Фото: Збогум великану!!

 Синоќа во главниот град на Австрија, Виана погребан е тројниот светски шампион во Формула 1 големиот Ники Лауда.

Легендарниот возач почина во 70 година од животот.

На погребот во Виена големиот шампион беше испратен од многу свои колеги.

На погребот покрај неговите најблиски сопругата Бригит и синот Лукас присуствуваа и светските шампиони Луис Хамилтон, Нелсон Пике, Жан Алесе, Герхард Бергер, Давид Кулхард, Ален Прост Нико Розберг....

На погребот се појави и холивудската ѕвезда Арнолд Шварценегер.

Пет судии кандидати за членови на Судски совет од Врховен и Апелационо подрачје Битола

Судскиот совет денеска ги утврди кандидатските листи за членови на судски совет од Врховниот суд и од Апелационото подрачје Битола, на двете листи има вкупно пет судии.

Со шест гласа за и 5 против, Судскиот совет ја утврди кандидатската листа за член од Врховниот суд на која се кандидатите Цветанка Периќ и Исамедин Лимани.

На кандидатската листа за избор на член на Советот од апелационо подрачје Битола беа утврдени кандидатите Александар Камбовски, Александра Поп Стефанија и Татјана Сусулеска.

Советот на денешната седница расправаше за уставноста за утврдувањето и потенцијалниот избор на кандидатот Лимани. Според дел од членовите, постои уставна пречка тој да биде член на Советот бидејќи ќе се наруши правичната застапеност во Судскиот совет.

Според оние кои гласаа за, националната припадност не е пречка за кандидатите да се кандидираат на огласот и со одбивање на истите се дава пример за поделби и директна дискриминација.

Воен хеликоптер се урна во Авганистан, најмалку еден загинат и 12 повредени

 Авганистански воен хеликоптер се урна денеска во провинцијата Гор во западен Авганистан, при што загинало најмалку едно лице, соопшти авганистанското Министерство за одбрана.

Урнувањето на хеликоптерот МИ-17 се случило поради технички проблем. Повредени се 12 лица, се наведува во соопштението за печатот.

Хеликоптерот бил во спасувачка мисија откако возило со цивили паднало во река во близина на градот Фероз Кох, главниот град на провинцијата Гор, соопшти Министерството на платформата Икс.

Шаховско првенство: Панчевски се приклучи кон водечката група

 Во 5. коло од Отвореното првенство на Македонија во шах продолжува неизвесноста во борбата за врвот, откако на првите 10 табли дури пет меча завршија со реми.

Може да се истакне победата на ИМ Филип Панчевски (2432) над ФМ Љубомир Илиќ (2051), со која играчот на ШК Алкалоид стигна до 4 бода и фати приклучок кон водечката група, која сега е уште поголема. Имено, ИМ Емил Ристески има тесна предност на врвот со 4,5 поени, а зад него е група од седум шахисти со по 4 поени, во која се уште и ИМ Тони Лазов (2358) и шампионот од 2021 година Филип Михов (2225), кои ремизираа во вчерашниот меѓусебен дуел.

Во шестото коло овие шахисти играат меѓу себе, при што на првата табла во дербито се среќаваат ИМ Ристески и ИМ Лазов.

На првенството за жени немаше изненадувања и сите пет партии завршија со победи на подобро рангираните, кои ја имаа улогата на фаворитки. ЖИМ Габриела Коскоска (1993) го доби дуелот со Лиле Аларова (1757), додека, пак, Леа Ефтовска (1797) ја продолжи низата од успешни резултати извојувајќи значајна победа со црни фигури над тимската колешка од ШК Алкалоид Бонита Јакимова (1523).

На табелата водат Ефтовска и Коскоска со по 4,5 поени од шест кола, додека, пак, третопласираната Жежовска со победата над Ајрадиновска се позиционираше на третото место со 3,5 бода.

На двата турнира денеска е на програмата седмото од предвидените девет кола, со почеток од 17:30 часот.

притисни ентер