3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
СветФранција на работ на економска и политичка криза, премиерот веројатно ќе го изгуби гласањето за недовербаФранција се соочува со можноста да добие свој петти премиер за помалку од две години, економска криза и закана од дополнителни граѓански немири ако парламентарниот застој не се реши во наредните денови.Француските пратеници ќе расправаат за гласање за недоверба на сегашниот премиер на земјата, Франсоа Бајру, утре попладне. Ако, како што се очекува, тој изгуби, тоа ќе ја продлабочи економската и политичката малаксаност на земјата и може дури да ја доведе во прашање иднината на претседателството на Емануел Макрон. Бајру, 74-годишен политички ветеран кој е на функцијата само од декември, предложи драстичен буџет со заштеди од околу 40 милијарди фунти (приближно 47,2 милијарди евра), вклучувајќи го и укинувањето на два од годишните државни празници во земјата. Ова наиде на значителен отпор и дури гнев кај француската јавност, иако Бајру и економистите во Европа предупредија дека втората по големина економија во ЕУ се соочува со должничка криза во стилот на Грција ако не дејствува итно. Бајру го свика неочекуваното гласање за доверба минатиот месец, надевајќи се дека ќе ја зајакне својата легитимност и ќе го протурка својот многу контроверзен економски пакет. Се очекува Социјалистичката партија да ги здружи силите со своите природни непријатели во крајно десничарскиот Национален собир за да му се спротивстави на премиерот. Селин Тијебо-Мартинез, пратеничка од Социјалистичката партија, рече дека буџетот на Бајру „уште еднаш ги казнува најранливите, работничките семејства и обичните работници“. Алтернативниот буџет на нејзината партија би остварил половина од заштедите што ги сака Бајру и би го вратил огромниот државен долг на подолг период. Тијебо-Мартинез не верува дека можат да бидат убедени да го поддржат премиерот утре. - Тие го веат знамето на ММФ, велејќи дека наскоро ќе бидеме под надзор како што беше Грција некогаш, но тоа се лажни аргументи; тие се направени за да плашат, оценува таа. Но, бројките не го поддржуваат нејзината мислење. Франција не балансирала буџет од 1974 година. Нејзиниот сооднос на долг кон БДП сега е третиот највисок во Европа, единствено е подобар од Грција и Италија, и земјата троши повеќе за сервисирање на својот долг секоја година отколку што троши на одбрана или образование. Националниот собир, крајно десничарската партија на Марин Ле Пен, чија популарност расте во националните анкети, е за одржување на нови парламентарни избори, уверени дека ќе го зголемат својот удел на пратеници во Собранието, ставајќи се во позиција на поголема моќ. Тие го гледаат утрешното гласање како шанса да го казнат Макрон. Пратеникот од Националниот собир, Гајтан Дисоај, рече: „веќе осум години (од изборот на Макрон) секогаш е ист рецепт: Повеќе правила, повеќе даноци, спречување на француската економија да работи и да оди напред“. Но, крајно десничарската партија е нејасна кога се прашува кој би бил нивниот алтернативен план за реформирање на економијата на земјата. - Она што го сакаме е целосна промена во начинот на кој се управува економијата во Франција. Тоа значи враќање на моќта на францускиот народ да одлучува, рече тој. Под претпоставка дека Бајру ќе го изгуби гласањето утре и владата падне, тој ќе остане на функцијата привремено додека претседателот одлучи што да прави понатаму. Макрон ќе се соочи само со тешки избори; да свика нови избори за да се обиде да воспостави мнозинство, да назначи уште еден нов премиер со надеж дека ќе успее таму каде што претходните четири не успеаја, или дури и сам да се повлече, нешто што тој повеќе пати го отфрли и покрај зголемените повици да си оди. Никола Годен, сопственик на CMO, компанија што произведува делови за автомобилската и авијациската индустрија, базирана во срцето на Националниот собир во северна Франција, рече дека е растргнат. Тој сака - и му треба - економска сигурност и без итни реформи, неговата компанија може да банкротира до крајот на годината, но за него, политиките на Бајру ги потценуваат социјалните грижи што „ја прават Франција прекрасна земја“. - Нашите клиенти, големите компании во воздухопловната и автомобилската индустрија, ги намалуваат своите трошоци за одржување и индустријализација и тоа директно влијае на нашите барања и нарачки. Моментално немаме никаква видливост. Уште во јуни си рековме дека работите ќе се подобрат во септември, но еве сме во септември, и сè уште немаме повеќе информации, вели тој. За неговата мала работна сила во фабриката, тоа е поедноставно - тие одамна се чувствуваат напуштени од традиционалните политички класи. Александар Бокет рече дека целиот политички систем „треба да се направи одново од почеток“. - Не се чувствуваме застапени. Кога станува збор за куповна моќ или работа, се чувствуваме целосно напуштени, додава тој. Токму ова чувство ја направи партијата Национален собир на Ле Пен фаворит за победа на претседателските избори во 2027 година, ако не и порано. Многумина го сметаат Макрон за одговорен за кризата откако свика предвремени избори во јуни 2024 година, што доведе до застој во парламентот и длабоко поделен Долен дом, неспособн да се договори за многу работи. За среда е закажан ден за граѓанска акција. Не е јасно колку ќе биде распространета, но организаторите се надеваат дека бизнисите ќе се затворат, а главните патишта ќе бидат блокирани.Тагови: Франција недоверба Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканТесна трка меѓу Јотова и Ѓуров и ниска излезност на претседателските избори во БугаријаРазлика од помалку од 43 000 гласа меѓу кандидатурите на Илијана Јотова и Андреј Ѓуров на вчерашниот прв изборен круг за претседателски и потпретседателски избори во соседна Бугарија. Јотова / Валчев добија 34,8% од гласовите, додека на второ место се Ѓуров / Кандев со 32% добиени гласови. Катастрофално ниската избирачка активност– една од најниските досега во Бугарија, кризата со нападите од дронови врз бугарските бродови во Црното море после која Јотова одлучи да не го свика Безбедносниот совет, но и внатрешно-политичките скандали како убиството на бизнисменот Слави Бинев и нападот врз новинарката од член на обезбедувањето на претседателката на парламентот, според бугарските аналитичари, се причините за овој резултат кој е на прагот на статистичка грешка. Дополнително, како што велат аналитичарите, доколку Јотова загуби во вториот круг, во Бугарија би можело сериозно да започне дискусија и за оставка на кабинетот на Румен Радев. -Илјана Јотова не е Румен Радев. Не може да биде. Секако, кредибилитетот на владата и ова огромно мнозинство дојде со довербата што ја обедини околу себе. И според мене, она што доведе до овој резултат е комбинација од надворешни фактори што се случија во меѓународната ситуација и бугарската политичка ситуација. Од друга страна, постојат работи што влијаат на односот меѓу оние на власт и Илјана Јотова, и сегашниот претседател. И од трета страна, грешките и настаните во самата кампања.- Мила Мошелова, политолог По завршувањето на изборниот ден, ниту Јотова ниту Ѓуров не побараа конкретна политичка поддршка од партиите и нивните лидери. Сепак, бугарските аналитичари оценуваат дека за вториот круг Јотова ќе ја побара поддршката од гласачите на Преродба, додека пак, Ѓуров ќе се обиде да ги собере гласовите од ГЕРБ и останатите антивладини гласови. Јотова и Ѓуров ќе се соочат во одлучувачкиот втор круг на 1 ноември.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеМозочниот удар не бира возрастНиту една годишна возраст не е поштедена од мозочен удар, а најмлади пациенти на Неврологија со ваква состојба се 14 годишни деца, вели проф. д-р Анита Арсовска. Само на Клиниката за неврологија секоја година има по околу 5000 нови случаи, а ова е доволно за вклучување на алармот за превенција, вели д-р Арсовска. Навременото препознавање на симптомите и брзата медицинска интервенција кога ќе се забелжи симптом како што е парализа на едната страна на телото, се клучни за намалување на ризикот од смрт и тешки последици. Сепак, во околу 90 проценти мозочниот удар може да се спречи, а треба да се започне со утврдување на факторите на ризик што ги имаме, како што се маснотии во крвта, висок крвен притисок, шеќер, вели д-р Арсовска. Мозочен удар не може да се превенира преку ноќ, но клучни се медицинските проверки на нашиот организам, но и ако се прават напори во секојдневниот живот да ги промениме навиките, или модифирачките ризик-фактори. Според официјалните податоци на Институтот за јавно здравје во Македонија годишно околу 3.000 луѓе доживуваат мозочен удар. Кај 30 до 40 проценти од пациентите остануваат трајни последици, меѓу кои парализа, нарушен говор, проблеми со памтењето и физичка инвалидност. По повод светскиот ден на мозочниот удар, на Плоштадот Македонија од 10 часот ќе се спроведуваат бесплатни превентивни мерења на крвниот притисок, шеќерот и холестеролот во крвта, како и проценка на ризикот од мозочен удар. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЧелниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27Вучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34
Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
МакедонијаДејан Јованов и неговиот син предложени за сведоци во предметот на полициските службенициДали сопственикот на дискотеката „Пулс“ во Кочани, Дејан Јованов Деко, се стекнал со противправна имотна корист и дали контактирал со дел од полицајците обвинети во друг предмет? Ова ќе треба да се разјасни на некое од следните рочишта откако одбраната на Боби Гидиоски, обвинет во предметот со деветтемина полициски службеници побара од судот да дозволи Дејан Јованов да сведочи. -Го предлагаме на околности затоа што застапникот на обвинението тврди дека обвинетите му дозволиле на Деко да стекне имотна корист која се изразува во плата која ја земал како вработен за шест месеци, па на таа околоност бараме да биде сослушан, дали тоа му е овозможено од обвинетите. – Бранко Колев – Адвокат Дел од барањата и на останатите адвокати се однесуваат на прибавување службена документација од МВР и СВР Штип, вклучително и записници, извештаи, телеграми и службени белешки од 2022 и 2023 година. Како и документите кои се однесуваат на таканаречена проблемска информација за состојбите во дискотеката „Пулс“. -Дел од документите се однесуваат на работењето на МВР, односно СВР Штип, додека останатиот дел се однесува на проблемска информација која што е прикриена од обвинетиот Боби Гидиовски како началник на СВР Штип, а која проблемска информација е доставена за проблемите во дискотеката „Пулс“ кои ОВР Кочани ги имале во Кочани, меѓутоа таа проблемска информација е прикриена од обвинетиот на кој јас сум бранител. – Бранко Колев – Адвокат Покрај Дејан Јованов – Деко, адвокатот на деветтообвинетиот Александар Максимов предложи да сведочи и неговиот син Михаил Јованов, кој исто така е еден од обвинетите во големиот предмет за пожарот во „Пулс“. По предлозите на одбраната обвинителката Спасенка Андпонова ќе се произнесе на следното рочиште кое е закажано за утре. Според обвинението полициските службеници не ги извршиле целосно потребните проверки, но сепак дале согласности врз основа на кои дискотеката добивала лиценци за работа во 2022 и 2023 година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook