Е. Ола Солстром, на која беше потврдена одличната билатерална соработка и заедничката определба за нејзино натамошно продлабочување, со посебен акцент на енергетиката, инфраструктурните проекти и зелената транзиција.

Во фокусот на разговорите беа можностите за унапредување на соработката во областа на енергетската ефикасност, модернизацијата на енергетската инфраструктура и развојот на паметни енергетски решенија, области во кои Шведска претставува еден од европските лидери.

Министерката Божиновска истакна дека Владата е цврсто посветена на модернизација на македонскиот енергетски систем, зголемување на учеството на обновливите извори на енергија и градење одржлив и конкурентен енергетски сектор.

„Нашата цел е современ, ефикасен и одржлив енергетски систем кој ќе обезбеди сигурност за граѓаните и ќе создаде поволна клима за нови инвестиции. Шведското знаење, искуство и технолошки развој претставуваат значаен потенцијал за заеднички проекти и партнерства кои ќе придонесат за побрза енергетска трансформација на Македонија“, истакна министерката Божиновска.

Амбасадорот Ола Солстром ја нагласи подготвеноста на Шведска да продолжи да ја поддржува Македонија во реформските процеси и истакна дека голем број шведски компании внимателно ги следат случувањата во македонскиот енергетски сектор и препознаваат потенцијал за нови инвестиции и економска соработка.

Тој оцени дека постојат реални можности за проширување на присуството на шведски компании на македонскиот пазар, особено во проекти поврзани со енергетската ефикасност, модерната инфраструктура и иновативните зелени технологии.

Воедно, амбасадорот Солстром повтори дека Шведска останува силен пријател и искрен поддржувач на Македонија.

На крајот од средбата беше потврдена заедничката определба за интензивирање на билатералната соработка и развој на конкретни партнерства во областа на одржливата енергија, инфраструктурниот развој и реализацијата на енергетските реформи, кои ќе придонесат за економски раст, поголема енергетска сигурност и забрзана зелена транзиција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Селекторот Берокал пред дуелот со Ирска: „Ние сме подготвени, сè е на нас“

Македонија вечерва во 18.часот, во салата  „Лазар Лечиќ“ најдобрата кошаркарска селекција на Македонија е домаќин на  репрезенатцијата на Ирска во петтото коло од претквалификациите за Евробаскетот 2029

Селекторот Берокал пред дуелот со Ирска: „Ние сме подготвени, сè е на нас“

По повеќе од две недели интензивни подготовки, машката сениорска репрезентација на Македонија е подготвена за нов предизвик во претквалификациите за Евробаскетот 2029. Вечерва, со почеток од 18:00 часот, во спортската сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје, избраниците на селекторот Жозеп Марија Берокал ќе ја пречекаат селекцијата на Ирска во натпревар од петтото коло во групата „А“.

Македонија влегува во дуелот со максимален ефект од четири победи во исто толку натпревари, меѓу кои е и убедливиот триумф во Даблин (88:76), со кој беше потврдена лидерската позиција во групата.

Селекторот Жозеп Марија Берокал е задоволен од сработеното во подготвителниот период и од начинот на кој репрезентативците го прифатиле неговиот систем на работа.

„Од ден во ден тимот е подобар, мораш да работиш за да се подобруваш. Тимот расте и покрај потребата често да менуваме. Го немавме истиот ростер, некој доаѓаше, некој си одеше, се менуваа Американците. Но, во последната седмица имав 15 играчи за работа, на кои сметам за натпреварот против Ирска и сакав да бидат добро подготвени. Среќен сум од она што го гледам од екипата. Играчите сакаат да играат, имаат желба и се држат до тактиката. Сакаме да го завршиме овој прозорец со добри натпревари и резултати“, истакна Берокал.

Шпанскиот стратег потенцира дека концентрацијата и максималниот пристап ќе бидат неопходни против секој противник.

„Мора да бидеме на 100 проценти против секој ривал, затоа што ако не го дадеш најдоброто, тоа може да те казни. Мора да се фокусираме на работите кои можеме да ги контролираме. Ако не можеш да контролираш нешто, тогаш мораш да се вложиш и да го дадеш најдоброто од себе.“

Иако Македонија веќе еднаш ја совлада Ирска во овој квалификациски циклус, Берокал предупредува дека денешниот противник има променет состав и заслужува максимална почит.

„Ирска е различен тим од претходниот прозорец, има доста промени, многу нови играчи. Тоа може да биде и ризик, затоа што ќе играат растеретено, без притисок и ќе преземат ризик.“

Сепак, селекторот смета дека исходот најмногу ќе зависи од изданието на македонската репрезентација.

„Ние сме подготвени, сè е на нас. Мора да се покажеме во добро светло, да ја одиграме најдобрата кошарка и да бидеме близу до победата. Прво ја гледаме Ирска, а Луксембург од оваа гледна точка изгледа далеку“, порача Берокал.

Македонија во натпреварот влегува како лидер во групата „А“ со осум бодови и максимален учинок од четири победи, додека Ирска има една победа и три порази.

Победа во Скопје би била уште еден чекор кон успешен финиш на претквалификацискиот циклус пред последното гостување во Луксембург.

ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕВРОБАСКЕТ 2029

ГРУПА „А“

ДВОЈКИ 5 КОЛО

ДЕНЕСКА:

18.00: МАКЕДОНИЈА – Ирска

19.00. Луксембург – Азербејџан

ТАБЕЛА

1. МАКЕДОНИЈА 4 4 0 332:265 8

2.Луксембург 4 2 2 339:337 6

3.Азербејџан 4 1 3 285:335 5

4.Ирска 4 1 3 319:338 5

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВРЕДИ: Шасивари, Ферати и Сулејмани ќе раководат со трите нови министерства

По вечерашната седница на Претседателството на ВРЕДИ, донесена е одлука претставници на коалицијата во Владата да бидат личности кои носат нова енергија, одговорност и посветеност во служба на граѓаните.

ВРЕДИ: Шасивари, Ферати и Сулејмани ќе раководат со трите нови министерства

За министер за правда е предложен универзитетскиот професор Џетон Шасивари, за министер за односи меѓу заедниците е предложен Агон Ферати, додека за министер за култура и туризам е предложен Седат Сулејмани.

Во новиот владин состав продолжуваат да ги извршуваат своите функции Беким Сали како прв заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Бесар Дурмиши како министер за економија и труд, како и Мухамет Хоџа како министер за животна средина и просторно планирање.

ВРЕДИ решително продолжува по патот на промените, носејќи нова енергија, професионални кадри и одговорен пристап кон владеењето.

Со овој тим, ВРЕДИ повторно ја потврдува својата посветеност на реформите, развојот и достоинственото застапување на интересите на граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер