Француската Влада забрани ТикТок и Нетфликс за сите службеници во јавната управа - Канал 5

Француската Влада забрани ТикТок и Нетфликс за сите службеници во јавната управа

Забраната ќе важи за службените телефони на 2,5 милиони вработени во државната администрација, но не и за нивните лични уреди.

Француската Влада забрани ТикТок и Нетфликс за сите службеници во јавната управа

Француската Влада денеска им забрани на сите државни службеници инсталирање и користење на апликации за забава како што се социјалната мрежа ТикТок, американската стриминг платформа Нетфликс или играта Кенди креш.

Неименувани соработници на министерот за јавна администрација Станислас Гуерини истакнаа дека тие апликации носат „ризици во однос на кибер безбедноста и заштитата на податоците на јавните службеници и администрацијата“.

Забраната ќе важи за службените телефони на 2,5 милиони вработени во државната администрација, но не и за нивните лични уреди.

ТикТок е на удар на властите во неколку земји поради стравувањата дека корисничките податоци од апликацијата, во сопственост на кинеската компанија „Бајт денс“ (Byte Dance), би можеле да завршат во рацете на властите во Пекинг, што може да ги поткопа безбедносните интереси на Западот.

Франција за ТикТок го следеше примерот на САД, Канада, Велика Британија или Белгија, но ја прошири забраната на сите апликации за забава, без оглед на тоа кој ги поседува.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Церемонија на менување на државното знаме во претседателскиот кабинет пред најмлади посетители

Традиционалната церемонија ја реализираше Баталјонот за почести при македонската армија, придружуван од воениот оркестар.

Церемонија на менување на државното знаме во претседателскиот кабинет пред најмлади посетители

По повод церемонијата на менување на државното знаме, којашто се одржува секој втор петок во месецот, денеска Кабинетот на претседателот го посетија учениците од ООУ „Гоце Делчев“ од Виница и деца од скопските градинки „Орце Николов“ - Карпош, Британска детска Академија и „Изворче – Монтесори“, како и дел од нивните наставници и воспитувачи.

Традиционалната церемонија ја реализираше Баталјонот за почести при македонската армија, придружуван од воениот оркестар.

Децата љубопитно го проследија настанот, со почит се вклучија во интонирањето на македонската химна, а на крајот го крунисаа моментот со заедничка фотографија.

Заинтересирано ги разгледаа кабинетските простории, а посебно внимание им посветија на двата прекрасни мозаици на Чемерски во свечената сала.

Највозбудлив дел од посетата беше бурниот разговор со претседателката, која беше изненадена од умните прашања за нејзините омилени игри и училишни предмети, домашните миленици, но и за тежината и предизвиците во вршењето на претседателската функција.

Одговарајќи им, претседателката искрено призна дека нивните прашања ја вратиле во најубавиот период од животот, којшто никогаш никој не го заборава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петмина се уапсени поради кражба на четири ремек дела од музејот на Реноар

Француската полиција уапси најмалку пет лица поврзани со кражбата на четири уметнички дела од музејот Реноар на 8 септември.

Петмина се уапсени поради кражба на четири ремек дела од музејот на Реноар

Се верува дека меѓу уапсените се двајца директни сторители. Според весникот „Нис-Матен“, кој прв извести за апсењата, осомничените би можеле да бидат дел од организирана криминална група, пишува „Еуроњуз“.

Кражбата се случила во зори на 8 септември. Градоначалникот Брајан Масон изјавил за локалната станица „Иси Азур“ дека сторителите биле добро опремени и добро информирани. Тие влегле во музејот низ градината, каде што ја исекле оградата, а потоа го скршиле прозорецот на приземјето од зградата. Тие користеле електрична пила за да ги исечат држачите што ги прицврстувале рамките за слики. Масон додаде дека дуото било „забележано благодарение на градските камери за надзор“.

Плен вреден девет милиони евра

Вкупната вредност на украдената уметност се проценува на девет милиони евра. Две слики се пронајдени во градината на музејот. Според изјавата доставена до агенцијата АП, крадците ги отфрлиле за време на нивното бегство од полицијата, која била активирана од алармот. Потрагата по преостанатите две слики сè уште е во тек. Станува збор за делата „Портрет на г-ѓа Колона Романо“ од 1910 година и „Млада жена на бунарот“ од 1886 година.

Музејот на Реноар се наоѓа во медитерански град помеѓу Кан и Ница и е негова најпозната знаменитост. Музејот е отворен во 1960 година во куќата што била последниот дом на сликарот. Реноар живеел таму до својата смрт во 1919 година, кога починал од пневмонија на 78-годишна возраст.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тошковски во посета на Археолошкиот музеј: Македонија располага со исклучително богато археолошко и културно наследство

Минисерот за внатрешни работи беше во посета на Археолошкиот музеј во Скопје.

Тошковски во посета на Археолошкиот музеј: Македонија располага со исклучително богато археолошко и културно наследство

„Неодамнешните кражби на вредни историски и археолошки предмети од музеи во повеќе европски земји нè потсетуваат колку е значајна заштитата на културното наследство и колку е важно навременото преземање превентивни мерки.

Токму на оваа тема денеска разговаравме при мојата посета на Археолошкиот музеј во Скопје, каде што ги разгледавме можностите за унапредување на институционалната соработка и зајакнување на безбедноста на културните добра.

Македонија располага со исклучително богато археолошко и културно наследство, кое сведочи за долгата и разновидна историја на овие простори. Секој археолошки предмет, секој историски артефакт е дел од нашата колективна меморија и културен идентитет, богатство кое имаме обврска да го зачуваме за идните генерации.

Заштитата на ова непроценливо богатство не е само прашање на културата, туку и важно безбедносно прашање. Спречувањето на кражбите, нелегалната трговија со културни добра и другите облици на загрозување на културното наследство бараат постојана будност, превенција и координирано дејствување на надлежните институции.“- објави Тошковски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер