Фотографка која сака да биде од двете страни на објективот (фото) - Канал 5

Фотографка која сака да биде од двете страни на објективот (фото)

Оваа убава девојка се вика Стефани Манеску, а доаѓа од Пенсилванија.

Таа е фотографка и модел, а се обидува да се пробие и во актерскиот свет.

Иако има доста успешна кариера во светот на модата, таа не е исклучително популарна на социјалните мрежи, како што е Инстаграм, па еве решивме да и помогнеме да добие уште неколку следбеници од Македонија плус.

Таа сега има само 19.000 следбеници на Инстаграм, но кога ќе ги видите фотографиите кои ги објавува секојдневно, веруваме дека ќе сакате да ја заследите.

Стефани се има појавено на страниците на многу престижни списанија, како што се "Playboy", "Fixe" и "The Morgan", а нејзината женственост е користена за рекламните кампањи на многу брендови и музички спотови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американскиот сенатор Берни Сандерс сака да ја забрани вештачката суперинтелигенција?!

Берни Сандерс сака да ја забрани вештачката суперинтелигенција. Еве го неговиот план.

Американскиот сенатор Берни Сандерс сака да ја забрани вештачката суперинтелигенција?!

Американскиот сенатор Берни Сандерс и демократскиот претставник Грег Касар поднесоа закон со кој се бара трајна забрана за развој и употреба на вештачка суперинтелигенција и привремено запирање на развојот на најнапредните системи за вештачка интелигенција.

Предлогот, насловен како Закон за забрана на вештачка суперинтелигенција, исто така повикува на создавање на наменски Оддел за вештачка интелигенција на САД кој ќе го надгледува развојот на најмоќните системи за вештачка интелигенција и ќе воспостави безбедносни прописи пред да можат да се распоредат.

Асошиејтед Прес беше првиот што го доби предлогот. Што би било забрането?

Предлогот ја дефинира вештачката суперинтелигенција како систем што ги надминува човечките когнитивни способности или поседува доволно напредни способности за да планира и изврши уништување или губење на човечката контрола.

Таквите системи би биле трајно забранети. Развојот на другите најнапредни системи со вештачка интелигенција привремено би се запрел сè додека нова федерална агенција не изготви безбедносни правила и процедура за одобрување. Потоа, за пуштање во употреба на таквите системи би било потребно федерално одобрение.

За одредени прекршувања на забраната, предлогот предвидува казни кои во некои случаи би можеле да достигнат и до 20 години затвор. „Не треба да си гениј за да кажеш: забавете“, изјави Сандерс за АП.

„Дали навистина сакаме да развиеме суперинтелигенција која, штом ќе стане попаметна од луѓето, би можела да функционира независно од човечка контрола? Не мислам дека сакаме“, додаде тој. Предлогот е поддржан и од дел од вработените во големите компании за вештачка интелигенција.

Меѓу нив се истражувачот од OpenAI, Хуан Фелипе Серон Урибе, и софтверскиот инженер од Google DeepMind, Сванте Шолц, кој нагласи дека зборува во свое име, а не во име на компанијата.

Сандерс и Касар уште на почетокот на септември најавија дека ќе предложат ваков закон. Тогаш тие изјавија и дека сакаат САД да иницираат меѓународни преговори насочени кон ограничување на развојот на вештачка суперинтелигенција надвор од границите на САД. АП известува дека предлогот има мали шанси да биде усвоен во Конгресот, кој е под контрола на републиканците.

Досега, Конгресот на САД не успеа да постигне поширок консензус дури ни за многу поблаги правила за регулирање на вештачката интелигенција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Павле Трајанов: Постои Национална платформа за намалување ризици од катастрофи

Постои Национална платформа за намалување на ризици од катастрофи усвоена од Владата на Македонија во септември, 2019 година.

Павле Трајанов: Постои Национална платформа за намалување ризици од катастрофи

Во врска со изјавите и дилемите во јавноста дека не постои стратегија (Платформа) за спречување на можни катастрофи од пожари, земјотреси, поплави, суши, радиоактивен отпад, терористички акти, сајбер напади, загадување на воздухот, појава на епидемии итн, сакам да нагласам дека се целосни паушални и неточни тврдења, пред сѐ поради немање на институционалнa меморија.

Постои Национална платформа за намалување на ризици од катастрофи усвоена од Владата на Македонија во септември, 2019 година, која од Одделите на ООН е оценета со највисока оценка со најава финансиски да го поддржат Акцискиот план за модернизација на системот за управување со кризи, заштита и спасување, вклучително и територијалните противпожарни единици.

Во Платформата е предвидено и темелна реформа на системот за управување со кризи, преку обединување на Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, како и функционално поврзување на ТППЕ, воспоставување единствена команда итн.

Оваа Платформа е резултат на претходна анализа подготвена од меѓуресорска работна група, како и анализи и проценки на УНДП, НАТО, ОБСЕ, Воената академија, Европската команда на САД, Европскиот цивилен механизам, Финалниот извештај на Партнери менанџмент и консалтинг, Документациската анализа на постоечката законска регулатива и документи поврзани со системите за управување со кризи итн.

Во Платформата јасно се дефинирани обврските на многу институции и потребата од реформи и насоки како да се реформира системот за управување со кризи, заштита и спасување.

Инаку реформите каснат поради незаинтересираност и отпорот на раководните(поранешни) работници во ЦУК и ДЗС.

Пред две години, Владата формира меѓуресорска работна група, која до крајот на оваа година треба да подготви закон во кој ќе се вградат реформските определби и воспостави целосно нов и обединет систем за управување со кризи, заштита и спасување.

Прилог: Национална Платформа за намалување ризици од катастрофи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Љупчо Николовски избега од соочување, очекувам одговори на поставените прашања

Имено, денеска Љупчо Николовски не се појави во судница, зошто не знам, и не дојдоа на суд со факти против фактите кои беа изнесени на прес-конференција, а тоа е дека додека тој е министер во Владата и вицепремиер на Заев, имало кусок од 2000 тони ж.

Манасиевски: Љупчо Николовски избега од соочување, очекувам одговори на поставените прашања

Денеска имавме еден граѓански судски процес, во кој поранешниот министер за земјоделие, шумарство и водостопанство, воедно и поранешен вицепремиер за борба против корупција на Владата на Зоран Заев и поранешен генерален секретар на СДС, Љупчо Николовски, упати барање за извинување кон мене како граѓанин на државата, затоа што моите изјави му донеле душевна болка, а во барањето вели дека изјавите на една од моите прес-конференции кои сум ги имал биле неточни, поточно за кусокот на жито од Агенцијата за стокови резерви и за доделување на грант за фирмата „Тргопродукт“, попозната со брендот МАМАС на Заеви, од ИПАРД програмата вреден 1,4 милиони евра.

Имено, денеска Љупчо Николовски не се појави во судница, зошто не знам, и не дојдоа на суд со факти против фактите кои беа изнесени на прес-конференција, а тоа е дека додека тој е министер во Владата и вицепремиер на Заев, имало кусок од 2000 тони жито од стоковите резерви, а потоа е набавена скапа пченица за стоковите резерви и за тоа дека како член на владата било дадено 1,4 милиони на фирмата на Заеви под име „Тргопродукт“.

Наместо со факти да демантира, тој не дојде денеска на суд да каже дека моите тврдења душевно го повредиле и дека тој претрпел душевна болка.

Љупчо, остави ја душевната болка на страна. Ти си политичар. Ако толку лесно душата ти е повредена, повлечи се од политиката.

А ако сепак остануваш, тогаш дај факти дека на Заеви не си им дал 1,4 милиони евра.

Николовски кој бил вицепремиер за борба против корупција, денеска малку контрадикторно функционира. Во тужбата што ја упатува кон мене, направил Вешт наод и мислење за душевно страдање, психичка болка и нарушување на честа и угледот кај него, односно кај лицето Љупчо Николовски, изготвен од страна на Проф. Д-р Стојан Бајрактаров, доктор специјалист психијатар, лиценциран судски вештак со лиценца. Зошто ова го говорам? Затоа што има индиции дека тој негов наод, изготвен од овој човек овде на сликата доле, Проф. Д-р Стојан Бајрактаров кој имено бил член на СДС, а исто така и повеќе пати бил донатор на партијата. Значи докторот кој го прави Вештиот наод дека лицето Љупчо Николовски бил душевно болен односно страдал од моите прес-конференции, повеќе пати бил донатор на партијата СДС.

Ќе ми дозволите само да ги покажам, еве и тука има уште.

И што е најважно токму во времето кога генерален секретар на партијата е Љупчо Николовски.

Ете заради ова сметаме дека е пристрасно и под влијание од страна на тужителот од причина што вештото лице кое го изготвило овој Вешт наод и мислење е долгогодишен член на СДС, донатор токму во времето кога тој бил генерален секретар на партијата, и дополнително бил именуван и како Директор на клиниката за психијатрија токму во владата на Зоран Заев, каде тужителот односно Љупчо Николовски, во тие моменти бил Министер за земјоделие.

Одиме понатаму.

Господинот Николовски, вели дека моите прес-конференции предизвикале душевна болка и страдање кај него, па би сакал да упатам прашање до господинот Николовски, зошто не земал боледување за истото или пак да се повлече од политиката, бидејќи моето лично мислење е дека лица кои имаат односно добиваат душевна болка и страдање од прес-конференција, не само што не треба да се бават со политика, напротив не треба ниту да извршуваат високи државни функции како што е функцијата пратеник.

Еве го во моментите кога господинот Љупчо Николовски бил душевно болен.

Гледаме како дава изјави на телевизија, гледаме како оди на конгрес и на неговата партија, гледаме овде понатаму како со актуелниот градоначалник на Крива Паланка се смеат, што според нас не сметаме дека му придонело некое душевно страдање.

Но би сакал и да поставам неколку прашања до поранешниот вицепремиер за борба против корупција и поранешен генерален секретар на Социјалдемократскиот сојуз. Дали е точна информацијата дека од јавноста крие, поточно во имотниот лист, дуплекс стан од приближно 180 метри квадратни во Дајмонд мол?

Доколку оваа информација е точна би сакал да го прашам поранешниот вицепремиер за борба против корупцијата, зошто вакви важни информации крие, од каде му се финансиски средства за таков луксузно наместен стан, и зошто, доколку е негов, не му е вметнат во имотниот лист?

Дополнително, дали се точни информациите кои стигнаа до нас од свиркачи, дека додека бил на висока владина функција, ги злоупотребувал услугите од државата, во случајот службените возила на СОЗР, поточно да патува од Скопје до Крива Паланка и назад, неколку пати во месецот само за да се шиша кај својот пријател, Мартин Поцевски, кој патем, потоа станува и советник, внимавајте, во Советот на општина Крива Паланка, од редовите на СДС од периодот од 2021 година до 2025 година.

Понатаму, дали е исто така точна информацијата дека фирмата Лариком шпед, во сопственост на братот на Љупчо Николовски, Илија Николовски, имала зголемување од над 1100% приход токму во времето на министерувањето на Љупчо Николовски, кој со своето претпоставувам влијание овозможил преку граничниот премин Деве Баир, пратките да ги презема фирмата на неговиот брат?

Во 2018 година истата компанија имала приходи од 4,3 милиони денари, а во 2019 година приходите се 14,9 милиони денари, што значи дека отприлика за една година има раст од приходите за 10 милиони денари или раст на нето-добивка од 1.130 проценти. Нето-добивката од пола милион денари е зголемена на повеќе од 6 милиони денари.

Еве мене ме интересира и би сакал да дознаам од господинот Николовски како брат на вицепремиер добива зголемување од над 1100% за само една година без некој да има влијание врз истото.

Би му порачал исто така и на Љупчо Николовски да даде одговори на овие прашања, но исто така и на прашањето за тоа дали грантот за фирмата Тргопродукт какде брендот Мамас во сопственост на Заеви е вреден 1,4 милиони евра од ИПАРД програмата е подарок за Заев и Филипче затоа што биле отпишани 2000 тони жито? Истото ова го повикувам и ЈО да го испита, да истражи што се случило со житото, зошто е отпишано, и зошто за да се пополни дупката во стоковите резерви е купено жито во вредност повисока од таа што била на берзите?

До очекување на одговорите од страна на Љупчо Николовски, се гледаме на следното рочиште.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер