Тешка несреќа во Уганда: Возачот изгубил контрола, автобус полн со деца излетал од патот,голем број загинати
СДСМ: Претседателката зборува селективно за дијаспората, а молчи за криминалот и нееднаквоста пред законот
1Тешка несреќа во Уганда: Возачот изгубил контрола, автобус полн со деца излетал од патот,голем број загинати
2СДСМ: Претседателката зборува селективно за дијаспората, а молчи за криминалот и нееднаквоста пред законот
РецептиФранцуска салата со сирење и оревиОваа француска салата е богата, и кремаста. Идеална е како предјадење или како прилог на свечена трпеза. Брзо се подготвува, а комбинацијата од сирење, павлака и ореви ѝ дава полн и изразен вкус. Состојки: 500 грама кравјо сирење 2 кисели павлаки (по 180 грама) 500 грама шунка 500 грама свежи краставици 300 грама сечкани ореви 2–3 чешниња лук Сол по вкус (внимавајте, бидејќи сирењето е веќе солено) Подготовка: Сирењето убаво изгмечете го со вилушка, па додајте ги киселите павлаки и добро измешајте додека да добиете кремаста смеса. Исечкајте ја шунката и свежите краставици на ситни коцки и додајте ги во смесата. Потоа додајте ги сечканите ореви и ситно исечканиот или изгмечен лук. Сѐ убаво измешајте. По желба, одозгора посипете уште малку сечкани ореви за декорација. Салатата е подготвена за послужување.Тагови: рецепт Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСилно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30Кос: Македонија е една од најдобрите земји во реформите, но мора да ги донесе уставните измени15:07Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08Стевчо Јакимовски доброволно замина во затворот „Скопје“ 18:05Истекува крајниот рок за Изборниот законик партиите останаа без договор15:00
Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30
Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Изборниот законик не се донесе за СДС, ДУИ и Левица да имаат алиби и да се претстават жртви на следниот се поизвесен изборен поразНовиот реформски Изборен законик не се донесе затоа што СДС, Левица и ДУИ бараат алиби на следните избори да се претставуваат како жртви и оштетени партии.Овие три политички партии се здружија за да го блокираат еден од најважните закони од Реформската агенда, поради нивниот страв од изборен пораз, кој е сè поевидентен и поизвесен со оглед на нивните слаби рејтинзи и поддршка од граѓаните. И покрај тоа што, како никогаш до сега, имаше простор за широк политички консензус, слух и подадена рака од Владата за изнаоѓање решение кои на нив им одговара согласно препораките на меѓународните институции и право дијаспората да гласа, тие избраа опструкции и блокади. Како никогаш досега во македонската историја, на власт има политичка партија која на опозициските им вели да се договорат меѓу себе за се што сакате и сето тоа ќе им биде прифатено, тие одбија и блокираа. Македонија е лидер во регионот во исполнувањето на обврските од Реформската агенда, за што и ќе добие најмногу финансиски средства од Планот за раст и тоа го потврдуваат европските функционери и претставници. Истите тие повикаа и на консензус од сите политички партии за носење на Изборниот законик, меѓутоа СДС и ДУИ кои од уста не ја вадат Европската Унија, и политичката партија Левица одлучија да го блокираат напредокот на државата кон евроинтегративниот пат. На СДС, Левица и ДУИ им порачуваме дека се прочитани и разобличени. Политиката на жртва која сакаат да ја применат нема да им помине, затоа што граѓаните добро знаат дека тие се извор на проблемите и блокадите. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТешка несреќа во Уганда: Возачот изгубил контрола, автобус полн со деца излетал од патот,голем број загинатиНајмалку 21 лице, меѓу кои 20 ученици и едно возрасно лице, загинаа во несреќа со училиштен автобус во Уганда. Возилото излетало од патот, удрило во карпа и се превртело. Најмалку 20 ученици од основно училиште и едно возрасно лице загинаа во сообраќајна несреќа со училиштен автобус во источна Уганда, кој се враќал од училишна екскурзија, соопшти денеска локалната полиција, наведувајќи дека возачот најверојатно изгубил контрола над возилото, кое излетало од патот, удрило во голема карпа и се превртело. „Се чини дека возачот изгубил контрола над возилото, кое излетало од патот, удрило во голема карпа и се превртело“, соопшти полицијата во објава на социјалната мрежа „Икс“ (X), додавајќи дека во несреќата се повредени уште три возрасни лица и неколку деца, пренесува „Фигаро“. Училишниот автобус на основното училиште „Кинг Дејвид“, во близина на главниот град Кампала, се враќал – според првичните информации – од патување до водопадите Сипи во областа Капчорва, во источниот дел на земјата, соопштија безбедносните служби.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСилно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30Кос: Македонија е една од најдобрите земји во реформите, но мора да ги донесе уставните измени15:07Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08Стевчо Јакимовски доброволно замина во затворот „Скопје“ 18:05Истекува крајниот рок за Изборниот законик партиите останаа без договор15:00
Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30
Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08
ФудбалКолина соопшти, Словенецот Славко Винчиќ ќе го суди финалето на Светското првенство! Словенечкиот судија Славко Винчиќ ќе го суди финалето на Светското првенство, меѓу Шпанија и Аргентина, кое ќе се одигра во недела во 21:00 часот во Њу Џерси.ФИФА објави видео во кое претседателот на Судиската комисија на ФИФА и легендарниот италијански судија Пјерлуиџи Колина го известува Винчиќ дека е избран за главен судија на финалниот натпревар. Словенечкиот судија емотивно реагираше на веста дека ја добил најголемата чест во својата кариера и не можеше да ги скрие емоциите, што предизвика бројни реакции на социјалните мрежи. За 46-годишниот Винчиќ, ова е врвот на неговата судиска кариера. Тој претходно судеше на финалето во Лигата на Европа во 2022 година, во кое Ајнтрахт го победи Ренџерс по изведувањето пенали, како и на финалето во Лигата на шампионите во 2024 година, кога Реал Мадрид ја победи Борусија Дортмунд. The moment Pierluigi Collina (Atlanta 96 and 2002 World Cup final ref) announced Slovenian Slavko Vinčić as the ref for the 2026 World Cup final between Spain & Argentina. Vinčić officiated Saudi Arabia’s win over Argentina in 2022 but Spain have never lost a game he officiated. pic.twitter.com/Gmk3emA7cQ — Fisayo Dairo (@FisayoDairo) July 17, 2026 Винчиќ исто така стекна искуство на Светското првенство во Катар во 2022 година, а на овогодишното Светско првенство судеше на натпреварите од групната фаза меѓу Бразил и Мароко и меѓу Јордан и Алжир, како и на натпреварот од осминафиналето меѓу Мексико и Еквадор.Тагови: СП2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСилно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30Кос: Македонија е една од најдобрите земји во реформите, но мора да ги донесе уставните измени15:07Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08Стевчо Јакимовски доброволно замина во затворот „Скопје“ 18:05Истекува крајниот рок за Изборниот законик партиите останаа без договор15:00
Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30
Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08