Фотографијата на бебе излекувано од тешка форма на Ковид-19 им влева надеж на Италијанците - Канал 5

Фотографијата на бебе излекувано од тешка форма на Ковид-19 им влева надеж на Италијанците

Во Северна Италија, регионот најпогоден од пандемијата на коронавирус, две лица се успешно излекувани, и покрај предвидувањата на лекарите кои им давале минимална шанса за преживување.

Фотографијата на бебе излекувано од тешка форма на Ковид-19 им влева надеж на Италијанците

Станува збор за шестмесечно бебе, малиот Леонард и 102-годишна жена Грондони.

Детето поминало 50 дена во болницата борејќи се со смртоносниот вирус, а неговата фотографија, направена откако тој излезе победнички, го обиколи светот.

На фотографијата, малиот позира, како да испраќа посебна порака.

Леонардо неодамна беше отпуштен од болницата и се врати во својот дом во општината Корбет во Ломбардија, а градоначалникот Марко Баларини го нарече прекрасно лице на надеж.

„Денес имаме причина да се насмееме и да бидеме среќни. Денес можеме да се чувствуваме дел од заедницата“, рече Баларини во изјавата.

„Многу ти благодарам, Лео, и им благодарам на твоите родители кои е се откажаа. Тие го донесоа летото во срцата на сите жители на Корбет“, додаде тој.

Мајката на момчето за локалните медиуми изјави дека била многу загрижена, особено во текот на долгите ноќи.

„Не би и го посакала тоа на ниту една мајка. Знаев дека Лео ми се разболе кога се појави треска и срцето почна брзо да ми чука. Мојот сопруг имаше соработник со коронавирус“, рече таа.

102-годишната Италијанка помина 20 дена во болницата пред да биде пуштена дома. Старицата исто така го преживеала шпански грип, а лекарите посочиле дека таа е веројатно нивниот единствен пациент кој имал и коронавирус и шпански грип. Кога шпанскиот грип беснееше во Европа, италијанката Грондона била на возраст на малиот Леонардо.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стојковски: Од 200 до 300 нови пациенти годишно се лекуваат на Клиниката за онкологија

Расте бројот на заболени од канцер во Македонија.

Стојковски: Од 200 до 300 нови пациенти  годишно се лекуваат на Клиниката за онкологија

На Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија се лекуваат 20 000 онколошки пациенти.

Од 200 до 300 нови пациенти има годишно.

YouTube video

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Српска старлета провоцира во ултра минијатурно бикини

Српската старлета Станија Добројевиќ повторно предизвика хаос на социјалните мрежи откако се јави од сончевото Мајами и сподели серија крајно провокативни фотографии кои целосно го вжештија „Инстаграм“. 

Фото: Српска старлета провоцира во ултра минијатурно бикини

Таа покажа како го поминува времето на луксузна дестинација и уште еднаш докажа дека знае како да го привлече вниманието на јавноста.

Станија Добројевиќ сподели жешки кадри пред огледало во модерна бања, каде што позира во проѕирно тантелено боди што ја истакна нејзината витка фигура.

Провокативната старлета исто така покажа како го започнува денот – позирајќи покрај голем панорамски прозорец со поглед на градот, завиткана само во крпа на главата и во минијатурна долна облека, додека ужива во утринското кафе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сидни Свини и Мерилин Монро се роднини

Провокативната американска актерка Сидни Свини и секс симболот на Холивуд, легендарната Мерилин Монро всушност се далечни роднини, според новото генеалошко истражување на „MyHeritage“.

Сидни Свини и Мерилин Монро се роднини

Провокативната американска актерка Сидни Свини и секс симболот на Холивуд, легендарната Мерилин Монро всушност се далечни роднини, според новото генеалошко истражување на „MyHeritage“, кое утврдило дека двете холивудски ѕвезди се братучетки во деветто колено . Што ги поврзува двете холивудски ѕвезди?

Нивните семејни стебла се поврзани преку заеднички предок, Езра Пери, кој живеел во Сендвич, Масачусетс, во текот на 17-тиот век; врската оди преку таткото на Сидни Свини, Стивен Свини, и биолошкиот татко на Мерилин Монро, Чарлс Стенли Гифорд.

Откритието е особено интересно бидејќи Свини и Монро честопати биле споредувани поради нивниот изглед и холивудскиот гламур; ѕвездата на серијата „Еуфорија“ исто така постојано ѝ оддава почит на славната актерка преку своите модни избори, вклучително и појавувањето во фустан што наликува на оној што Монро го носела на насловната страница на списанието „LIFE“ во 1952 година.

Директорот за истражување во „MyHeritage“, Рои Мандел, изјави дека ваквите откритија ја покажуваат поврзаноста на човечките семејни стебла, истакнувајќи дека генеалошките истражувања претходно откриле изненадувачки семејни врски меѓу други славни личности, вклучително и Ана Винтур и Мерил Стрип.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер