Французин заклал куче на улица и завршил во затвор - Канал 5

Французин заклал куче на улица и завршил во затвор

Французин од  околината на Париз е осуден на една година затвор , затоа што заклал куче што сопственичката го држела на поводник ,а  причината била одмазда, објави денеска  здружението за правата на животните.

Французин заклал куче на улица и завршил во затвор

На 8 јануари, со маскирна капа, младиот човек се приближил до жена која го шетала своето куче на поводник во населба оддалечена петнаесетина километри од Париз и го заклал животното со нож , по што угина по неколку минути.

„Да се ​​убие куче од одмазда, значи да се изврши насилство против неговиот сопственик. Така досудија судиите на прекршочниот суд во Кретил“, рече адвокатот Патрис Грилон, кој го претставува здружението за благосостојба на животните и сопственикот на кучето.

Дневниот весник „Ле Парисиен“ објаснува дека младиот човек сакал да се одмазди на жената затоа што таа, заедно со другите станари, повикала полицијата да интервенира против собир на млади луѓе кои „клечеле“ во просториите на зградата, а според станарите таму се собирале дилери. Младиот човек бил еден од овие млади луѓе против кои станарите се побуниле.

Осудениот, чие име медиумите не го наведоа, мора да плати 3.000 евра отштета со камата на сопственичката на кучето, додаде адвокатот Грилон.

Кучката била осумгодишен белгиски овчар и била дел од семејството, изјави адвокатот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Анкета на ВМРО-ДПМНЕ: Владејчката партија останува со убедливо водство

Три анкети во октомври спроведени по нарачка од ВМРО-ДПМНЕ, покажале дека владејачката партија и натаму е во убедлива предност пред опозициските партии, информираше на брифинг со новинарите премиерот и лидер на партијата, Христијан Мицкоски.

Анкета на ВМРО-ДПМНЕ: Владејчката партија останува со убедливо водство

Според анкетите, ВМРО-ДПМНЕ ужива доверба од 24%, потоа следуваат СДСМ со 8.5%, ДУИ со 7.9%, ВРЕДИ 7,1%, Левица со 6% и ЗНАМ 2%.

Мицкоски кажа дека и покрај тоа што рејтинзите одат во прилог на партијата, сепак останува на ставот дека предвремени избори не треба да има, а како главна причина ја наведе потребата следната година треба да се обезбедат 2,3 милијарди евра за враќање на долговите направени во ковид-кризата.

Премиерот на брифингот кажа дека главниот предизвик за владата претстојната зима е енергетската стабилност, со оглед дека цените на гасот и електричната енергија во Европа се пораснати за три пати. За таа цел, најави повторно рестартирање на ТЕЦ Неготино, а мазутот што ќе се купува, ќе се транспортира од солунското пристаниште со вагоните на железници, наместо со цистерни како претходно.

Истовремено, рече дека се прават подготовки и за отворање на посебен граничен премин со Косово во близина на Блаце, кој порано го користел КФОР, низ кој дневно се очекува да поминуваат по 200 камиони со јаглен за РЕК Битола и РЕК Соломеј.

Според, проценките на Мицкоски, со ваквите мерки, цената на струјата од јануари би поскапела за помалку од 5%...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Италија на нозе: Евакуирани над 300 училишта по закани за поставени бомби (ВИДЕО)

Најмалку 300 училишта низ Италија денеска беа евакуирани откако добиле идентична заканувачка порака за поставена бомба, изјави италијанскиот министер за образование, пренесува Ројтерс.

Италија на нозе: Евакуирани над 300 училишта по закани за поставени бомби (ВИДЕО)

Оваа безбедносна тревога доаѓа во време на растечка загриженост во Европа поради заканите од таканаречената „хибридна војна“, која неодамна беше насочена кон супермаркети, центри за трансфузија на крв, авиосообраќај и телевизиски куќи.

Министерот за образование Џузепе Валдитара за телевизискиот канал „Ла7“ изјави дека се верува оти заканите се лажни, додавајќи дека се очекува бројот на погодени училишта дополнително да се зголеми.

Пораки до родителите и необичен потпис

„Поради тревогата за поставени бомби низ целата земја, ве известуваме дека сите ученици се преместени на безбедна локација и се под надзор на наставниот кадар“, соопшти едно училиште во Рим до родителите преку апликација за пораки.

Фактот што толку голем број училишта биле цел „покажува колку всушност е неверодостојна оваа закана“, нагласи министерот Валдитара.

Заканувачката електронска порака била потпишана со името „Михаил Андропов, лидер на Вилает Мизогинистан“, се наведува во копијата од пораката до која дојде Ројтерс. Истиот потпис се појавил и во претходни закани.

Истиот наводен испраќач ја презел одговорноста и за заканувачките пораки за поставени бомби, кои во петокот преку електронска пошта беа испратени до медиуми во Ирска и Бугарија.

Италијанската полиција го истражува целиот случај, потврди портпарол на полицијата во Рим.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: И денеска оставивме пример, а не ѓубре

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска на Водно заедно со учениците, волонтерите и младите, ја продолжија големата еко-акција за расчистување на Скопје.

Ѓорѓиевски: И денеска оставивме пример, а не ѓубре

- Повеќе од 30.000 вредни луѓе повторно се обединија во најмасовната акција за расчистување на Скопје. На повеќе од 50 локации покажавме колкава сила има еден град кога неговите луѓе ќе се здружат за заедничкото добро. Денес бев на Водно, рамо до рамо со вредните ученици. Со секое подигнато парче отпад, овие деца одржаа голема лекција за одговорност, за совест и за љубов кон својот град. Нивниот пример заслужува и почит и следбеници – изјави Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски на сите што несовесно создаваат депонии им порача да земат пример од младите и да покажат дека го сакаат Скопје со тоа што ќе го чуваат.

- Наша должност е да им оставиме почист град. Благодарам на секој што одвои време, се приклучи и остави свој белег во оваа акција. Секој ваш труд се гледа. Секој ваш пример вреди. Продолжуваме со следната акција, со истата решителност и со уште повеќе луѓе – рече Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер