Фрчкоски: Градежна мафија на Орце и ВМРО-ОКГ е опасна по живот а никој ништо не и може - Канал 5

Фрчкоски: Градежна мафија на Орце и ВМРО-ОКГ е опасна по живот а никој ништо не и може

Градежната мафија на ВМРО-ОКГ во Скопје е опасна по живот ама никој ништо не и може.

Фрчкоски: Градежна мафија на Орце и ВМРО-ОКГ е опасна по живот а никој ништо не и може

Помина цела недела од трагичниот настан во Кисела Вода во кој загина работник, а неколкумина беа тешко повредени.

Сѐ уште нема никаква одговорност, ниту конкретна акција од институциите.

Воопшто не е случаен овој молк. Молкот е доказ.

Дека криминалната власт и нејзините бизнис партнери се подготвени да газат преку се, само да продолжат да се богатат.

Трагедијата во Кисела Вода е последица на коруптивен систем во кој профитот е поважен од животот.

До кого доаѓаме? Кој стои зад овој објект? И како е поврзан со Орце Ѓорѓиевски?

Инвеститорот е фирмата „Нар инвестмент“ зад која стои Ивица Коневски, поранешен функционер и градоначалник на на ВМРО-ОКГ.

Близок до Орце Ѓоржиевски, кој беше ангажиран и како адвокат во општината Кисела Вода кога Орце беше градоначалник.

Како е можно Коневски, кој истовремено ја ужива довербата на Општина Кисела Вода како нивен адвокат, истовремено да биде правен застапник на општината и главен инвеститор во нејзината територија?

Ова е класичен пример на конфликт на интереси и институционална корупција која цвета под чадорот на ВМРО-ОКГ.

Ако се пголеднат трансакциите од буџетот на Општина Кисела Вода кон адвокатската канцеларија на Коневски, во 2025 година достигнувале суми од над 70.000 денари.

Како е можно истите луѓе да бидат дел од системот на општината и истовремено да профитираат од одлуки на општината?

Затворен круг на бизнис и политика. Класична шема на ВМРО-ОКГ. Тендерите и бизнисите одат кај своите.

Оваа криминална спрега е опасност за секој граѓанин.

Бараме:

Итна, независна и темелна истрага за целиот случај.

Проверка на сите дозволи, надзори и услови за работа на градилиштето.

Како е дадена дозволата, односно одобрението за градба?

Утврдување на точната улога на Орце Ѓорѓиевски и Ивица Коневски.

Одговорност мора да има, рече Јон Фрчкоски – член на Извршниот одбор на СДСМ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради посетата на Претседателката на Република Индија, г-ѓа Мурму

Од денеска (20.07.2026) до 23.07.2026 во официјална посета на Република Северна Македонија ќе присуствува Претседателката на Република Индија, г-ѓа Друпади Мурму.

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради посетата на Претседателката на Република Индија, г-ѓа Мурму

Од тие причини СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Град Скопје.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници,соопшти МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тимоти Шаламе и Кајли Џенер се бакнуваат на трибините на финалето на СП

Тимоти Шаламе и Кајли Џенер го привлекоа вниманието на финалето на Светското првенство помеѓу Аргентина и Шпанија.

Тимоти Шаламе и Кајли Џенер се бакнуваат на трибините на финалето на СП

Двојката го гледаше натпреварот од трибините, а фотографите го забележаа моментот кога разменија бакнеж.

Шаламе носеше сина маица со долги ракави од Адидас за таа пригода, додека Џенер носеше црна облека и очила за сонце. За време на средбата, тие седеа еден до друг и не ја криеја својата нежност.

Својата врска ја покажуваат сè почесто во јавноста

Актерот и ријалити ѕвездата ја држеа својата врска подалеку од јавноста долго време, но во последно време сè почесто се појавуваат заедно на големи настани. Фотографиите од нивниот бакнеж од финалето брзо се проширија на социјалните мрежи.

Финалето на Светското првенство привлече многу познати гости, а Шаламе и Џенер беа меѓу паровите кои предизвикаа најголемо внимание на трибините.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонскиот КИЦ во Загреб доби благодарница од најпрестижната фолклорна манифестација во Хрватска

Македонскиот КИЦ во Загреб доби благодарница за креативен придонес и успешна взаемна соработка во продлабочувањето на соработката меѓу Македонија и Хрватска во областа на заштитата, презентацијата и промоцијата на нематеријалното културно наследство.

Македонскиот КИЦ во Загреб доби благодарница од најпрестижната фолклорна манифестација во Хрватска

На свечена церемонија во Хрватскиот државен архив, по повод 60-годишнината на Меѓународната смотра на фолклорот во Загреб – најугледната хрватска манифестација посветена на зачувувањето, презентацијата и промоцијата на традициската култура и нематеријалното културно наследство – македонскиот КИЦ во Загреб доби благодарница за креативен придонес и успешна взаемна соработка во продлабочувањето на соработката меѓу Македонија и Хрватска во областа на заштитата, презентацијата и промоцијата на нематеријалното културно наследство. Благодарницата за македонскиот КИЦ ја врачи уметничкиот директор на Меѓународната смотра на фолклорот, Твртко Зебец, а во име на директорката на македонскиот КИЦ ја прими Зорица Велиновска, претставничка на Македонците во Советот за национални малцинства на Република Хрватска.

„Ова е исклучително значајно признание за македонскиот КИЦ во Загреб и потврда за неговата клучна улога на полето на културната дипломатија и јакнењето на културната соработка меѓу Македонија и Хрватска, особено во областа на зачувувањето и промоцијата на нематеријалното културно наследство. Да се добие благодарница по повод 60-годишниот јубилеј на Меѓународната смотра на фолклорот во Загреб, манифестација чиј претседавач на Советот е министерката за култура и медиуми на Република Хрватска, Нина Обуљен Коржинек, претставува голема чест и привилегија, а истовремено и уште поголема обврска и одговорност да продолжиме со квалитетна презентација и промоција на богатата вековна македонската култура и уметност. Нашата визија е преку културната дипломатија да придонесуваме кон продлабочување на културните врски меѓу Македонија и Хрватска и да отвораме нови можности за соработка афирмација и промоција на културните вредности на двете држави “, вели Мими Ѓоргоска Илиевска, директорка на македонскиот КИЦ во Загреб.

По повод јубилејот 60 години Меѓународна смотра на фолклорот, во македонскиот КИЦ во Загреб на почетокот на овој месец беше отворена изложбата „Поздрав од Македонија – фотографии на македонски фолклорни групи на Меѓународната смотра на фолклорот во Загреб“, на авторките Ивона Опетческа Татарчевска и Бојана Пољаковиќ Поповиќ. Изложбата преку фотографии од архивата на МСФ го документира шестдецениското учество на македонските фолклорни групи на оваа значајна меѓународна манифестација.

Оваа година во рамките на официјалната програма на Смотрата на сцените во паркот Зрињевац и на главниот плоштад „Бан Јелачиќ“ во Загреб со својот автентичен вевчански фолклор се претстави КУД „Дримкол„ од Вевчани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер