Французин си ја убил вереницата поради виртуелна „љубовница“, во притвор открил дека е измамен - Канал 5

Французин си ја убил вереницата поради виртуелна „љубовница“, во притвор открил дека е измамен

Маж (30) од Франција, е осомничен дека ја убил својата свршеница затоа што сакал да биде со жената со која се допишувал на Фејсбук.

Французин си ја убил вереницата поради виртуелна „љубовница“, во притвор открил дека е измамен

Маж (30) од Франција, кој е осомничен дека ја убил својата свршеница затоа што сакал да биде со жената со која се допишувал на Фејсбук, во притвор дознал дека цело време се допишувал со непознато лице и дека неговата „ виртуелна љубовница“ всушност не постои, објави БФМТВ.

Осомничениот, кој ја убил својата партнерка на 28 јануари годинава во нивниот стан, неодамна од инспекторот дознал дека неговата виртуелна љубовница е всушност лице од Брегот на Слоновата Коска и дека погрешно верувал дека се допишувал со својата „сродна душа “.

"Мојот клиент дозна за тоа на вториот ден од притворот. Инспекторите му покажаа досие од неколку стотици страници. Сега тој се прашува што му се случило, што имало во неговата глава", рекол адвокатот Фабијан Рој Нансион.

Адвокатот вели дека се работи за „љубезен, сакан млад човек, кој ја сака природата, ловот, фудбалот и кој никогаш не бил агресивен“.

Вереницата на осомничениот била пронајдена мртва на 28 јануари во нивниот дом во Беусент, со повреди во пределот на градниот кош. Истрагата утврдила дека била избодена и претепана со чекан.

Осомничениот кобното утро повикал полиција и рекол дека својата вереница ја пронашол во локва крв кога се вратил од пекара, а најпрвин се верувало дека се работи за грабеж. Меѓутоа, набрзо се дознало дека несреќната девојка (29) била убиена од нејзиниот вереник.

Подоцна го признал убиството и рекол дека запознал друга жена на интернет и сакал да биде со неа. Со месеци слепо верувал дека се допишува со Беатрис Лара од Брест, а сега излегло дека се допишувал со измамник од Брегот на Слоновата Коска.

Истрагата открила и дека тој испратил 2.000 евра на својата виртуелна љубовница за да ѝ помогне да реши проблем .

На осомничениот му се заканува затворска казна до 30 години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Анџелина Џоли и Бред Пит потпишаа „примирје“

Некогаш најпопуларната џет сет двојка, брачниот пар од Холивуд, актерите Анџелина Џоли и Бред Пит постигнаа спогодба во нивната долгогодишна правна битка околу продажбата на нејзиниот удел во француска винарија.

Анџелина Џоли и Бред Пит потпишаа „примирје“

Според судските документи на кои се повикуваат холивудските медиуми, четири од нивните шест деца законски го промениле своето презиме од Џоли-Пит во Џоли.

Некогаш најпопуларната џет сет двојка, брачниот пар од Холивуд, актерите Анџелина Џоли и Бред Пит постигнаа спогодба во нивната долгогодишна правна битка околу продажбата на нејзиниот удел во француска винарија, која трае од почетокот на нивниот бурен развод.

„Постигнавме вонсудска спогодба во најдобар интерес на нашето семејство и нема да коментираме понатаму“, изјавија претставниците на холивудските ѕвезди во заедничка изјава.

Двојката купи контролен удел во имотот Шато Миравал во 2008 година и се венчаа таму шест години подоцна.

Во тужбата, Пит тврди дека Џоли, го продала својот удел во винаријата на руски милијардер без негова дозвола. Таа поднесе контратужба, обвинувајќи го Пит дека во пијана состојба ги нападнал неа и нивните деца во приватен авион во 2016 година, што му претходеше на нејзиното поднесување барање за развод.

Спогодбата објавена во среда ги реши нивните правни постапки едни против други. - Сите коментари во медиумските написи што се припишуваат на „извори“ всушност не доаѓаат од ниту еден од нас, ниту од некој близок до нас - изјавија нивните претставници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Грижата за себе не треба да чека: Flex Group го одбележува Месецот на машкото здравје

Грижата за себе не треба да чека: Flex Group го одбележува Месецот на машкото здравје

Колку често ги прашуваме колегите како се, а колку често навистина застануваме да го слушнеме одговорот? Зад едно вообичаено „Добро сум“ понекогаш се кријат замор, грижи, здравствени проблеми или преглед што со месеци се одложува.

Мажите често се навикнати да бидат оние на кои другите се потпираат. Да најдат решение, да преземат одговорност, да бидат поддршка за семејството и за колегите. Но, во сето тоа, неретко забораваат дека и ним им е потребна поддршка и дека грижата за сопственото здравје не треба да чека некој послободен ден.

Токму затоа, во Flex Group и оваа година традиционално го одбележуваме ноември – Месецот на машкото здравје. Со оваа иницијатива сакаме да ги охрабриме нашите колеги да одвојат време за себе, да не ги одложуваат превентивните прегледи и отворено да разговараат за своето физичко и ментално здравје.

Голем дел од денот го поминуваме заедно на работното место. Ги споделуваме професионалните успеси, предизвиците, но и многу моменти од приватниот живот. Затоа, во Flex Group веруваме дека одговорноста на една компанија кон своите вработени не завршува со создавањето услови за професионален раст и развој. Таа подразбира и градење работна средина во која здравјето, благосостојбата и квалитетот на животот на секој поединец имаат значајно место.

Одбележувањето на Месецот на машкото здравје е дел од нашата организациска култура. Сакаме нашите колеги да знаат дека нивното здравје е подеднакво важно како и нивниот професионален успех. Дека е во ред да побараат поддршка, да одвојат време за преглед и да зборуваат за она што ги загрижува.

Ако со оваа иницијатива поттикнеме барем еден колега да го закаже прегледот што долго го одложува или да започне разговор за нешто што досега го премолчувал, тогаш одбележувањето на овој месец има вистинска смисла. Затоа што зад секоја работна позиција, секој постигнат резултат и секој професионален успех стои човек, чие здравје е поважно од која било деловна цел.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Охридско лето“ со уште еден концерт надвор од фестивалската рамка, Јуна Ли и Кенет Клецјен на 4 декември во Скопје

Извонредната корејско-американска сопранистка Јуна Ли и пијанистот Кенет Клецјен ќе настапат на 4 декември, во 19 часот, во Музејот на македонската борба за самостојност.

„Охридско лето“ со уште еден концерт надвор од фестивалската рамка, Јуна Ли и Кенет Клецјен на 4 декември во Скопје

Извонредната корејско-американска сопранистка Јуна Ли и пијанистот Кенет Клецјен ќе настапат на 4 декември, во 19 часот, во Музејот на македонската борба за самостојност, во рамки на дополнителната концертна понуда на „Охридско лето“, надвор од официјалната фестивалска програма.

Јуна Ли е меѓународно призната оперска уметница, особено позната по улогата на Чо-Чо-Сан во „Мадам Батерфлај“ од Пучини, што ја има изведено речиси 200 пати. Се образувала на Џулијардската школа во Њујорк, а настапувала со реномирани оперски куќи, меѓу кои Метрополитен операта и Вашингтонската национална опера. Нејзин сопруг и музички партнер е пијанистот Кенет Клецјен, кој студирал на Конзерваториумот при Колеџот Оберлин и на Џулијардската школа.

Намерата, според организаторите, е одржувањето концерти во текот на целата година да прерасне во традиција, како благодарност до публиката и поддржувачите на фестивалот, но и како можност за продолжување на средбите со врвни уметници и надвор од фестивалските денови.

„Со овие концерти сакаме да покажеме дека „Охридско лето“ не живее само во текот на фестивалските денови, туку дека нашата мисија продолжува во текот на целата година. На овој начин ја прошируваме нашата концертна дејност, отвораме можности за нови уметнички соработки и ѝ овозможуваме на публиката да ужива во настапите на еминентни музички имиња, надвор од летниот период. Особено ни е важно оваа иницијатива да прерасне во традиција и „Охридско лето“ да продолжи да биде значаен дел од културниот живот и во текот на годината“, вели директорот на „Охридско лето“, Ѓорѓи Цуцковски.

Посебно значење на концертот му дава и застапеноста на дела од американски композиторки, кои ќе бидат изведени премиерно пред македонската публика. Со вклучувањето на нивното творештво во концертната програма, „Охридско лето“ ја истакнува важноста на родовата инклузивност во класичната музика, отвора простор за поголема видливост на жените-композиторки и придонесува кон афирмација на разновидни современи музички изрази.

„Особено ни е важно што со овој концерт пред македонската публика премиерно претставуваме и дела од американски композиторки, како определба да ја истакнеме родовата инклузивност во класичната музика. Со тоа сакаме да ја збогатиме понудата за публиката и да поттикнеме интерес за творештвото на авторки чии дела заслужуваат да бидат почесто присутни на концертните сцени“, додава Цуцковски.

Kонцертната година во рамки на „Охридско лето“ ќе биде заокружена на 7 декември во Охрид, со предновогодишен концерт кој ќе биде музички подарок за градот и охриѓани. На сцената ќе настапат бугарската сопранистка Илина Михајлова и италијанскиот пијанист и композитор Франческо Барбагелата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер