ФудбалФранцускиот Супер куп за ПСЖШампионот на Франција ПСЖ ја продолжи низата освојување на пехари во француските натпреварувања.Во рамките на Супер купот на Франција ПСЖ го совлада тимот на Олимпик Лион со 4:1 на дуелот што се одигра во австрискиот град Клагенфурт. ПСЖ поведе со голот на Хавиер Пасторе во 9.минута, а десет минути подоцна Лукас зголеми на 2:0. На полувреме беше 3:0 за ПСЖ со голот на Хатем Бен Арфа во 34.минута, а на 4:0 зголеми Ливин Курзава во 54.минута. Поразот Олимпик Лион го ублажи со голот на Корентин Толисо во 87.минута. Со овој триумф ПСЖ стартуваше со победа под водство на новиот тренер Унаи Емери, а по неколку сезони во редовите го нема Златан Ибрахимовиќ, кој замина во Манчестер Јунајтед. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветШвајцарија ги обновува односите со Северна КорејаШвајцарскиот министер за надворешни работи, Игнацио Касис, во Пјонгјанг се сретна со својата севернокорејска колешка, Чое Сон Хуи.Главна тема на разговор беа безбедносните предизвици што влијаат врз Европа и Азија, а посетата на Касис беше организирана по повод официјалното повторно отворање на швајцарската дипломатска канцеларија во Северна Кореја, пренесува Ројтерс. На платформата „X“, Касис објави дека со министерката Чое разговарал за нормализирање на политичките односи и за обновување на политичкиот дијалог меѓу двете земји. Тој додаде дека разговарале и за безбедносните прашања на Корејскиот Полуостров, како и за пошироките безбедносни предизвици во евроазискиот регион. Exchange with Jo Yong Won, Secretary of the Central Committee of the Workers’ Party of Korea, in #Pyongyang. We welcomed the reopening of the #Swiss diplomatic office and discussed developments in the DPRK and the potential for strengthening bilateral relations. https://t.co/yCeKsnSat4 — Ignazio Cassis (@ignaziocassis) October 30, 2026 Канцеларијата во Пјонгјанг повторно е активна Швајцарската канцеларија во Пјонгјанг започна со работа на 19 октомври. Таа е поврзана со швајцарската амбасада во Пекинг, која продолжува да ги води сите дипломатски и конзуларни работи со Северна Кореја. Meeting with DPRK Foreign Minister Choe Son Hui in #Pyongyang. We discussed reopening the 🇨🇭 diplomatic office in a new format, regularising political relations and reestablishing a political #dialogue. We also exchanged views on security on the Korean Peninsula and broader Eurasian security challenges. — Ignazio Cassis (@ignaziocassis) October 30, 2026 Тагови: Северна Кореја Швајцарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инцидентиМинистерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница заврши без нарушување на јавниот ред и мир и без регистрирани инциденти.Во текот на целиот ден, МВР преземаше соодветни мерки и активности во рамки на своите надлежности, со цел обезбедување непречено и безбедно одвивање на изборниот процес, заштита на безбедноста на граѓаните и одржување на поволна безбедносна состојба.Тагови: инциденти Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИзминатата седмица санкционирани 120 непрописно паркирани возила на територија на општина центарЈП Паркинзи на Општина Центар во периодот од 26.10 до 01.11.2026 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 120 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот. ЈП Паркинзи на Општина ЦентарТагови: ЈП ПОЦ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter