Мицкоски: Се градат два гасоводни интерконектори со што драматично ќе се зголеми гео-стратешкото значење на Македонија
1Мицкоски: Се градат два гасоводни интерконектори со што драматично ќе се зголеми гео-стратешкото значење на Македонија
3Мицкоски: Потврда за заложбите на Владата во туризмот се 1 милион туристи и близу 3 милиона преноќувања заклучно со месец август за 2026 година
МакедонијаФрчкоски: Мицкоски има нови кадри за Судскиот совет- бандата на власт бара спас во контролирано судствоМицкоски го турка неговиот план да избира нови судии од тефтерчето.Тоа го прави веќе две години, сака целосна контрола врз правосудството. Бандата бара спас од одговорност за криминалот, и тоа во контролирано судство и обвинителство. Еве кои предлозите се буткаат за нови членови на Судскиот совет. Кандидатката Емилија Алексовска која добила најмногу бодови од ВМРО. Позната по јавните фалби на Мицкоски на социјалните мрежи. „Македонија со Вас е жива, повторно наша и горда“, вака го фалела Алексовска Мицкоски. Во изборот на свои кадри во судството Мицкоски очигледно најмногу бодови носат јавните фалби за него на социјалните мрежи. Каков критериум. Вториот кандидат, Џоко Диков исто така се врзува со ВМРО. Но скандалот тука е поголем затота што имал и кривична пријава. Има фотографии со членови на ВМРО-ОКГ, пратеници, градоначалници. Една од нив, на прослава на победата на градоначалникот на Ново Село, исто така од ВМРО. Партиските критериуми ги задоволил. Ајде да видиме дали ги задоволил стручните. Диков го застапувал градоначалникот на Ново Село, против еколошките активисти а имал и кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување. Граѓаните сами нека проценат. Ова се кадрите на Мицкоски, новите кандидати за судии од тефтерчето со кои треба да продолжи партизацијата и да се воспостави целосна контрола на правосудството. Јавноста веќе знае дека тој процес е започнат и трае. Данка Ристова, сопруга на Ацо Ристов, поранешен градоначалник на Радовиш од ВМРО веќе беше избрана за членка на Судскиот совет. Потоа, нејзиниот сопруг - Ацо Ристов Мицкоски си го избра за претседател на Регулаторната комисија за енергетика. Поранешен градоначалник од ВМРО сега е на чело на регулатор кој треба да е независен, а неговата сопруга е во телото што одлучува за судиите. Едни исти луѓе, врзани со Мицкоски треба да контролираат бизниси и судии. Класична мафијашка структура. Независните обвинители ги менува и ги нарекува медиокритети при телевизиско гостување, а новите ги поставува во живо. Нарачува процеси по телефон и од собраниската говорница. Вториот извештај на ЕК во делот на судството е катастрофален. Наскоро се очекува третиот. Сето ова го прави затоа што не му е гајле за ЕУ. Се плаши од одговорност. Со банда, нема независно судство. Има систем на контрола. Нема правда – напротив, има неправда. СДСМ бара повлекување на овие предлози и избор на стручни и независни кандидати за судскиот совет. Нашата порака е дека никој нема да се спаси, одговорност ќе има. Кога власта ќе се врати во рацете на народот, целата бандата ќе одговара. Пред независно судство и пред европско обвинителство. Прес конференција на СДСМ, Јон Фрчкоски – член на Извршниот одбор Скопје, 16.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
МакедонијаМицкоски: Се градат два гасоводни интерконектори со што драматично ќе се зголеми гео-стратешкото значење на МакедонијаВо овој момент како никогаш до сега, се градат два гасоводни интерконектори, едниот со нашиот јужен сосед, другиот со нашиот северен сосед.Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на гасификацијата до каде е процесот, кој ќе биде бенефитот за граѓаните и кога може да се очекува да заврши, изјави: „Во овој момент како никогаш до сега, се градат два гасоводни интерконектори, едниот со нашиот јужен сосед, другиот со нашиот северен сосед. Едниот очекувам да биде синхронизиран и пуштен во употреба до крајот на првата половина од следната година, а другиот очекувам до крајот на 2028 година да биде целосно синхронизиран. Со што драматично, кога велам драматично, драматично ќе се зголеми гео-стратешкото значење на Македонија како земја, а од друга страна, овие два гасоводи ќе значат можност за инвеститори коишто би сакале да инвестираат во производни капацитети на електрична енергија коишто го користат гасот како погонско гориво. Но тоа ќе значи и можност за нас, кога ќе стане збор за реконструкција и модернизација на термоелектраните коишто користат јаглен како погонско гориво, да можеме да направиме конверзија на гас и така да ги зачуваме работните места и така да ги зачуваме тие објекти да продолжат да произведуваат.“ Во однос на конверзијата, кога ќе се случи тоа, претседателот Мицкоски додаде: „Па тоа веќе трае, АД ЕСМ веќе разговара со Светска банка и мислам дека многу скоро ќе имам многу убави вести за тој проект.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
КултураТрибина „ВИ или автентична филмска креација“ и мастерклас на Емин Алпер денеска на КиненоваТрибина „ВИ или автентична филмска креација“ и мастерклас на Емин Алпер денеска на Киненова: Никогаш не одам неподготвен на снимање.Филмот „Зад ридовите“ на Емин Алпер годинешниот лауреат на МФФ Киненова вчера имаше проекција на фестивалот бидејќи тоа е негов прв филм, а денеска на мастерклас со студентите на ФДУ повторно проговори за него. -Јас филмот не сум го гледал од 2016 година и се сеќавам на секој детал што го снимив и на сите сцени што беа снимени, но од оваа преспектива би сменил нешто во кинематографијата, во ликовите итн. Времето за снимање беше многу кратко и ги снимавме само неопходните кадри и немав време да пробам нови агли на снимање. Со кинематограферот имавме голема караница, бидејќи немаше контраст. Во сите нои други филмови се трудам да го доловам контрастот меѓу денот и ноќта, но во овој го немам бидејќи имав караница со кинематограферот. И токму тоа беше предмет на караницата, рече Алпер. Пред студентите денеска тој говореше за значењето на копродукциите и пичингот на големите фестивали за еден филм и дека и самиот тоа доцна го сфатил бидејќи во минатото сметал дека тоа не му е потребно, но подоцна сфатил дека е корисна секоја сугестија, секоја критика и секој вид на помош кога работите на филм. Поразговара и за снимањето серии на кои работел во Турција и рече дека никогаш не оди не подготвен на сет. Секогаш се подготвува пред снимањето и токму затоа му било тешко кога го снимал „Зад ридовите“ бидејќи бил ограничен и со буџет и со снимачки денови. Во продолжение на програмата на МФФ Киненова денеска се одржа и трибина на тема ВИ или автентична филмска креација? на која студентите разговараа за дилемите по ова прашање со Емин Алпер, Гоце Цветановски и Дејан Илиев.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалКапитенот на Челзи го оперираше коленото,клубот издаде официјално соопштение !Капитенот на англискиот фудбалски великан, Челзи, Рис Џејмс, успешно беше подложен на помал хируршки зафат на коленото, потврди лондонскиот клуб во официјално соопштение. Тој го пропушти првенствениот натпревар и убедливата победа на „сините“ над Борнмут. Дваесет и шестгодишниот десен бек го пропушти првенствениот натпревар – во кој „сините“ остварија убедлива победа од 5:1 против Борнмут на „Стемфорд Бриџ“ – додека траеја деталните медицински прегледи за повредата здобиена за време на тренинг. Дополнителните прегледи од страна на медицинскиот тим на клубот потврдија дека операцијата е единственото неопходно решение за санирање на проблемот со коленото. „Рис веќе го започна процесот на закрепнување и во оваа фаза од рехабилитацијата ќе ја има целосната поддршка од медицинскиот тим на клубот во тренинг-центарот ’Кобем‘. Сите во Челзи му посакуваат на Рис брзо закрепнување и ќе го поддржат на неговиот пат кон враќање на теренот“, соопштија од англискиот гигант. Иако клубот не прецизираше колку точно ќе отсуствува капитенот, се очекува текот на рехабилитацијата да покаже кога точно англискиот репрезентативец повторно ќе ѝ биде на располагање на стручниот штаб.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26