Уапсена е ѕвезда на серијата „Сулејман Величествениот“ – во акција во Истанбул приведени се уште 22 актери и пејачи
2Уапсена е ѕвезда на серијата „Сулејман Величествениот“ – во акција во Истанбул приведени се уште 22 актери и пејачи
3Турскиот суд ја одби жалбата на Имамоглу- останува без диплома и можност да се кандидира за претседател
ЗабаваФото: Во проѕирен комбинезон на црвениот тепихВо оваа „секс бомба“ беа вперени сите погледи на доделувањето на МТВ наградите во Ротердам.Италијанска старлета Елетра Ламборџини, наследничка на славното семејство Ламборџини која го основа истоимениот бренд автомобили беше главна ѕвезда на црвениот тепих на доделувањето на МТВ наградите во Ротердам. 21-годишната Елетра е учесничка во едно реално шоу на МТВ. На доделувањето на МТВ наградите Елетра се појави во целосно проѕирен комбинезон под кој не носела долна облека. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизКолин Фарел низ солзи раскажа за борбата со алкохолот и дрогата: Мислев дека ќе умрам (ВИДЕО)Ирскиот актер Колин Фарел се отвори за својата долга битка со зависноста, одењето на рехабилитација и улогата што ја одигра неговиот најстар син Џејмс во неговото закрепнување во новиот документарен филм „The Slightest Touch“.Документарецот на режисерката Рејчел Флејт од денеска е достапен на платформата HBO Max, а во него се раскажува и приказната за пријателството на Фарел со Ема Фогарти, 42-годишна ирска активистка која боледува од епидермолиза булоза (ЕБ), ретка и тешка болест на кожата. Во 2024 година, актерот и помогна да го заврши маратонот во Даблин. 50-годишниот Фарел, кој вообичаено ретко зборува за својот приватен живот, откри дека пресвртот во неговиот живот дошол по завршувањето на снимањето на „Miami Vice“. "Штом завршивме со снимањето, се качив во авион. Три дена подоцна се разбудив во центар за рехабилитација", рекол актерот. Почнал да пие на 13 години Фарел се сретнал со алкохол во неговите тинејџерски години. Како што рекол, алкохолот му ја дал самодовербата што му недостасувала во тоа време. "Кога почнав да пијам на 13 или 14 години, почувствував дека конечно излегувам од мојата школка и можам да се поврзам со луѓето. Станав погласен. Не знам дали бев посмешен, но мислев дека бев. Одевме во локалниот паб во Кастлекнок. Моите другари и јас пиевме четири или пет пива во вторник", се сеќава тој. По враќањето дома, тој ќе продолжи да пие виски и да пуши хашиш. „Денес можам да се запрашам дали беше забавно или да заклучам дека не беше. Но, тоа беше мојот начин на изразување. Тоа беше неопходност“, рече тој. Со текот на времето, неговата зависност повеќе не беше само за алкохол. "Она што следеше беа години на дрогирање со се што можете да замислите. Мислам дека причината е многу едноставна - бев чувствително дете. Сè доживував многу интензивно, и не знаев како да се справам со тие чувства", објаснил тој. Актерот призна дека е благодарен што е жив денес. На прашањето на директорот дали некогаш мислел дека ќе умре, тој кратко одговорил: „Да“. Тој се расплака зборувајќи за својот син Најголемата мотивација за промената Фарел ја пронашол во својот најстар син Џејмс, кој го имал со поранешната партнерка Ким Борденаве. Џејмс е роден во 2003 година со Ангелман синдром, ретко генетско нарушување кое влијае на нервниот систем. "Се отрезнив кога Џејмс имаше две и пол години. Тој стана мојата виша сила. Знаев дека имам двегодишен син на кој му требам", низ солзи раскажува Фарел. Тој признал дека на почетокот мислел дека пред се треба да му биде пријател на синот, но во текот на процесот на одвикнување сфатил колку погрешил. "Тоа е како на шестмесечно бебе да му треба пријател. Не. За време на одвикнувањето, многу брзо сфатив дека на Џејмс не му треба пријател, туку татко. Му требаше татко, можеби повеќе од другите деца, бидејќи уште тогаш знаев дека никогаш нема да може да се грижи за себе", рекол актерот, кој потоа пукна во солзи и го покри лицето со рацете. „Моите синови ме воспитаа“ Фарел откри дека Џејмс бил неговата најголема поддршка за време на рехабилитацијата. "Себично гледав на него како на свој старател. Мал чувар кој никогаш не ја побарал таа улога. Имав негови фотографии и размислував за него цело време додека бев на рехабилитација. Всушност, моите синови ме воспитаа", рекол тој. Покрај Џејмс, Фарел го има и 17-годишниот син Хенри со полската актерка Алича Бахледа-Куруш. „Џејмс и Хенри ме воспитаа на неверојатни начини без тоа да го побараат.Тагови: Колин Фарел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветАмериканската војска детонира 4,5 тони опасен материјал со олово (ВИДЕО)Американската армија уништи залиха од нестабилен експлозивен материјал во фабрика за муниција во државата Ајова со контролирана експлозија. Операцијата беше спроведена по неколкудневно одложување поради противењето на локалното население и судска постапка. Неколку минути по експлозијата, локалните власти изјавија за CBS News дека облак од чад е видлив над областа. Пентагон добил теренски извештај од експерти за отстранување на експлозивни направи, а според првичните информации, операцијата била успешна. „Експлозијата ги надмина сите очекувања“, изјави за CBS News висок функционер на американската администрација, додавајќи дека мерките за ублажување дале максимални резултати. И покрај предупредувањата да останат во затворен простор, некои жители ги запреа своите автомобили покрај патот за да ја гледаат експлозијата. US Army Detonates Nearly Five Tons of Unstable Explosives at Iowa Ammunition Plant The United States Army has carried out a controlled detonation of nearly five tons of highly unstable lead azide at the Iowa Army Ammunition Plant in Middletown, Iowa, following an emergency operation designed to prevent a potentially catastrophic accidental explosion. The operation involved the destruction of 68 barrels containing approximately 9,700 pounds of degraded explosive material that military authorities had identified as dangerously unstable. The detonation was conducted by specialist explosive ordnance disposal personnel after authorities determined that the deteriorating material had become too sensitive to be safely transported, physically handled or chemically neutralised. The operation followed days of emergency preparations, public safety warnings and the temporary relocation of residents in Middletown and surrounding communities. Residents in areas potentially affected by the resulting dust were instructed to remain indoors, close their windows and follow emergency guidance. Authorities had also established protective measures to minimise the movement of potentially contaminated particles beyond the military installation. The explosion produced a powerful percussion that could reportedly be felt in surrounding areas, while plumes were observed following the detonation. The operation marked the conclusion of a high-risk military disposal exercise involving multiple federal and state agencies. Attention is now turning to environmental monitoring, the possibility of lead contamination and the need to ensure that residents and communities potentially affected by the operation receive appropriate assistance. The Army had maintained that a controlled detonation was the safest available option to eliminate the threat posed by the deteriorating explosives and prevent an unpredictable, uncontrolled explosion. — AfrikTimes (@afriktimesint) November 25, 2026 Се слушнаа неколку гласни експлозии Околу 4,5 тони нестабилен експлозивен материјал, кој содржеше исклучително чувствително соединение, олово ацид, беше уништен во контролирана детонација во фабрика за воена муниција во Мидлтаун, мал град со околу 350 жители, кој се наоѓа четири часа западно од Чикаго. Детонацијата се случи како што беше планирано во 9 часот наутро по локално време. Во преносот на Асошиејтед Прес можеа да се слушнат неколку гласни експлозии, по што облак од чад се издигна над покривот на блиската воена зграда. Фабриката во Мидлтаун складирала околу 68 буриња оловен азид, соединение кое се користи во производството на муниција уште од Првата светска војна. Според Агенцијата за заштита на животната средина на САД (EPA), експлозивниот материјал станал сè понестабилен во последните две децении поради процес на рекристализација, што го зголемило ризикот од случајна детонација поради триење или движење. LIVE: Army to detonate 5 tons of bomb-making materials in Iowa https://t.co/bDoHUjRAHA — WSMV 4 Nashville (@WSMV) November 25, 2026 Американската војска инсистираше на контролирана детонација поради опасноста што спонтаната експлозија би ја претставувала за јавната безбедност. Сепак, еколошките организации и локалните жители се обидоа да ја спречат операцијата, плашејќи се од последици по здравјето на луѓето и земјоделството поради можното ширење на облаци од токсична оловна прашина. Облакот од прашина може да се прошири до 160 км Службениците предупредија дека облакот може да се прошири во делови од југоисточна Ајова и североисточен Мисури, потенцијално загрозувајќи ги домовите, детските игралишта, обработливото земјиште и други области. Според мапите објавени од армијата вчера, облакот од прашина може да се прошири до 160 километри од местото на експлозијата, но најизразените последици се очекуваа на површина од околу 78 квадратни километри околу фабриката. Детонацијата беше одложена минатата недела откако еколошките групи поднесоа тужба со која ја оспорија дозволата за итни случаи што ЕПА ја издаде на војската. Тие тврдеа дека агенцијата не ги известила жителите навремено или не обезбедила докази дека детонацијата е најдоброто решение од перспектива на здравјето и безбедноста. Сепак, федералниот апелационен суд во понеделник ја поништи претходната одлука со која се блокираше детонацијата. Судот призна дека постојат „многу реални ризици поврзани со планираната детонација“, но заклучи дека неконтролираната експлозија би претставувала уште поголема опасност. Не беше потребно одобрение од новоизбраниот гувернер Вршителот на должноста секретар на американската армија, Адам Теле, вчера на прес-конференција изјави дека операцијата ќе биде спроведена бидејќи опаѓањето на температурите ги прави експлозивите сè понестабилни, зголемувајќи го ризикот од спонтана детонација. Тој додаде дека временските услови прогнозирани за среда се „идеални за заштита на здравјето и безбедноста на жителите низ целиот регион“. „Неактивноста повеќе не е опција. Би било неодговорно да не се спроведе план што е утврден преку меѓусебен договор“, додаде генерал-мајор Ерик Ширли, командант на операцијата. Американскиот претседател Доналд Трамп претходно оваа недела изјави дека војската нема да ја изврши детонацијата без позитивна судска наредба и одобрение од новоизбраниот гувернер на Ајова, Роб Сенд. Сепак, одобрението од Сенд не беше законски потребно и тој сè уште официјално не ја презеде функцијата.Тагови: Американската војска олово Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамСе здружија најголемите јапонски ривали- Тојота, Хонда и Нисан против кинеската конкуренцијаТојота, Хонда и Нисан се натпреваруваат за истите клиенти со децении, развивајќи свои технологии и обидувајќи се да се надминат едни со други. Сепак, зголемената конкуренција од Кина ги принуди јапонските производители да го променат својот пристап. Трите автомобилски гиганти се согласија да соработуваат на начин што треба да ги намали трошоците за производство, а првите резултати се очекуваат веќе во 2027 година. Договорот вклучува воведување заеднички стандарди за одредени материјали и компоненти што се користат во автомобилите. Иницијативата ја презентираше Коџи Сато, потпретседател на Тојота и претседател на Здружението на производители на автомобили во Јапонија (JAMA). Првата фаза опфаќа три области: обединување на критериумите за квалитет на челикот, стандардизирање на пластиката и смоли и заеднички систем на бои за означување на електричните инсталации. Навидум малите разлики помеѓу деловите можат да претставуваат голем трошок. Кога секој производител бара различни спецификации од добавувачите, производството станува посложено и поскапо. Заедничките стандарди треба да овозможат поголеми нарачки, поедноставна набавка и пониски трошоци за производство. Ова не значи дека Тојота, Хонда и Нисан ќе почнат да произведуваат исти автомобили. Соработката во моментов е ограничена на компоненти што клиентите генерално не ги гледаат, при што секој производител го задржува својот дизајн, технологија и карактеристики за своите модели. Планот е новите стандарди да започнат со имплементација во 2027 година, со можност за проширување на поширок спектар на компоненти и вклучување на меѓународни добавувачи подоцна. Иницијативата би можела да вклучи и други големи јапонски производители, вклучувајќи ги „Мазда“, „Субару“, „Мицубиши“ и „Сузуки“. Целта е парите што моментално се трошат за развој на слични компоненти да се пренасочат кон софтвер, електрификација и други технологии каде што кинеските конкуренти напредуваат побрзо. „Заедничкото чувство на криза создаде импулс за промени“, рече Сато, објаснувајќи зошто јапонските производители се подготвени да соработуваат на начин што претходно беше незамислив. Тагови: Нисан тојота Хонда Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter